Георгиј Маленков: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
 
== Биографија ==
Георги Маленков е роден во градот [[Оренбург]], во РускатаРуското империјаЦарство. Неговиот татко бил царски офицер, по потекло од денешна Македонија, од когo наследува презиме, невообичаено за Русија. Избувнувањето на [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] има големо влијание врз овој млад човек, кој се приклучи на Црвената армија на 17-годишна возраст за време на борбите со Белите гардисти. Првичниот ентузијазам беше награден за прв пат во април 1920 година кога стана член на Комунистичката партија. Во согласност со покажаната лојалност кон новата држава, за време на неговиот воен рок, без оглед на тоа што имал помалку од 20 години, тој бил назначен на позицијата политички комесар. За време на почетокот на својата кариера, тој се сретнал со Николај Јежов, идниот шеф на НКВД, кој станал негов политички спонзор во следните 15 години. Првиот дел од животот на Георги Маленков завршил со напуштање на армијата. Се запишал на Московскиот технички факултет во 1921 година и успешно дипломирал во 1925 годинa. Изворите наведуваат дека Маленков, наместо да го продолжи образованието, ја избрал политичката кариера. Во овој период Маленков станал близок пријател со Вјачеслав Малишев, кој подоцна станал шеф на советската нуклеарна програма. 1924 и 1925 година претставуваат пресвртница во неговата политичка кариера. Бил задолжен за чување и креирање на досиеја за членови на Комунистичката партија. Бил задолжен за чување и креирање на досиеја за членови на Комунистичката партија. Под негово раководство, во наредните десет години, биле створени над 2 милиони вакви досиеја. Се верува дека длабоко бил вмешан во политичките процеси кои се воделе против политичките ривали и неистомисленици на Сталин. Во 1938 година бил еден од клучните играчи за симнувањето на шефот на НКВД, Николај Ежов. Во текот на 1939 година станал член на Централниот комитет на партијата, а во февруари 1941 година, станал кандидат за член на Политбирото на Комунистичката партија. Пред војната бил ангажиран во широк спектар на воени прашања: бил задолжен за воениот персонал, за авијацијата, како и за радиоактивните материјали. Од јули 1940 година е член на Воениот совет на Црвената армија. Неговиот потпис, заедно со потписите на Генерал Жуков и Тимошенко, стоеле на Директивите 2 и 3, со кои била испратена војска по нападот на Германија на Русија.
 
Во текот на Втората светска војна извршувал важни воени должности, но една од најважните должности секако е изградбата на нуклеарните ракети и рактните лансирни места. Маленков бил поставен за Шеф на Советската ракетна програма, а негов прв заменик бил Дмитри Устинов, кој подоцна ќе стане еден од најмоќните министри за одбрана.