Душко Бојковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
основна страна
 
 
Ред 3:
== Животопис ==
Потекнувал од градско сиромашно семејство. Мајка му починала рано ѝ оставила три недорастени деца. Основно училиште завршил во градот. Потоа станал квалификуван металски работник. Работел во [[Радуша]], во погонот за испирање на рудата во [[Ѓорче Петров (населба)|''Ѓорче Петров'']]. По окупацијата на земјата се дружел со напредни луѓе. Уште во [[1941]] година бил вклучен во напреден младински актив. Успешно дејствувл во работничката средина каде што работел. Меѓу работниците ширел политички материјали и ги објаснувал праведните цели на народноослободителното движење. Го проширувал бројот на симпатизерите и активните борци против окупаторот. Во август [[1942]] година станал член на [[Сојуз на комунистите на Југославија|КПЈ]] ѝ уште поактивен во подготвувањето на вооружената борба против непријателот. Воспоставувал другарски односи со вработените [[Албанци]] во рудникот [[Радуша]] и го ширел напредното движење ѝ во нивните редови. Бил упорен и се борел за братството и единството на сите народи во вооружената борба против окупаторот. Кон крајот на [[1943]] година стапил во [[Козјачки партизански одред|Скопско-кумановскиот одред]], а потоа во редовите на [[Трета македонска ударна бригада|Треттата македонска ударна бригада]]. По природа важел за мирен и тивок, но во борбите решителен и храбар и во секој поглед примерен борец. Во сите борби во кои учествувал со својата бригада неговиот минофрлач сеел смрт во непријателските редови. Особено се истакнал во разбивањето на четниците на [[Дража Михаиловиќ|Дража Михајловиќ]], во февруари [[1944]] година кај местото [[Селце (Тетовско)|Селце]]. Бил учесник и храбро се држел во борбите на бригадата кај Ристовец, [[Пробиштип]] и во други борби. На [[25 април]] [[1944]] година при нападот на [[Кратово]], храбро загинал во борбите против [[Бугарија во Втората светска војна|бугарскиот фашистички окупатор]], кај месноста Црн Врв.<ref name=":0" />
 
== Поврзано ==
 
* [[Ослободување на Македонија во Втората светска војна#Ослободување на Кратово|Ослободување на Кратово]]
 
== Наводи ==