Касандра (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
дополнување
Ред 1:
'':За други значења погледни [[Касандра (појаснување)]]''
[[Податотека:Cassandra1.jpeg|мини|десно|180п|'''Касандра''']]
'''Касандра''' ([[латинскистарогрчки]]: ''CassandraΚασσάνδρα'') — лик од [[старогрчата митологија]], најубавата ќерка на [[троја]]нскиот крал [[Пријам]] и неговата сопруга [[Хекуба]].<ref>Хиган, ''Митови''. Скопје: Три, 2016, стр. 70.</ref>
 
== Митологија ==
Митот за Касандра се јавува во повеќе варијанти: според една, близнаците Касандра и [[Хелен]] си играле во [[храм]]от на [[Аполон]] за време на прославата на својот [[роденден]] при што заспале. Кога дошла мајка им, ги затекнала светите [[змии]] од храмот како им ги лижат ушите на децата. Така, тие стекнале пророчка дарба и го разбирале говорот на [[птици]]те и, воопшто, божествените гласови на природата. Според втората варијанта, како голема девојка, Касандра заспала во храмот, а во сонот ѝ се јавил Аполон, кој ѝ ветил пророчка дарба ако му се подаде. Најпрвин, Касандра се согласила, но потоа се премислила, а тогаш Аполон ја замолил барем да ја бакне. Таа се согласила и тој ѝ плукнал во устата, осудувајќи ја да ја зборува вистината, но никој да не верува во нејзините пророштва. Подоцна, кога кралот [[Пријам]] испратил пратеници во Грција со барање [[Теламон]] да ја врати грабнатата [[Хесиона (митологија)|Хесиона]], а тој со презир го одбил барањето, Касандра веќе тогаш ја претскажала пропаста на [[Троја]], но Пријам наредил да ја затворат во тврдината. Потоа, кога [[Парис (митологија)|Парис]] ја грабнал Елена, таа повторно ја претскажала катастрофата, но ниту тогаш никој не ѝ поверувал, а Пријам ја прогласил за луда и наредил да ја затворат. По пропаста на Троја, Касандра побегнала во храмот на [[Атина Палада]] и го гушнала кипот на божицата. Оттаму, [[Ајант Помалиот]] ја грабнал и заедно со кипот ја однесол во грчкиот логор каде [[Одисеј]] разгласил дека Ајант ја силувал Касандра во храмот. При поделбата на воениот плен, таа му припаднала на [[Агамемнон]], кој ја однесол во [[Микена]]. таму, Касандра била убиена од сопругата на Агемемнон, [[Клитемнестра]].
 
 
Според [[легенда]]та, во Касандра се вљубил Феб [[Аполон]], грчкиот бог на [[Пророк|пророштвата]] и лечењето. Тој ѝ ја дал дарбата да ја претскажува иднината, но Касандра била воздржана кон неговата [[љубов]] и тој ја проколнал така што никој да не верува во нејзините претскажувања. Нејзиниот татко, крлаот Пријам, сакал да му ја понуди на [[Менелај]] за жена, наместо Елена. Касандра го предвидела падот на [[Троја]], но никој не ја слушал (како што рекол [[Аполон]]). На крајот, по пропаста на [[Троја]], таа станала плен на кралот [[Агамемнон]], кој ја силувал и ја однесол во [[Микена]]. Патем, Касандра раодила син (по друга верзија, близнаците Теледам и Пелопс) кој Агамемнон го признал како свој. По пристигнувањето во [[Микена]], Агамемнон бил убиен од сопругата [[Клитемнестра]] и нејзиниот љубовник Егист, со образложение дека Касандра му била љубовница. По друга верзија, Касандра, која го предвидела [[убиство]]то на Агамемнон, со синот пребегала во [[Колхида]], градот на нејзината тетка.