Насловна страница (филм од 1974): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
ситна поправка
 
Ред 1:
'''Насловна„Насловна страницастраница“''' ([[англиски]]: ''The Front Page'') - американски [[филм]] од 1974 година, во [[режија]] на [[Били Вајлдер]]. Во главните улоги настапуваат: [[Џек Лемон]], [[Волтер Матау]], [[Сузан Сарандон]], Винсент Гарденија, Дејвид Вејн итн.
 
==Синопсис==
Хилди Џонсон (го игра Лемон) е познат [[новинар]] кој дава отказ од весникот зашто сака да се ожени со убавата и богата Пеги Грант (ја игра Сарандон). Меѓутоа, неговиот шеф, Волтер Барнс (го игра Матау) упорно настојува да го задржи, барем додека не се изврши [[Смртна казна|смртната казна]] на младиот Бенсингер (го игра Вејн) кој убил [[Полиција|полицаец]]. Пред да замине во [[Филаделфија]], Хилди ги посетува своите колеги, каде открива дека на неговото место е вработен млад [[Новинар|новинар]]-почетник. Но, токму пред извршувањето на [[Смртна казна|смртната казна]], Бенсингер успева да побегне. [[Полиција]]та организира голема потера по него, но Бенсингер се сокрива токму во просторијата каде се собрани новинарите, а за тоа знае само Хилди. Тогаш, кај Хилди повторно се буди новинарската страст и тој почнува да работи на својот последен извештај поради што го напушта Пеги. Во собата во која се крие Бенсингер доаѓа полицијата и го открива, а Хилди и Волтер се затворени. Меѓутоа, во [[Затвор|затворот]], тие откриваат дека гувернерот потпишал одложување на казната на Бенсингер, па така нив ги ослободуваат, а Хилди во последен миг се качува во возот, заедно со Пеги. Но, Волтер не може да се помири со загубата на својот најдобар новинар и, штом поаѓа [[воз]]от, испраќа порака до полицијата да го уапсат Хилди.<ref>[https://www.imdb.com/title/tt0071524/?ref_=nm_flmg_act_39 IMDb, The Front Page (1974) (пристапено на 26.6.2019)]</ref>
 
== Наводи ==