Помпеја: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: сеуште -> сѐ уште
с Бот менува: Image -> Податотека, Август -> август
Ред 2:
{{Infobox World Heritage Site
| WHS = Археолошки наоѓалишта Помпеја, [[Херкуланеум]] и [[Торе Анунцијата]]
| Image = [[ImageПодатотека:PompeiiStreet.jpg|300px|Мирна улица во Помпеја]]
| State Party = {{ITA}}
| Type = Културно
Ред 24:
Археолошките ископувања доаѓаат само до нивото на улицата како што било во 79 н.е.; со подлабоките ископувања во постарите делови на Помпеја и примероците од дупчења наоколу се гледаат пластови од измешан [[нанос]]и кои укажуваат на тоа дека градот страдал од вулканот и други сеизмички случувања и пред тоа. Овие пластови од нанос се пронајдени врз лавното тло кое се наоѓа под градот, смешана со наносите. Тука археолозите имаат пронајдено парчиња од животински коски, парчиња од [[грне|грниња]] и растенија. Со помош на [[радиоактивно датирање]] утврдено е дека најстариот слој датира од VIII-VI век п.н.е, околу времето на основањето на градот. Другите два слоја се одделени од останатите со добро-развиени слоеви од почва или пак римска калдрма и биле поставени во IV и во II век п.н.е. Теоријата за слоевите на измешани наноси е дека ова се случило со [[одрон]]и, веројатно предизвикани од долги периоди на врнежи.<ref>Senatore, ''et al.'', 2004</ref>
 
[[ImageПодатотека:Vesuvius 79 AD eruption Latina.svg|thumb|right|350px|Помпеја и римска Кампанија]]
Градот бил основан околу [[VI век п.н.е.]] од страна на [[оски]]те, народ од централна [[Италија]]. Во тоа време местото веќе се корситело како сигурносно пристаниште за [[Стара Грција|грчките]] и [[Феникија|феникиските]] морепловци. Кога [[Етрурска цивилизација|етрурците]] сакале да нападнат, Помпеја се сојузила со грците, кои тогаш го владееле [[Неаполски залив|Неаполскиот залив]]. Во [[V век п.н.е.]] [[самниум|самни]]те го освоиле градот (и сите други градови во [[Кампанија]]); новите владетели ја наметнале својата архитектура и го прошириле градот. Се претпоставува дека за време на самнитската власт рим го освоил градот за некое време, но овие теории не се потврдени.
 
Ред 30:
 
===I век н.е.===
[[ImageПодатотека:Pompeii.jpg|right|thumb|Поглед на форумот од базиликата]]
[[ImageПодатотека:Pompeii-couple.jpg|thumb|Портрет на ѕид во куќа]]
[[ImageПодатотека:Pompeiiamphitheatre.jpg|thumb|right|Театро Гранде]]
[[ImageПодатотека:Palestra, Pompeii.jpg|thumb|right|Поглед на палестрата од ворвот на амфитеатарот]]
 
Откопаниот град дава слика на римскиот живот во [[I век]], замрзнат во моментот на катастрофата на [[24 август]] [[79]] н.е. Изненадувачки добро зачувани се [[Форум (римски)|форумот]], бањите, многу куќи и некои приградски вили како [[Вила на мистериите|Вилата на мистериите]].
Ред 49:
===62-79===
{{Main|Везув#Активности}}
Вќе долго време жителите на Помпеја биле привикнати на помали потреси ([[Плиниј Помладиот]] вели дека малите земјотреси „не предизвикувале некоја тревога бидејќи тие се честа појава во Кампанија“), но на [[5 февруари]], [[62]], [http://www.iath.virginia.edu/struct/pompeii/patterns/sec-02.html] се случил многу силен [[земјотрес]] кој направил значителна штета околу заливот и особено во Помпеја. Се мисли дека бил со јачина од 7.5 степени според Рихтеровата скала. На тој ден требало да има две жртвувања, во чест на годишнината од именувањето на Октавијан Августавгуст за „Татко на нацијата“ и слава во чест на духовите-заштитници на градот. По земјотресот следел хаос. Дополнителна паника создале пожарите предизвикани од паднати лампи во тресењето. Ближните градови Херкуланеум и Нукерија исто така биле погодени. Срушени биле цели храмови, куќи, мостови и патишта. Се смета дека речиси сите објекти во Помпеја биле погодени. По земјотресот завладеало безредие, каде преживеаните ги гонел пљачкосувања и глад. Во периодот од 62 до ерупцијата во 79 се извршиле извесни реизградби, но дел од штетата сѐ уште била непроправена кога се случила ерупцијата [http://www.archaeology.co.uk/cwa/issues/cwa4/pompeii/eruption.htm]. Не се знае колку луѓе заминале од градот по земјотресот, но сигурно е дека биле многубројни.
 
Интересно поле за истрага е можноста дека по земјотресот старите фрески биле пресликани со нови врз нив, па стручњаците користат современи инструменти за да ги видат овие скриени фрески. Најверојатната причина што градот сѐ уште не бил поправен во текот на десет години биле помалите потреси кои ѝ претходеле на ерупцијата.
Ред 60:
 
===Откривање===
[[ImageПодатотека:Pompeii Garden of the Fugitives 02.jpg|thumb|left|180px|Гипсени излеани модели на жртвите]]
Двата града биле затрупани со дебел слој пепел, па така тие биле напуштени и нивните називи и локации заборавени. Потоа, во 1738 Херкуленеум е откриен од работници правејќи темелот за летнен дворец на кралот на Неапол, Шарл Бурбонски, а потоа и Помпеја во 1748. Одтогаш ископувањата во овие градови имаат окткриено многу недопрени градби и ѕидни слики. Градовите всушност биле пронајдени од архитектот Фонтана во 1599, кој копал нов тек за реката Арно, но требале повеќе од 150 години пред да се започне со посветена археолошка работа. Кралот [[Карлос III|Карлос VII на Двете Сицилии]] бил мошне заинтересиран за проектите, дури и по неговото крунисување за крал на Шпанија.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Помпеја