Ника (бунт): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с превод на слика
с дополнување
Ред 4:
Бунтот започнал на 13. јануари 532. на хиподромот, како резултат на долготрајно ривалство помеѓу две навивачки групи на натпревар во трки со двоколки. Но, набрзо прераснал во бунт против власта на Јустинијан, високите даноци и незадоволството на аристократијата. Бунтовниците извикувале „Ника!“ (победа) и оттаму е името на бунтот.
 
Јустинијан, кој го следел натпреварот од ложата во својата палата, практично цела недела останал опсаден таму. Во меѓувреме, низ градот се случувале пљачки, палежи и убиства. Тие потоа прогласиле и нов император, Хипатиус, кој бил внук на претходниот император [[Анастасиус II]]. Според преданијата, Јустинијан сакал да побегне од градот, но во тоа го спречила сопругата Теодора.<ref>Чарлс Диел: ''Теодора, Царица на Византија'' ((c) 1972), стр.87.</ref> На крајот, бунтот бил задушен со поткупување на дел од бунтовниците, после што дел се повлекле, а останатите биле убиени. Исто така, Хипатиус и аристократите кои го поддржувале бунтот биле погубени. Се смета дека вкупно загинале 30.000 луѓе.<ref>Оваа бројка ја дава Прокопиј, „Војни“ ([http://www.fordham.edu/halsall/source/procop-wars1.html Средновековен интернет изворник])</ref>
 
==Референци==