Света Лидија Македонка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: de:Lydia (Bibel), nl:Lydia (Bijbel)
внимание
Ред 1:
{{внимание}}
'''Света Лидија''' е камен темелник на Црквата во Филипи. Во триесет и првата година пред Христа, градот Филипи постанал римска колонија, од страна на императорот Август Октавија кој кон името на градот додал дека е негова колонија. За да го засили римското влијание во Македонија, тој таму преселил многу значајни граѓани од Италија, и во Филипи поставил римски гарнизон и на жителите им ги дал сите права на Римајни. Првата христијанска црква, кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, била формирана во Филипи. Тоа се случувало во педесет и првата или педесет и втората година на почетокот на второто мисионерско патување на светиот апостол Павле (51-54 година), кое што е опишано во Делата на светите апостоли.