Клетва: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: hu:Átok
плус текст
Ред 2:
 
Разни видови на клетви се појавуваат уште во предисториските култури, а денес голем дел од клетвите се присобрани од [[фолклор|фолклорните]] дејци како „народни умотворби“.
 
Клетва според народното верување, иако вербална, претставувала тежок облики на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Најтешки клетви биле крвните: од родителот, братот, сестрата; клетвите од кумот, пријателот кој помагал во неволја, побратимот или луѓето на кои им било нанесено зло исто така се сметале за тешки. Животните и билките исто така можеле да го проколнат човекот, особено ако чинел зло врз нив постојано и со намера.
Жените своите клетви понекогаш ги театрализирале со распетлани кошули, разголени гради, со расплетување или сечење на косата, со клетва која добивала облик на песна, дури и римувана како тажаленка. Но колнењето имало сопствена реперкусија, криво изречената клетва најчесто се враќала, на оној кој колне, но и на неговото потомство. Во народот влаедеело верувањето дека клетвата за дете претставува потешка казна од тепањето.
Клетвата претставува отворена и партнерска комуникација со оној свет, повикување на оностраното е под призма на истерување на правда и во определени периоди ја има улогата на институција. Според некои верувања машката клетва е многу посилна од женската, тоа се објаснува со апотропејна улога на накитот кој е од метал и претставува пречка за комуникација со оностраното.
Клетвата е многу пати поврзана со обредно исползување на магиските елементи кои имаат важна улога во зацврстување на вербалното казнување. Кај македонскиот народ е забележано фрлање на камен кон проколнатиот и клетвите поврзани со неговите карактеристики “Кога каменот ќе се врне и тој да се врне” или “Камен да се стори”.
Засилување на клетвата се вршело и со допирање на земјата (изразување блискост и барање подршка од мртвите и од демонските битија), како и со разголување (симнување на облеката овозможувала полесен и понепосреден контакт со оностраното), како и со самоповредување (симболично жртвување). Во Малешевијата е познато коленичење, при што разранувањето на колениците (некаде и лактовите) претставува непосредно, крвно врзување со надприродните битија од кои се побарува помош.
Нашите предци практикувале и колективна клетва, најчесто таа имала за цел протерување и одстранување на некоја личност или семејство од заедничкото живеалиште.Ваквиот облик на колнење е карактеристичен за Црна гора, но бил забележан и во другите краишта.
Како најстрашни сдепак сепак се забележани клетвите од родителите или од кумот. Секоја криво изречена клетва се враќа повеќекратно. Залудно и лажно колнење се пренесувало казна на потомството, низ генерации. Постоеле верувања дека клетвата може да се отклони со магиските елементи и со помош на надприродните битија.
Во страв од проколнување кај нашите народи се забележани помирувања во племенските заедници, прекинувања на крвните одмазди, градење на храмови и др.
 
 
==Референци==
*Гордана Стојковска, Јужнословенска митологија, 2004, Издавачки центар Три, Скопје.
{{reflist}}
{{wikiquote}}
 
 
[[CategoryКатегорија:Магија]]
[[CategoryКатегорија:Религија]]
[[CategoryКатегорија:Митологија]]
[[Категорија:Словенска митологија]]
 
[[br:Mallozh]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Клетва