Никос Захаријадис: Разлика помеѓу преработките

#1Lib1Ref и #1Lib1RefCEE
[непроверена преработка][непроверена преработка]
(#1Lib1Ref и #1Lib1RefCEE)
(#1Lib1Ref и #1Lib1RefCEE)
}}
[[Податотека:Nikos Zachariadis.jpg|мини|Никос Захариадис, претседател на Врховниот воен совет на ДАГ]]
'''Никос Захаријадис''' ({{роден во|Одрин}}, {{роден на|27|април|1903}} - {{починал во|Сургут}}, {{починал на|8|август|1973}}) бил генерален секретар на [[Комунистичка партија на Грција|Комунистичката партија на Грција]] од периодот од [[1931]] година до [[1957]] година.<ref>{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=д-р Стојан Киселиновски и др.|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=187-188}}</ref><ref>{{Наведена книга|url=http://macedonianhistory.ca/Stefov_Risto/Guilty_without_guilt_mac.pdf|title=Без Вина Виновни|first=Стојан Кочов|publisher=Risto Stefov Publications|year=December 20, 2019|isbn=|location=Торонто, Канада|pages=}}</ref>
 
== Животопис ==
Во 1913 година се преселил во солун, а потоа во Никодимија каде што завршил седмокласно основно училиште, а потоа се запишал на одринската гимназија. Во 1919 пристигнал во Цариград и работел како физички работник. Во 1922-1923 работел во Советскиот Сојуз кога и се зачленил во КПСС.
 
Со размената на населението помеѓу Турција и Грција во 1924 година, семејството на Захаријадис се преселило во Грција. Го посетувал Комуистичкиот универзитет за народите на Источна Европа (КУТВЕ) во Москва, а 1924 се вратил во Грција и раководел со партиски организации во Солун, Пиреј, Волос и Атина. Во 1931 година Комунистичката интернационала го поставила за секретар на ЦК КПГ и многу бргу неа ја претворил во партија од талинистички тип.
 
Ја прифатил паролата на Коминтерната за независноста на Македонија и на Тракија, но во 1935 ја напуштил и го прифатил стабот за рамноправност на македонското малцинство во рамките на грчката држава. На Шестиот конгрес на КПГ (декември, 1935) е избран за генерален секретар на ЦК КПГ. Во 1936 го затвориле и во 1941 е предаден на Германците кои го интернирале во логорот Дахау. Во 1945 бил ослободен и на 31 мај, 1945 се вратил во Грција и повторно застанал на чело на КПГ. На негов предлог, Вториот пленум на ЦК КПГ (12 февруари, 1946) решил да поведе оружена борба против грчката десница. Во август 1948 станал претседател на воениот совет на ДАГ. По поразот на ДАГ емигрирал во источно-европските земји од каде што раководел со КПГ. Во 1955 дошол во судир со новото раководство на КПСС, поради што бил суспендиран од сите функции и интерниран.
 
Во однос на македонското национално прашање ја претставувал грчката национална ориентација (прагматична струја), т.е. македонското прашање да се стави во служба на за грчките национални интереси и да е сообрзено со т.н. класни интереси на грчкиот пролетеријат.
 
== Наводи ==
<references />
{{Грција-биог-никулец}}