Тамара Тодевска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
=== Почетоци и првите хитови ===
 
Во 1991 за првпат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и [[Росана Тодоровска|Росана]]. После долго време во 1997 год заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на "Скопскиот фестивал" со песната "Луда игра".
Во 2001 год Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам" дело на [[Роберт Билбилов]] поддржан од тогaш познатиот бенд Мак Џинс.
 
Со истата настапува на фестивалот "Сунчане Скале" во Херцег Нови во 2002 и освојува трето место. По ''Дали знам'' во 2002 година следува уште еден сингл ''Месечар''. Истата година ги собира сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка на "Охрид фест" ја освојуваат третата награда со песната ''Кога би можел''.
 
Во 2003 година на „Макфест" се претставува со ''Немирна'', eдна од најубавите песни на Тамара, која следната година доби награда за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Снима дует со тогаш мегапопуларната хип хоп група „187", песна со контраверзен наслов ''Секс'' која станува мега хит. Истата година на „Будва Фест" го остварува својот најголем хит ''1003'', песна дело на Роберт Билбилов и се пласира високо.
Ред 36:
=== ''Сино'' и интернационален успех ===
 
Во aприл 2005 година го издава својот прв албум „Сино" со 12 нови песни, на Алекдандар[[Александар Масевски]]. Синглот „Сино" се издвојува во тој момент од сите тогашни песни во етерот и наредната година „Сино" е прогласен за албум на годината. Прв настап на Евровизија бележи во 2004 кога е придружен вокал на [[Тоше Проески]] во 2008 година е нејзиниот втор настап на Евровизија како главен изведувач , третиот настап на Евровизија го има во 2014 како една од придружните вокали на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.
По завршувањето на договорот на Masivvesky music, заедно со Врчак ја добиваат првата награда на „Макфест" за песната „Седмо небо" во 2006 година. Соработката со Врчак продолжува со „Лоша девојка" на „Будва Фест", која станува голем хит во Србија, Црна Гора и Македонија.
Во 2007 година повторно со песна на Александар Масевски. Тамара го зема второто место на „Скопскиот фестивал" за песна на Евровизија, иако „Кажи кој си ти" според сите беше морален победник.
Ред 47:
Следува „Радискиот Фестивал" во Белград "Усне ко крв" исто така дело на Калиопи и Дарко Димитров,
 
Во 2009 година на „Будва фест" Тамара настапува со песната ''Шарена песма'' и го освојува петтото место.
 
Во 2011 сними дуетска песна со Влатко Илиевски „Гушни ме", и „Не ме замарај" трио со Тони Зен и Слаткар, двете колаборации се представени и со видео записи. Кон крајот на ноември излегува новиот сингл на Тамара насловен ''Нејќеш да сум сама.''
Ред 55:
Во 2012 покрај новиот концерт на настапување со познати диџеи од Македонија (Зоки-Бејбе и Маци). Тамара е актуелна со новиот сингл ''Нејќеш да сум сама'' дело на Бертан Аслани и Тони Зен. Спотот за истоимената нумера е во режија на Мерт Аслани и БMA Продукција и Симплисити, продуценската куќа на Тамара во период од 2011 до почеток на 2012 година. Од септември 2012, Тамара потпишува договор со продуценската куќа Горила Продукција, Тамара најавува настап на „Макфест" со синглот ''Готово е'' дело на Роберт Билбилов, текст на [[Игор Џамбазов]].
 
Во 2013, Тамара учествува на „Скопски Фестивал 2013“ со песната ''Teшко без тебе'' дело на Роберт Билбилов и Тамара, додека аранжманот е на Роберт, а текстот е дело на маестро Игор Џамбазов и си заминува од фестивалот со освоено второ место.
 
=== ''Тажна љубов, среќна песна'' и ''Пејачка на годината'' ===
Во почетокот на 2014 година, поточно во февруари, Тамара е наградена за „Пејачка на годината“ на престижната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Во истиот месец, на 24-ти февруари се појавува видео спотот за песната ''Teшко без тебе''. Овој видео запис го изработи „Горила Филм“, во продукција на „Македонска Радио и Телевизија“, под режисерската палка на Мерт Аслани, како директор на фотографија се потпишува Драган Паковски - Пако, додека за видео монтажата беше задолжен Милан Туциновски. Во видео записот Тамара носи креации на Ивана Кнез, додека за нејзината шминка се погрижи мејкап артистот Арменд Рамадани. Благој Веселинов перфектно го одработи својот глумечки дел за комплетно заокружување на целата приказна. Во јуни истата година на „Макфест“, Тамара го зазема второто место со песната „Тажна љубов, среќна песна“. Песната веднаш станува мега хит и се наредува до најголемите хитови на пејачката а многу луѓе ја определуваат како најголем хит во кариерата на Тамара. Композицијата е дело на Роберт Билбилов (музика и аранжман) а текстот е дело на Игор Џамбазов. Во ноември Тамара учествува на „Скопски Фестивал 2015“ со песната „Брод што тоне“ и повторно го зазема второто место. Кон крајот на годината излегува видео запис за песната „Брод што тоне“ којашто е по музика на Роберт Билбилов, а текстот е авторско дело на самиот Роберт и Ксенија Николова. Додека видео записот е дело на „Горила Филм“, режија и монтажа е дело на Горан Костадинов а директор на фотографија е Александар Крстевски. Исто така околу новогодишните празници излегува дуетната песна, заедно со видео запис, на Тамара и Даниел Кајмакоски насловена „За миг“. Тамара е наградена за мега хитот „Тажна љубов, среќна песна“ на „МАРС 2014“ а Игор Џамбазов добива награда за текстот на самата песна. Оваа песна беше наградена и за „Хит на годината“ на „Златна Бубамара на популарноста“ во февруари 2015 година. Со овие награди Тамара испрати една од најуспешните години во нејзината кариера.
 
=== 2015: брак и нов албум „Еден ден“ ===
2015 година е успешна година за самата Тамара не само на професионален а и на емоционален план, односно таа станува сопруга. На први јули 2015 година Тамара го промовира пилотниот сингл на нејзиниот долгоочекуван втор албум насловен „[[Еден ден (албум)|Еден ден]]“. Синглот е со наслов „[https://www.youtube.com/watch?v=Nno9ff60pSI Совршен крај]“ и излегува заедно со видео запис. Во спотот игра докажаната глумица од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот глумец од ФДУ, Тони Денковски. Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов. Спотот раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена. Спотот е во реализација на „''Горила филмс''“, преку новиот закон за субвенционирани композиции. Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц. Две недели подоцна, на 15 јули излегува долгоочекуваниот албум на Тамара  по цели 11 години. Албумот содржи 13 композииции, меѓу кои 5 нови ''[https://www.youtube.com/watch?v=mrcoY32BDIM „Врвот е дно“], „[https://www.youtube.com/watch?v=6sncFVLJ4lQ Фрази љубовни]“'' со ДНК, ''„[https://www.youtube.com/watch?v=jD8f5_EtE2Q Промена]“'' со Тони Зен, ''„[https://www.youtube.com/watch?v=g4gxkr13Thw Трофеј]“, „[https://www.youtube.com/watch?v=OyLSy-n9qPE Баш на тебе“]'', [https://www.youtube.com/watch?v=chHEc439ON8 пијано верзија на ''„Тажна љубов, среќна песна“''],  неодамна претставената ''„Совршен крај“'' и веќе добро познатите ''„Готово е“, „[https://www.youtube.com/watch?v=lPdA7o12u68 Брод што тоне]“, „Тажна љубов, среќна песна“, „Тешко без тебе“, „За миг“'' со Даниел Кајмакоски и ''„Залудно е“''. На албумот работеа еминентни музички имиња како што се Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска – Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо. Албумот е во издание на „Горила продукција“, која последните четири години се грижи за сите ангажмани на Тамара Тодевска. Промоцијата на албумот се одржа во ресторанот „''Атланта''“, а на промоцијата покрај авторите Роберт, Лазар, Магдалена, Нино, присуствуваа и најблиските соработници и пријатели на Тамара како Арменд Рамадани, Дејан Манасков и Влатко Илиевски. Ова беа зборовите на самата пејачка по повод промоцијата на албумот: <blockquote>''Луѓе, јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го подготвувавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно.''</blockquote>Со овој албум Тамара го најавува својот голем солистички концерт кој би требало да се случи кон крајот на годината.
 
На 7 октомври 2015 излегува видеото за песната „Фрази љубовни". Комичното видео е повторно дело на продукцијата Gorilla Films, режија, снимано и уредено од страна на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади.
 
На 25 ноември 2015 излегува видеото за песната „Баш на тебе“ а два дена подоцна на 27 ноември, Тамара го одржа својот прв солистички концерт во арената „Борис Трајковски“. Покрај Даниел Кајмаковски, Врчак, Игор Џамбазов, ДНК и Влатко Илиевски, на сцената до Тамара застана и нејзиниот татко, како и саканата сестра Тијана, со која ги изведоа и хитовите “Rolling on the river“ на Тина Тарнер, “Uptown funk“, „Lady Marmalade“ , но и нашата балада „Признавам“ на Маријана и Росана.
 
Во ноември 2015, на радискиот фестивал МАРС, песната „Фрази љубовни“ е наградена за апсолутен хит на годината.
Ред 162:
* 2004 "Секс"
* 2004 "Сино"
* 2004 "Молчи,молчи" (ФТ Ronin.) - кавер верзија на песната Нина Спирова - Кирилицо испеана (2009)
* 2005 "Најверни пријатели"
* 2005 темата "Љуби, љуби" (дует со Туна)