Римска религија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
clean up, replaced: Листа на → Список на using AWB
Ред 9:
Римската култура и религија се развиле во контест на [[Етрурска митологија|етрурската митологија]]. Архаичната римска „[[митологија]]“, барем што се однесува до боговите, не била сочинета од приказни, туку од комплексна корелација помеќу боговите и луѓето. За разлика од [[Грчка митологија|грчката митологија]] боговите не биле персонифицирани. Римјаните исто така верувале дека секој човек, место или нешто има свој [[Гениј (митологија)|гениј]] (како домашните духови или „[[Ларес Фамилијарес]]“ кои биле семејни духови-заштитници). Затоа, раноримскиот култ може да се каже дека бил колку ''полидемонизам'' толку и [[политеизам]].
 
Според германскиот историчар Георг Висова римјаните разликувале две класи на богови: ''di indigetes'' и ''de novensides'' или ''novensiles.'' ''Indigetes'' биле поранешните богови на римската држава (видете [[ЛистаСписок на Ди Индигетес]]). ''Novensides'' биле подоцнежните богови чии култови биле донесени подоцна, обично како одговор на извесна криза или потреба.
 
На врвот на најраниот [[пантеон (богови)|пантеон]] била тријадата составена од [[Јупитер (бог)|Јупитер]], [[Марс (бог)|Марс]] и [[Квирин]]. Нивните свештеници, или [[фламен]]и, биле по ранг погоре од другите. Подоцна оваа тројка била надмината од [[Капитолска Тријада|Капитолската Тријада]], [[Јупитер (бог)|Јупитер]], [[Јунона]] и [[Минерва]].
Ред 36:
:''Главна статија: [[Царски култ (Стар Рим)|Царски култ]]''
 
Бжественоста на [[Рисмки император|императорот]] и култот околу него биле важен дел од римската религија. Во напорите да се зајакне политичката лојалност кај народот, царевите ги повикувале граѓаните да учествуваат во обожувањето на императорите како божества. Царевите [[Октавијан Август]], [[Клавдиј]], [[Веспазијан]] и [[Тит]] биле воздигнати на ниво на божества, и по владеењето на [[Марко Кокцеј Нерва]], ретко кој цар не бил воздигнат на овој начин.
 
Религијата во царството сè повеќе се концентрирала на царскиот дом. Особено во источната половина на царството, царскиот култ бил многу популарен, и клутниот комлекс станал средиште на граѓанскиот живот во [[полис|римските градови]]. Како таков, тој бил еден од главните агенти на [[романизација (културна)|романизацијата]]. Централните елементи во царскиот култ биле до храмот 1)[[Римски театар (градба)|театарот]] или [[амфитеатар]]от за [[гладијатор]]ски паради и игри 2) [[Римска бања|јавни бањи]] и здравствени установи. Понекогаш царскиот култ бил додаван кон култовите на други храмови или бил прославуван во специјални хали во бањските комплекси.
Ред 44:
== Верски обичаи ==
 
Пред надоаѓањето на христијанството кај речиси сите култови ''[[ортопракса|ортопраксата]]та'' (правење на правилни нешта), била поважна од ''[[ортодоксија]]та'' (правилно верување). Ова било случај и со римската религија. Религиозните обичаи биле составен дел од секојдневниот живот.
 
* жртвување/гозби
Ред 57:
Римскиот религиозен [[Римски календар|календар]] ја рефлектира римската гостопримливост за сите култови од освоените земји. [[Римски фестивали|Римските религиозни фестивали]] познати од старите времиња биле малку по број. Меѓутоа некои од најстарите останале сè до самиот крај на паганството, зачувувајкќи ги спомените од плодноста и обредите на примитивните земјоделци. Меѓутоа биле воведени нови фестивали, за да се одбележи натурализацијата на новите божества. По некое време имало повеќе празници отколку работни денови. Во поважните фестивали се вбројувале [[Сатурналии]]те, [[Луперкалии]]те, [[Еквирии]]те и [[Секуларни игри|Секуларните игри]].
 
За време на царството '''[[Сатурналии]]те''' се прославувале седум дена, од [[17 декември]] до [[23 декември]], за кое време се појавувала зимската сончева пресвртница. За тоа време не се работело, на робовите им била дадена привремена слобода, луѓето си разменувале подароци и насекаде се чувствувала веселба. '''[[Луперкалии]]те''' бил стар фестивал, првобитно во чест на Луперк, пасторален бог на италијаните. Фестивалот се празнувал на [[15 февруари]] кај пештерата на Лулеркал на [[Палатинско брдо|Палатинското брдо]], каде легендарните основоположници на Рим, [[Ромул и Рем|Ромул]] и [[Рем]], според преданијата биле доени од волчицата. Меѓу римските легенди поврзани со нив е легендата за [[Фаустул]], овчарот кој се верува дека ги пронашол двете деца во дувлото на волкот и ги однел дома, каде нив ги изгледала неговата жена Ака Ларенција. Видете: [[Основање на Рим]].
 
'''[[Еквирии]]те''', фестивал во чест на Марс, се празнувал на
Ред 70:
== Поврзано ==
* [[Римска митологија]]
 
 
{{Римска религија}}
{{Староримски теми}}
 
[[Категорија:Римска религија| ]]