Даме Груев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
Од летото [[1894]] година започнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил учител во [[Штип]] и инспектор во солунско, а потоа и гимназиски наставник во [[Битола]] и раководител на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]].
 
По убиството на министерот за финансии [[Христо Белчев]], Даме и некои од неговите другари биле уапсени како осомничени. Во април [[1891]] година заминува за [[Македонија]]. Поднесол молба да биде назначен за егзархиски учител во [[Битола]], но молбата му е одбиена. Назначен е за егзархиски учител во [[Смилево]]. Следната година учителствува во [[Прилеп]], а летото на [[1893]] заминува во [[Солун]], каде работи како коректор во печатницата на [[Коста Самарџиев]].
 
Даме е иницијаторот за основачката средба на [[ВМОРО]] на 23 октомври [[1893]] година во [[Солун]]. Избран е секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создаена "по образец на Револуционерната организација во [[Бугарија]] пред ослободувањето... по примерот на [[Христо Ботев|Ботев]], [[Васил Левски|Левски]], [[Бенковски]]". Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува [[Македонија]] во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на [[Уставот]].