Карлхајнц Штокхаузен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
== Творештво ==
По влијанието на музиката Месијан и изучувањето на музиката на [[Антон Веберн]], во [[1951]] Штокхаузен ја пишува ''[[Kreuzspiel]]'' за [[обоа]], [[бас-кларинет]], [[пијано]] и 4 [[перкусионисти]] (по ревизијата во [[1959]], за 3 перкусионисти), каде јасната фрагментација на материјалот кореспондира со изборот на инструментите, техника типична за Веберн. Ова и многу други дела од овој период Штокхаузен ги третира како "«прелиминарни"», за да во [[1953]] ја компонира ''[[Kontra-Punkte]]'' кога почнува да ги нумерира своите композиции. Од оваа година, Штокхаузен се фокусира кон електронската музика со која ќе биде преокупиран во наредните 18 месеци и претставувајќи ја како иднината на музиката. После двете ''Elektronische Studien'', ја создава ''[[Gesang der Jünglinge]]'', кое ќе остане во историјата како прво [[електро-акустично]] дело. Паралелно со ова дело, Штокхаузен ги пишува ''Klavierstücke'', кои произлегуваат од искуството со првите електронски дела. Во овов циклус за пијано, искуствата од електронската музика се имплементирани врз начинот на компонирање за инструменти, употребувајќи за прв пат и техники презентирани од Џон Кејџ и пијанистот [[Дејвид Тјудор]], кому ќе посвети дел од циклусот. Веќе со ''[[Zeitmasze]]'' од [[1956]] и ''[[Gruppen]]'' за три оркестри, Штокхаузен излегува од строгиот сериализам, без никогаш целосно да го напушти, туку да го имплементира врз разни димензии во формата. Еден екстремен одговор на "«отворените форми"» на Кејџ е ''[[Klavierstücke XI]]'', каде пијанистот спонтано го одредува редоследот на 19 прецизно запишани фрагменти. Овој вид на «варијабилни форми» го продолжува и со ''[[Zyklus]]'' од [[1959]] и ''[[Refrain]]''. Овој вид на нотација е исклучиво поврзано за формата во делата. <br /> Повеќето од делата од [[1964]] до [[1970]] користат [[електроника во живо]]. Во ''[[Mikrophonie I]]'', звукот на инструментот [[там-там]] е активиран од дуо, кое во текот на делото го елаборира звукот во живо со помош на [[ринг-модулатори]]. Истите ги користи и во ''[[Mikrophonie II]]'', каде хорот е модулиран од звукот на [[Хамонд органа]]та. Во ''[[Mixtur]]'', ринг-модулациите ги користи на пет различни орскетарски групи. Употребата на електронски уреди кои го модификуваат звукот во живо, доаѓа од ''[[Kontakte]]'' каде [[перкусионисти]]те треба да "импровизираат" на звуците на лентата. <br /> Најконтроверзниот удар на традиционалната партитура се појавува во ''[[Аus Den Sieben Tagen]]'', каде наместо музичка нотација, се појавуваат 15 текстови кои служат како упатства при изведувањето на делото. <br /> Во [[1968]], Штокхаузен го компонира делото ''[[Stimmung]]'' за шест вокали, кое ќе ги отвори вратите на [[спектралната композиција]]. Целата композиција е базирана на [[нонакорд]] на [[си-бемол]], градејќи 24 [[хармоници]] на најниската си-бемол нота на пијаното. <br /> По многуте одбивања да компонира [[опера]], Штокхаузен се посветува на најголемиот проект во неговата кариера, циклусот Licht, кој го пишува од [[1977]] до [[2002]]. Циклусот е поделен на седум дела, каде секој дел е посветен на еден ден од неделата. Употребата на електроника, визуелни уметности, театар, масовен број на инструменти, го прават овој циклус едно од најамбиционзните дела некогаш напишани од композитор. Еден од најкотроверзните моменти во него е ''[[Helikopter-Streichquartett]]'' за 4 хеликоптери и гудачки квартет.
 
[[Категорија:Композитори]]