Александар Сергеевич Пушкин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
Уште во раната младост дошол до израз исклучителниот талент на Пушкин, а во неговата поезија најмногу привлекува магичната [[хармонија]], [[Емоција|емотивната]] полнотија и лирската ведрина. Неговиот тематски регистер го сочинуваат [[љубов]]ни, [[слобода]]рски, социјални, [[Хуманизам|хуманистички]], [[пејзаж]]ни и заумни мотиви. Во раната фаза од неговото творештво влијанието на Бајрон, кое особено е видливо во песните „Кавкаскиот заробеник“ и „Цигани“, но многу брзо направил премин од [[романтизам]] кон [[реализам]] при што тој се смета за основоположник на рускиот [[реализам]]. Раскинувањето со романтизмот е особено видливо уште во првите скици за романот „[[Евгениј Онегин]]“.<ref>Ефтим Клетников, „Руско поетско злато: Пушкин, Тјутчев, Лермонтов“, во: ''Пушкин, Тјутчев, Лермонтов, Руско поетско злато''. Скопје, Три, 2016, стр. 226-227.</ref><ref>Радован Лалић, „Предговор“ во: Николај Васиљевич Гогољ, ''Мртве душе (поема)''. Београд: Просвета, 1966, стр. VIII-IX.</ref> Токму тоа е основната карактеристика на творештвото на Пушкин - поклопувањето на романтизмот со рационалните, реалистички концепции. Тој, сособено во прозата, ја прескокнал романтичарската етапа и го антиципирал реализмот, но без да го спротивстави на романтизмот, туку го надоврзал на рационалистичките примери од својата лектира. Кога овој реалистички начин го применил и во поезијата, на пример, во поемата „[[Куќарката во Коломна]]“, остварил исклучително интересен резултат: тој го прикажува животот на малиот човек од предградијата, со што го антиципирал пристапот на [[Достоевски]] во неговиот роман „[[Бедни луѓе]]“. Покрај специфичниот, т.н. рационален романтизам, Пушкиновото творештво има уште една специфична карактеристика - некои важни елементи на романтичарската концепција (култот кон [[Народна поезија|народната поезија]], вкусот за егзотиката и Ориентот) за него не биле откривање на новите, непознати светови, туку препознавање на блиските, домашни појави на кои укажувале западните романтичари. Овие специфичности треба да се имаат предвид при вклучувањето на творештвото на Пушкин во општоевропските книжевни текови, односно во романтизмот како интернационално движење.<ref>Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, ''Lirika''. Beograd: Rad, 1979, стр. 12-14.</ref>
 
Без сомнение, Пушкин е зачетникот на рускиот реализам. Вклучувањето на реалистичките елементи во делата на Пушкин воопшто не било несвесно. Уште во поемата „Цигани“, која спаѓа во циклусот на неговите „бајроновски“ поеми напишани во времето кога тој „лудувал над Бајроновите книги“, може да се најдат јасни антиромантичарски ставови. Всушност, целата оваа поема претставува одговор на едно од клучните прашања на европскиот преромантизам - на русоовскиот повик за враќање кон природата. Пушкин го испратил својот книжевен јунак Алеко, човек уморен од цивилизацијата и доведен до злосторство, меѓу чергарите кои скитаат низ [[Бесарабија]]. Во [[степа]]та, Алеко води слободен живот и така го остварува русоовскиот експеримент за враќањето кон природата. Меѓутоа, Пушкин сфаќа дека тоа не е доволно за да се оствари среќен и хармоничен живот и во заклучокот на поемата го негира преромантичарскиот идеал, велејќи дека и меѓу децата на природата има малку среќа и дека од кобната страст секаде се страда. Во поемата „Полтава“„[[Полтава (Пушкин)|Полтава]]“ Пушкин го обработува ликот на [[Козаци|козачкиот]] атман Мазепа, кој е главен лик и во [[Мазепа (Бајрон)|истоимената поема]] на Бајрон. Меѓутоа, Пушкиновото дело драстично се разликува во споредба со Бајроновото, зашто „Полтава“ е типична реалистична слика на времето на руско-шведската војна. Слично на тоа, иако „Борис Годунов“ претставува романтичарски акт - враќање кон средновековната историја, сепак обработката на темата е реалистична, а сите ликови имаат посебни ставови и однесување во согласност со средината на која ѝ припаѓаат. На тој начин, ова дело претставува силна реалистична визија на минатото. Најпосле, свесното спротивставување на романтичарските ставови кај Пушкин се гледа и во третманот на формата и содржината. На пример, „Куќарката во Коломна“ е испеана во романтичарската варијанта на октавата, но содржината е претежно реалистична. Ова спротивставување меѓу романтичарската форма и реалистичната содржина најкомплексно е изведено во „Евгениј Онегин“ во кој се здружени националните и интернационалните книжевни концепции, реалистичната опсервација, реалистичниот речник и романтичарската постапка.<ref>Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, ''Lirika''. Beograd: Rad, 1979, стр. 14-17.</ref>
 
===Значењето на Пушкин за руската и светската книжевност===