Велко Неделковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Библиографија: ситна поправка
дополнување
Ред 1:
'''Велко Неделковски''' (28 октомври 1946, Скопје) — македонски писател (раскажувач, романописец, поет и драматург).<ref>Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 177-178.</ref>
 
== Животопис ==
Велко Неделковски е роден на [[28 октомври]] [[1946]] година во [[Скопје]]. Студирал на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] во родниот град, а работел во [[Македонска радио-телевизија|Македонската телевизија]], како [[Драмска уметност|драматург]] и [[Сценарист|сценарист]]. Во 1980 година станал член на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]].<ref>„Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, ''Збунети години'', Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 155.</ref>
 
==Творештво==
Голем дел од книжевното творештво на Неделковски отпаѓа на книжевноста за деца. Тој е плоден автор, чии дела од својата содржина и со стилските особености им се мошне блиски на најмладите. Тој ги негува речиси сите книжевни жанрови: [[Расказ|расказ]], сказна, [[Роман|роман]], [[Драма|драма]] и [[Поезија|поезија]]. Покрај тоа, тој е автор и на сликовници, како и на романот-сликовница „[[Зеленкапа во шумата Еколо]]“ (во десет книги). Тој е автор на околу 60 [[Радио|радио]]-драми кои биле изведени на Радио Скопје (Македонското радио), а некои од нив се преведени и изведени во странство. Исто така, тој е творец на 30 играни [[Телевизија|телевизиски]] серии за деца, како: „[[Саки од Саканија]]“, „[[Светот има осум страни]]“, „[[Царството на другарството]]“ и други, а напишал и сценарија за три краткометражни филмови. Од неговите драмски дела, изведени се: „Ден за бегство“, „[[Бибисек од Крампонија]]“ и драматизацијата на романот „Децата од Павловата улица“ на [[Ференц Молнар]]. За своите дела Неделковски е наградуван во повеќе наврати, како: наградата на РТВ Скопје на [[Струшки вечери на поезијата|Струшките вечери на поезијата]] за најдобра книга за деца (1986), наградата „Феникс“ на [[Град Скопје|град Скопје]], за постигнувања во книжевноста, наградата за животно дело на [[Македонска радио-телевизија|Македонската радио-телевизија]] и Специјалната повелба на „[[Детска радост]]“.<ref>„Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, ''Збунети години'', Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 155-156.</ref>
 
== Библиографија ==
Велко Неделковски е автор на следниве дела:<ref>„Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, ''Збунети години'', Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 156.</ref>
* ''Леб за тате'' (раскази за деца, 1975)
* ''Големата соба'' (тв-драма, 1977)
Ред 24:
* ''Осилава пролет'' (роман, 1991)
* ''Дежурна приказна'' (роман, 1992)
* ''Бибисек од КрамаонијаКрампонија'' (драма, 1993)
* ''Зборофон Тар-11'' (роман, 1993)
* ''Шоу под ведро небо'' (сказни, 1994)
Ред 32:
* ''Кога доцни принцот'' (роман, 1999)
* ''Фам или небесна кочија'' (роман, 2000)
* ''Шармантни песни'' (поезија)
* ''Царче-Жарче'' (поема)
* ''Зеленкапа во шумата Еколо'' (роман-сликовница)
* ''Срценца од ведро-а'' (раскази)
* ''Деници'' (раскази)
* ''Чуденки со Тимитар Итар'' (сказни)
* ''Смеантури во Намќорец'' (сказни)
* ''Корнет Лизи во Шаренџам'' (сказни)
* ''Летачкиот човек Пеперут'' (роман)
* ''Шармери од осмо'' (роман)
 
== Наводи ==