Тиквешко востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Тек на востанието: Ристо Мойсов
Ред 30:
== Тек на востанието ==
 
Со поддршка на [[ВМРО]] е свикано собрание со делегати од речиси сите места во [[Тиквешија]]та. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во [[Илинденското востание]], меѓу коишто биле: [[Дончо Лазаров]], [[Михаил Шкартов]], Ристо Мойсов,[[Коце Сеизов]], [[Диме Пинџуров]], [[Тодор Камчев]] и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.
 
Востанието започнало на [[19 јуни]] [[1913]] година, и покрај [[Неготино]] и [[Кавадарци]], ослободени се и педесетина села во областа [[Тиквеш]]. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На [[20 јуни]] е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.