Индустриски дизајн: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Maja.m (разговор | придонеси)
индустриски дизајн
Ред 1:
=== Индустриски дизајн ===
{{Внимание}}
 
{{Викифицирање}}
: Индустриски дизајн има двојна примена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и по својот облик, со кој и се презентира на јавноста, тој се наоѓа на половина пат, меѓу пронајдокот и „чистата“«чистата» уметност. Правната заштита на индустрискиот дизајн е некаде на средината меѓу пронаоѓачкото и авторското право. Индустриската сопственост е заинтересирана за страната на овие творби, што има карактер на утилатералност — за нивната индустриска применливост. Авторското право, пак, е заинтересирано за нивната друга страна — за уметничката. Правната заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштита на дистинктивните елементи на кои се должи успехот на пазарот. Правната заштита на индустрискиот дизајн покрај другото, го интензивира инвестирањето во ресурсите кој го негува, го форсира дизајнот, како елемент на производството. Заштитата на индустрискиот дизајн, во одделни земји, е решена на различни начини.
 
==== '''Услови на заштита''' ====
 
 
: Како услови на заштита кај индустрискиот дизајн, споредбеното право ги утврдува новоста и индустриската и занаетчиска применливост.
 
: Македонскиот законодавец се определува за принципот на универзална новост — дизајнот суштествено да се разликува од оној кој порано бил пријавен и достапен на јавноста (без територијално ограничување), со тоа што дозволува да е ист со порано достапен дизајн на јавноста, ако пријавата за дизајнот била повлечена пред објавување на решението со кое се признава правото на индустриски дизајн.
 
: Според ЗИС од 2002 година, се смета дека дизајнот станал достапен на јавноста:
# ако е објавен како пријава или како признато право од индустриска сопственост;
# ако е изложен или користен на пазарот; и кога
# во вообичаени услови на деловно работење станал познат во соодветни стручни кругови специјализирани за дадената област.
 
 
==== '''Постапка за стекнување''' ====
 
: Во светот се познати два система за признавање на правото на индустриски дизајн. Тоа е системот според кој се врши целосно испитување и системот според кој се врши само испитување на пријавениот индустриски дизајн во однос на апсолутните пречки за регистрација, а не и на релативните.