Ејми Вајнхаус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: clean up, replaced: |coauthors= → |author2= using AWB
→‎Контроверзност: clean up, replaced: листа на → список на using AWB
Ред 108:
Постојаните проблеми со конзумирање на дрога до 2008 година, и претставувале закана за нејзината кариера. Ник Гатфилд, претседателот на Island Records, си поиграл со идејата за прекинување на договорот со Вајнхаус, за што рекол дека треба да ја остават "да се справи со нејзините проблеми", по што за нејзиниот талент изјавил: "Тоа е одраз на нејзиниот статус [во САД,] кога ќе пребаруваш низ телевизиската покриеност [на Греми] сите го користат нејзиниот имиџ. " По Греми наградите, некои се запрашаа дали Вајнхаус би требало да биде почестена со награда со оглед на нејзините недамнешни лични и проблеми поврзани со дрогата, вклучително и Натали Кол, кој ја воведе Вајнхаус во церемонијата. Кол (кој се борела со сопствените проблеми со злоупотреба на супстанции, кога ја освоила наградата Греми за најдобар нов изведувач во 1975 година) забележува: "Мислам дека девојката е талентирана, музички дарувана, но не треба сама да прави “торта“ и сама да ја “јаде“. Треба да се прибере. "
Антонио Марија Коста, извршен директор на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во свое мислење за весник изјавил дека наводните навики за конзумирање на дрога на Вајнхаус и други познати личности испраќа лоша порака " на луѓе кои се доволно ранливи и можат да потклекнат на зависноста“, и ги поткопуваат напорите на други познати личности кои се обидуваат да ја подигнат свеста за проблемите во Африка, во време кога е зголемена употребата на кокаин во Европа, што поминува низ Африка. Портпаролот на Вајнхаус го нарекол Коста "смешен човек" и истакнал дека "Ејми никогаш не дала понуда за дрога и никогаш не зборувала гордо за тоа. Таа имала некои проблеми и се обидувала да се подобри. ОН сами треба да го доведат во ред својот дом." Греам Пирсон, поранешниот шеф за спроведување на лекови на Шкотската агенција, ги критикувала Вајнхаус и Кејт Мос за посетување на рехабилитација како симбол на чест, давајќи им на останатите лажен впечаток дека одвикнувањето од дрога е лесно, бидејќи не многумина можат да си дозволат посетување на клиниките за одвикнување од зависнст.
Вајнхаус била на првите места според анкетите за популарност. Во 2008 година наградите NME ја номинирале Вајнхаус во категориите "негативец на годината", "најдобар соло изведувач" и "најдобро музичко ДВД"; Вајнхаус ја добива наградата за "најлошо облечен изведувач" од годишната листа, според магазинот Glamour, Вајнхаус го добива третото место на најлошо облечени британската жени. Во 48 годишната листасписок на Ричард Блеквел,Вајнхаус била рангирана на второто место на "Десетте најлошо облечени жени" , зад Викторија Бекам. Во април 2008 г. според анкета спроведена од Sky News, Вајнхаус била прогласена за втора по големина " хероина" од страна на населението на Велика Британија, како одговор на анкетираните за таа категорија, на возраст под 25 години. Психологот Дона Досон објаснила дека резултатите покажуваат жени како Вајнхаус кои имаат "одредено чувство на ранливост или морале да се изборат против некои катастрофа во нивните животи " и за тоа добиваат признание. Вајнхаус е прогласена за втора омразена личност во Велика Британија еден месец подоцна според анкета спроведена од страна на магазинот Marketing.
Во јуни 2008 година бил објавен извештај во кој Вајнхаус, пее потценувачка миса за црнците, инвалидите и хомосексуалците, а содржела расни епитети за пакистанци и индијци, кој бил снимен од страна на нејзиниот поранешен сопруг Филдер-Цивил и покрај нејзиното инсистирање тоа да не биде снимено. Вајнхаус ги негирала тврдењата дека е расист, велејќи: "Не сакам да си играм, но јас најмалку сум расист." Вајнхаус додала дека таа снимка била снимена за време на ", навистина, навистина, среќни времиња ".
Говорејќи на тема “Вајнхаус или Белата куќа: Дали ние сме поголеми вести од вестите за шоу-бизнисот“, Џеф Зицински, шеф на радио Би-Би-Си од Шкотска, изјавил дека Би-Би-Си и медиумите воопшто биле учесници во уништувањето на познати личности како Вајнхаус. Тој изјавил дека јавниот интерес за начинот на живот на пејачката не го прави нејзиниот живот топ вест. Род Мекензи, уредник на програмата Newsbeat на радиото Би-Би-Еден, одговорил дека: "Ако пуштате музика [на Ејми Вајнхаус ] на одредена област, истите слушатели се оние кои сакаат да знаат што се случува во нејзиниот приватен живот. Ако не ја покриеш таа вест, ти ги навредуваш младите кои плаќаат радиодифузна такса. " Британската пејачка и текстописец Лили Ален била цитирана во еден шкотски весник како вели:" Ја познавам Ејми Вајнхаус многу добро. Таа е различна од она што луѓето го прикажуваат дека е. Да, таа сепак понекогаш се мрднува од умот со претераното конзумирање на дрога, но таа е исто така многу умна, интелигентена, духовита, смешна жена која може и да биде многу присебна. Едноставно вие не ја гледате таа нејзина страна.“