Енио Мориконе: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Andreina (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Andreina (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
Енио Мориконе е Академик на ''Националната Академија на Санта Чечилија'' како и долгогодишен член на престижното здружение ''Нова Хармонија'' која во [[Италија]] игра важна улога во ширењето и продукцијата на современата музика. Мориконе продал повеќе од 40 милони дискови.
 
==Биографија==
 
===Почетоци===
По потекло од [[Арпино]] (провинција на [[Фросиноне]])но роден во [[Рим]], своето музичко образование го стекнал во ''Конзерваториумот Санта Чечилија'', каде се стекнал со диплома по [[труба]] (со оцена 7/10) и компонирање (оцена 9,50/10 со [[Гофредо Петраси]]). Исто така изучувал и [[хорска музика]] и [[хор]]ско диригирање. Истовремено работел како трубач во многу [[рим]]ски [[орекестар|оркестри]], стекнувајќи на тој начин еден значаен практичен дух и создавајќи мрежа на пријателства во сценскиот свет. Започнал да пишува [[филмска музика]] во [[1955]] год., паралелно работејќи како аранжер на забавна музика за разни оркестри и за плочите на [[италија]]нската [[радио]][[телевизија]] - [[РАИ]]. Сепак, Мориконе и понатаму продолжува да се смета за „учен“ [[композитор]] и да пишува современа [[класична музика]]: дефиницијата на „волшебник на филмска музика“ е редуцирана. Во [[1956]] год. се оженил со [[Марија Травија]] и од тој брак се родиле четири деца. Во [[1958]] год. се вработил како музички асистент во [[РАИ]] но истиот ден дал отказ веднаш штом сфатил дека таму нема да може да гради кариера и дека, по експлицитно барање на тогашниот генерален директор на [[РАИ]], [[Филиберто Гуала]], сосем било забрането емитувањето на програми со музиката напишана од страна на вработените во јавната радиотелевизија.