Мехмед III: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62:
 
Друг главен настан од неговото владеење било востанието [[Џелали]] во [[Анадолија]]. Карајазиџи Абдулалим, поранешен отомански службеник, го освоил градот Урфа и се прогласил за султан во 1600 година. Гласините се рашириле во Цариград и Мехмед наредил бунтовниците да бидат третирани остро, за да ги растераат гласините, а меѓу нив настрадал и Хусеин-паша, кого Карајазиџи Абдулалим го споменал дека му е Голем везир. Во 1601 година, Абдулалим побегнал во околината на [[Самсун]], откако бил поразен од силите под Сокулузаде Хасан-паша, гувернер на [[Багдад]]. Сепак, неговиот брат, Дели Хасан, го убил Сокулузаде и ги поразил војниците под команда на Хадим [[Хусрев-паша]]. Потоа се упатил кон [[Ќутахија]], која била освоена и опожарена<ref name=islamans/><ref name=larousse/>.
 
 
Во [[1600]] година избувнала војна со [[Персија]]. Персискиот шах испратил свои пратеници кај европските владетели барајќи војна против Османлиите. Војната започнала со опсадата на Тебриз. Војската предводена од Хазибег успеала да ги победи Персијците и тој бил поставен за хан. Тој со својата војска стигнал до Тебриз и тука се споил со војската на Ердејскиот хан Зулфиќар. Дошло до битка во која победиле Персијанците. Тогаш Персијанците тргнале кон градовите Нахџиван и [[Ереван]]. Шериф паша побарал помош од соседните намесници но не добил помош. Во средината на ноември [[1603]] год. Персијанците стигнале кај [[Ереван]]. Му пратиле писмо на Шериф паша во кое барал да се предаде. Шериф паша им одговорил дека нема намера да се предаде „ ''Се додека секој камен не биде платен со некоја од нашите глави, толку долго додека од нив Персијанците не направат пирамида нема никаква надеж во заземање на тврдината''“. Откако во [[Цариград]] се слушнала вест дека бил загубен Тербиз кајмакамот Касим одржал состанок со везирите. Саатџи Хасан бил поставен за водач на војната со Персија.