Снежана Стојчевска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
→‎Книжевна дејност: ситна поправка
Ред 42:
==Книжевна дејност==
 
Во [[2012]] година ја објавува првата поетска книга Шеќер по подот во издание на [[Или-или]], како дел од едицијата Русалки, во која се јавува како уредник. Под нулата е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели мугри“ за [[2013]] година, која ја доделува [[Домот на културата Кочо Рацин]] – Скопје. Во [[2015]] година ја објави третата поетска книга Модри фантазии во издание на издавачката куќа [[Темплум]]. Нејзината четврта книга, Треба да е лесно, излезе во мај 2017 година во издание на издавачката куќа [[Антолог]]. Во октомври [[2019]] година ја промовираше својата петта поетска книга Ќе се завијам во песни, посветена на и во ко-авторство со нејзиниот татко [[Мирче Стојчевски]], во издание на [[МИ-АН]]. Застапена е во повеќе антологии, панорами и зборници на младата македонска поезија.
 
Во [[2016]] година настапува на XV меѓународна книжевна средба во [[Велење]], [[Словенија]], каде што е објавена во антологија на словенечки јазик во „Фестивална антологија на изворна и преведена европска поезија на 21 век“. Истата година учествуваше на настанот “Ad hoc” во Труберјева хиша литературе во [[Љубљана]]. Во [[2018]] година беше учесник на Третите меѓународни книжевни средби во [[Бања Лука]] и беше објавена на српски јазик во зборникот „Поетики“. Во ноември [[2019]] година учествуваше на фестивалот за литература за деца и возрасни InterLese во [[Магдебург, [[Германија и за таа пригода избор од нејзина поезија е преведен на германски јазик, а потоа и објавена во книжевното списание Oda (1/2020). Во март годинава беше една од учесничките на првиот Фестивал на женското книжевно творештво – „ОНЕ“ во [[Беране]], [[Црна Гора]]. Покрај овие настапи, таа е редовен учесник на најзначајните поетски манифестации во земјава.