Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с clean up, removed: |ref=harv (2) using AWB
Ред 38:
Името ''Европа'' има неодредена етимологија.<ref>Minor theories, such as the (probably folk-etymological) one deriving Europa from ''ευρως'' "mould" aren't discussed in the section</ref> Една теорија предложува дека зборот има [[Грчки јазик|грчки корени]] со значење пространо (''eur-'') и око (''op-'', ''opt-''), оттаму ''{{Unicode|Eurṓpē}}'', „пространа“, „изразито видлива“ (споредено со [[Атена#Култ и атрибути|''glauk'''ōp'''is'' (сиво-ока) Атена]] или [[Хера|''bo'''ōp'''is'' (говедо-ока) Хера]]). ''Пространо'' бил [[епитет]] за самата [[Земја]] во реконструираната [[индоевропска религија]].<ref>{{Cite book|author=M. L. West|title=Indo-European poetry and myth|publisher=Oxford University Press|location=Oxford [Oxfordshire]|year=2007|pages=178–179|isbn=0-19-928075-4|oclc=|doi=|accessdate=|first=}}</ref> Друга теорија тврди дека зборот е всушност производ на [[семитски јазици|семитски]] збор како што [[Акадски јазик|акадското]] значење на ''erebu'' „да падне, да тргне“<ref name="Etymonline: European">{{Cite web| url=http://www.etymonline.com/index.php?term=European| title=Etymonline: European| accessdate=10 September 2006}}</ref> е сродно со феникиското '' 'ereb'' „вечер, запад“ и арапското [[Магреб]], хебрејско ''ma'ariv'' (видете ''[[Ереб]]'', на [[праиндоевропски јазик|праиндоевропски]] ''*h<sub>1</sub>regʷos'', „темнина“). Како и да е, М. Л. Вест наведува дека „фонолошки, поврзаност помеѓу името на Европа и која било форма на семитскиот збор речиси не постои“.<ref>{{Cite book|author=M. L. West |title=The east face of Helicon: west Asiatic elements in Greek poetry and myth |publisher=Clarendon Press |location=Oxford |year=1997 |page=451 |isbn=0-19-815221-3 |oclc= |doi= |accessdate=}}</ref>
 
Повеќе важни светски јазици користат зборови изведени од „Европа“ за да го опишат „континетот“ (полуостровот). Кинескиот, на пример, го користи зборот ''{{Unicode|Ōuzhōu}}'' (歐洲), што е кратенка од транслитерационото име ''{{Unicode|Ōuluóbā zhōu}}'' (歐羅巴洲); сепак, во некои турски јазици името ''Frengistan'' (земја на [[Франки]]те) вообичаено се користи кога се мисли на Европа, покрај официјални имиња како ''Avrupa'' или ''Evropa''.<ref name="davison">{{Cite journal|author=Davidson, Roderic H. |title=Where is the Middle East? |journal=Foreign Affairs |volume=38 |pages=665–675 |year=1960 |ref=harv}}</ref>
 
== Историја ==
Ред 50:
''[[Homo georgicus]]'', кој живеел пред околу 1,8&nbsp;милиони години во [[Грузија]], е најрано откриениот [[Хоминиди|хоминид]] во Европа.<ref>{{Cite journal| author = A. Vekua, D. Lordkipanidze, G. P. Rightmire, J. Agusti, R. Ferring, G. Maisuradze|display-authors= et al. | year = 2002 | title = A new skull of early ''Homo'' from Dmanisi, Georgia | journal = Science | volume = 297 | pages = 85–9 | doi = 10.1126/science.1072953 | pmid = 12098694 | issue = 5578 | ref = harv}}</ref> Останати остатоци од хоминиди, датираат од пред околу 1&nbsp;милион години, се откриени во [[Атапуерка]], [[Шпанија]].<ref>[http://news.bbc.co.uk/1/hi/sci/tech/6256356.stm The million year old tooth from Atapuerca, Spain, found in June 2007]</ref> [[Неандерталец]] (именуван по долината [[Неандертал]] во [[Германија]]) се појвил во Европа пред околу 150.000 години, а исчезнува од фосилните записи пред околу 30.000 години. Неандерталците биле протерани од денешните ([[Кромањонци]]), кои се појавиле во Европа пред околу 40.000 години.<ref name="natgeo 21">National Geographic, 21.</ref>
 
Периодот на [[неолитска Европа]]—обележан од одгледувањето на [[жито|жита]] и одгледувањето [[добиток]], зголемениот број на населеност и распространата употреба на грчарството—започнал околу 7.000 п.н.е. во [[Грција]] и на [[Балкан]]от, најверојатно под влијание на [[Мала Азија]] и [[Блиски Исток|Блискиот Исток]]. Се распространува од југоисточна Европа по долините на реките [[Дунав (река)|Дунав]] и [[Рајна]] ([[Култура на линеарно грнчарство]]) и по [[Средоземно Море|Средоземното море]] ([[Техника имресо]]). Помеѓу 4.500 и 3.000 п.н.е. овие централни европски неолитски култури се развиле низ западот и северот, пренесувајќи штотуку здобиени вештини во произведување на бакарни артефакти. Во Западна Европа неолитот не се карактеризирал по големи агрикултурни живеалишта туку по земјени споменици, како [[насип]]и, [[Тумул|гробни насипи]] и [[Мегалит|мегалитски гробници]].<ref>{{Cite document|first=Chris|last=Scarre|authorlink=|title=The Oxford Companion to Archaeology|first-editor=Brian M.|last-editor=Fagan|DUPLICATE DATA: authorlink=|publisher=Oxford University Press|id=ISBN 0-19-507618-4|year=1996|pages=215–216|ref=harv|postscript=<!--None-->|url=|date=|journal=|volume=}}</ref> Културата на производство на секири напреднала со преминот од неолит во [[енеолит]]. За време на овој период огромни мегалитски споменици, како [[Мегалитски храмови на Малта|Мегалитските храмови на Малта]] и [[Стоунхенџ]], се конструирале низ Западна и Јужна Европа.<ref>[[Richard J. C. Atkinson|Atkinson]], R J C, ''Stonehenge'' ([[Penguin Books]], 1956)</ref><ref>{{Cite book|title=Encyclopaedia of Prehistory|first=Peter Neal|last= Peregrine|last2= Ember|publisher=Springer|year= 2001
|isbn=0306462583|pages=157–184|first2= Melvin}}, European Megalithic</ref> [[Европска бронзена доба|Европската бронзена доба]] започнала во доцниот трет милениум п.н.е. со културата на производство на пехари.
 
Ред 74:
|}
 
Географската положба на Европа и овозможува излез на [[Атлантски Океан]] и на [[Средоземно Море]]. Благодарение на [[Гибралтарски Проток]] и на [[Суецки Канал]] се одвива најмасовен поморски [[сообраќај]] во светот. Оддалеченоста од [[Африка]] е 14 км кај [[Гибралтар]] и 140 км кај [[Сицилија]], а врската со [[Азија]] преку [[Суецки Канал]], [[Босфор]] и [[Дарданели]] и пепосредната граница спрема [[Азија]] (со должина од околу 4000 км, од кои 3300 км се по планината [[Урал]] и реката [[Урал]] и уште околу 700 км до удолината [[Манич]]) за Европа обезбедуваат централна географска положба во светски рамки. Во прилог на тоа е и комуникацијата на Европа со [[Северна Америка]] преку [[Атлантски Океан]], на одалеченост од околу 5900 км. <ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Природно географски каратеристики на Европа - стр.5/6</ref>
[[Податотека:Europe polar stereographic Caucasus Urals boundary.svg|мини]]
 
Ред 131:
== Климатско-растителни области ==
[[Податотека:Europe_satellite_globe.jpg|мини|лево|Брегова распространетост на Европа (сателитска снимка]]
Климатско-растителните области во Европа се во непосредна зависност од климатските услови. Тие, главно имаат појасно простирање. Се среќаваат: суптропски, умерен и субполарен климатско-растителен тип. Суптропскиот климатско-растителен тип е распространет во приморскиот крајбрежен појас на [[Средоземно Море]] со островите. Застапена е т.н. средоземноморска (медитеранска) клима која се одликува со суви и многу топли лета и благи и врнежливи зими, претежно со врнежи од [[дожд]]. Има специфична [[растителност]] со флора од разновидни тревни и закржлавени зимзелени, [[дрвенести растенија]] отпорни на [[суша|суши]]. Најкарактеристични се: [[приморски бор]], [[даб]]от [[прнар]], [[маслинки]]те, [[лимон]]ите, [[портокал]]ите, [[смоква|смоквите]] и други. Од животинските видови карактеристични се: [[зајак]]от, [[лисица]]та, [[срна]]та, [[дива свиња]], [[волк]]от и други.<ref name="ReferenceA">Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Климатско-вегетациски области- стр. 16</ref>
 
[[Податотека:Golfstrom.jpg|мини|десно|Површинска температура на Голфската струја во западниот дел на Север Атлантик]]
Ред 144:
Континеталниот степски климатско-растителен тип е карактеристичен за јужните делови на [[Источноевропска Низина]] спрема [[Црно Море]] ([[Украина]], [[Влашка Низина]] и [[Панонска Низина]]). Се одликува со долги у сушни лета и суви и студени зими, така што растителната покривска е претставена со ниска тревна растителност, позната како степа, со птисуство на листопадни шумски видови.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Климатско-вегетациски области- стр. 19</ref>
 
Супполатниот климатско-растителен тип ги опфаќа најсеверните делови на Европа со некои од острвоите. Се одликува со многу ниски температури, долги и студени зими и кратки и свежи лета. Биогеографските заедници ги сочинуваат претставниците на [[тундра]]та со ретки и растителни тревни заедници и поларни животни: [[волк]], [[зајак]], [[лисица]]. На планинските системи присутни во Европа се присутни листопадни и зимзелени шуми, високопланински тревни пасишта познати како сувати и камењари, со присуство на заглечерени простори на [[Алпи]]те и [[Скандинавски Планини]].<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Климатско-вегетациски области- стр. 16<name="ReferenceA"/ref>
 
== Хидрографија ==
Ред 150:
 
[[Податотека:Paris 75001 Port du Louvre Pont du Carrousel 20080713.jpg|мини|десно|Крајбрежјето на река Сена во Париз]]
Европа изобилува со голем број [[реки]] и [[езера]]. Реките течат кон околните мориња и океани, поточно, им припаѓаат на [[Атлански слив]], [[Балтички слив]], [[Северноледен слив]], [[Средоземен слив]] и [[Црноморски слив]]. Дел од нив, како на пример [[Волга]], [[Урал]] и други, му припаѓаат на затворениот слив на [[Касписко Езеро]]. <ref name="ReferenceB">Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 20</ref>
 
[[Вододелница]]та се протега од [[Гибралтар]], преку [[Перинеи]]те, [[Југоисточна Франција]], [[Шварјцарија]], [[Германија]], [[Чехија]], меѓу [[Полска]] и [[Украина]], [[Белорусија]] и северните делови на европскиот дел на [[Русија]]. Во однос на оваа главна вододелница, скоро сите реки од [[Атлански слив]] течат кон [[север]] и [[северозапад]], така што рамномерно распоредени по целата [[Европска Низина]] од [[Урал]] до [[Пиринеи]]те.
[[Податотека:Vardar Stone Bridge Skopje.jpg|мини|лево|Вардар во Скопје]]
Најпознати реки што се влеваат во [[Атлантски Океан]] се: [[Гвадалкивир]], [[Гвадијана]], [[Тахо]], [[Дуеро]] и [[Мињо (река)|Мињо]] на [[Пиринејски Полуостров]], потоа [[Гарона]], [[Лоара]] и [[Сена]] во [[Франција]], [[Рајна]] и [[Лаба]] во [[Германија]]. Во [[Балтичкото Море]] се влеваат [[Одра]], [[Висла]], [[Њемен]], [[Западна Двина]] и [[Нева]]. Во сливот на [[Северниот Леден Океан]] покарактеристични се реките [[Северна Двина]] и [[Печора]]. Според карактеристиките на речниот систем во средоземноморското сливно подрачје, се издвојуваат непосреден [[Средоземноморски слив]] и [[Црноморски слив]]. Во [[Средоземно Море]] се влеваат реките [[Ебро]] и [[Рона]], а во рабните мориња се влеваат повеќе реки: на пример, во [[Јадранско Море]] покарактеристични се реките [[По]] ([[Италија]]), [[Цетина]], [[Неретва]], [[Бојана]] и [[Дрим]] на [[Балкански Полуостров]], а во [[Егејско море]] - [[Вардар]], [[Бистрица]], [[Струма]] и [[Марица]]. Во [[Црноморски слив]] припаѓаат големите реки, како што се [[Дунав]], [[Днестар]] и [[Днепар]] и [[Дон]] преку [[Азовско Море]]. Тие зафаќаат голема сливна површина. <ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 20<name="ReferenceB"/ref>
[[Податотека:Donrivermap.png|мини|десно|Сливот на реката Дон]]
[[Податотека:MariaValeriaBridge.jpg|мини|лево|Дунав на границата помеѓу Унгарија и Словачка]]
 
Особено се истакнува [[Дунав]] со правец на речниот тек од [[запад]] кон [[исток]] и многу развиен слив. Извира на планината [[Шварцвалд]] во [[Германија]], па преку [[Австрија]] ги поврзува [[Панонска Низина]] и [[Влашка Низина]]. Има должина од 2.850 км, со површина на сливот од 870.000 км². Внатрешниот затворен слив на [[Касписко Езеро]], покрај другите, од еврпоската територија ги опфаќа сливовите на реките [[Волга]] и [[Урал]]. Волга со 3,530 км е најдолагата река во Европа, со површина на сливот од 1.380.000 км².<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 20<name="ReferenceB"/ref>
[[Податотека:Laatokka Sortavalan edustalla.jpg|мини|десно|Езерото Ладога]]
Поради климатските прилики, реките во Европа највисок водостој имаат во [[зима]] и во [[пролет]]. Поголем дел од наведените реки се пловни, уредени за пловидва и меѓусевно поврзани со пловни канали, така што Европа има повеќе од 100.000 км речно-каналски пловни патишта. Попознати каналски системи се каналите што ги поврзуваат [[Волга]] со [[Дон]] (поврзаност на [[Црно Море]] со [[Касписко Езеро]] и [[Москва]]), [[Балтичко Море]] и [[Бело Море (Русија)|Бело Море]] (преку езерата [[Ладога]] и [[Онега]]), каналот [[Мителланд]] кој ги поврзува [[Рајна]], [[Везер]], [[Лаба]] и [[Одра]]. Во [[Франција]] сите пловни реки се поврзани меѓу себе и со реката [[Рајна]], така што економскити значење на реките, покрај потребите за вода за пиење, во земјоделството, во индустријата и во енергетиката е мошне големо и во сферата на сообраќајот и транспортот, размената на стоки и услуги.<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Хидрографија (реки и езера и нивно значење) - стр. 20/21/22</ref>
Ред 169:
{{Главна|Население на Европа}}
 
Историски гледано, во Европа се случувале разни општествени, културни, воени, политички и стоппански процеси. Кои, по разни основи, носеле падови и прогрес на континентот. Низ сите случувања се оформиле голем број народи, нации и држави, така што Европа денес е еден од најнаселените [[континент]]и на [[Земја]]та. Во нејзините 45 држави, вклучувајќи го и европскиот дел на [[Русија]], живеат околу 675 милиони жители ([[Русија]] има околу 147 000 000 жители од кои 63% или околу 92 000 000 живеат во европскиот дел). Со наведениот податок, Европа учествува со околу 11% во вкупниот број на светското население.<ref name="ReferenceC">Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Основни карактеристики на населението на Европа стр.24</ref>
 
=== Густина на населеност ===
Ред 175:
 
Во контекстот на површината, Европа е континент со најголема густина на населеност. Просечната [[густина на населеност]] изнасува 65 жители на кm². Меѓутоа, природните услови, општествените, стопанските и други фактори условиле мошне нерамномерна густина на населеност. Постојат простори со по неколку жители на кm². Во поголемито дел од [[Западна Европа]] и од [[Средна Европа]] густината на населеност изнесува повеќе од 200 жители на кm². Типични примери се: [[Холандија]], со 394 жители на кm², [[Белгија]] со 340, [[Велика Британија]] со 242, [[Германија]] со 231 жители на кm² итн. Голем број од државите, на пример, [[Франција]], [[Унгарија]], [[Чехија]], [[Австрија]], [[Полска]], [[Данска]], [[Романија]] итн., се одликуваат со густина на населеност од околу 100 жители на кm². Спротивно на наведените, во одделни области во [[Северна Европа]], во [[Јужна Европа]] и во [[Источна Европа]] присутна е релативно помала густина на населеност, која главно е помалку од 100 жители на кm², а во поголем број случаи и помалку од 50 жители на кm². На пример: 13 жители на кm² во [[Норвешка]], 12 жители на кm² во [[Шведска]], 15 жители на кm² во [[Финска]], 25 жители на кm² во [[Русија]](Европскиот дел).
Се забележува дека најголем дел од населението во Европа е сконцентрирано во [[Средна Европа]] и во [[Западна Европа]].<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Основни карактеристики на населението на Европа стр.24<name="ReferenceC"/ref>
 
=== Народносни групи во Европа ===
Ред 211:
'''Алтајското јазично семејствоги''' опфаќа турскиот и татарските јазици, и е карактеристично за [[Турција]].
 
Посебни се [[баскиски јазик]] (со него се служат [[Баски]]те, кои живеат во Северна [[Шпанија]] и југозападна [[Франција]] и се сметаат за прединдоевропски пранароди во Европа) и [[малтешки јазик]], кој е мешавина од романските јазици и арапскиот јазик, а се зборува на сотровот [[Малта]].
 
Наведените јазици се пишувале на 3 различни азбуки и тоа:
Ред 225:
{{Главна|Населби во Европа}}
 
Развојот на населбите во Европа е во директна зависност од промените во бројот на населението и стопанскиот и техничко-технолошкиот напредок. И во Европа населението живее во селски и во градски населби. Меѓутоа, прецесите на техничко-технолошкиот и оштествениот развој предизвикаа позабрзан растеж и развој на градските населби. Тоа значи дека во развојот на населбите се важни процесите: урбаниација, фазите на таканаречената [[литорализација]].<ref name="ReferenceD">Геограгија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Населбите во Европа - стр. 28</ref>
[[Податотека:Presnya.JPG|мини|лево|Москва, Русија]]
[[Урбанизација]]та претставува растеж и развој на градовите и се изразува преку степенот на [[урбанизација]], кој, па, претставува учество на градското население во вкупното население.
 
Во Европа, во градовите живеат околу 3/4 од населението.
Процесот на [[урбанизација]] на Европа не се одвива рамномерно, туку со различна брзина. Во почетокот [[урабнизација]]та се гледаше преку порастот на градовите. Пример: Во Европа пред 200 години имало само еден милионски град, пред 100 години имало 9, пред 40 години околу 30, а денес тој број е поголем од 50 милионски градови.<ref>Геограгија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Населбите во Европа - стр. 28<name="ReferenceD"/ref>
 
Денес [[урбанизација]]та се гледа и преку продирањето на градскиот начин на живеење во селските населби, така што селата се повеќе добиваат градски изглед, а населението во нив, освен со примарни, се занимава и со секундарни и терцијални дејности.
Ред 240:
* индустриска фаза, која се одликува со голема преселба на населението од селата кон градовите заради вработување во индустријата, а повеќето од вработените се во секундарните дејности. Тоа особено се прави околу рудниците и фабриките како јадра на привлекување на населението. Типичен пример е Рурската област во [[Германија]].
* Поиндустриската фаза, која се карактеризира со зголемување на бројот на вработените во терцијалните дејности ([[сообраќај]], [[трговија]]), што следува обратен процес, односно населението се населува во помалите градови, каде што се живее попријатно.
Низ фазите на [[урбанизација]]та и [[индустрализација]]та околу градските средишта се формираат големи пригратски населби, така што настануваат големи градски целини кои прават градска регија или агломерација. Такви се голем број градови, особено оние со повеќе од еден милион жители, како, на пример: [[Лондон]], [[Манчестер]], [[Глазгов]], [[Париз]], [[Марсеј]], [[Лисабон]], [[Мадрид]], [[Барселона]], [[Рим]], [[Милано]], [[Неапол]], [[Брисел]], [[Амстердам]], [[Ротердам]], [[Берлин]], [[Минхен]], [[Дортмунд]], [[Келн]], [[Копенхаген]], [[Прага]], [[Варшава]], [[Москва]]. <ref>Геограгија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Населбите во Европа - стр. 29</ref>
Во некои од државите со порастот на градовите и агломерациите доаѓаат до нивно спојување и на тој начин се формирани повеќе конурбации. Типичен пример е [[конурбација]]та во Рурската област во [[Германија]] каде што се скоро споени градовите [[Есен]], [[Келн]], [[Дортмунд]], [[Диселдорф]], [[Дујсбург]] и други, потоа [[коннурбација]]та околу [[Манчестер]] со [[Шефилд]] и [[Лидз]], париската [[конурбација]] и други.
 
Ред 250:
{{Главна|Региони на Европа}}
 
Специфичната брегова разгранетост и природно-географските карактеристики на Европа се главни одредници за регионалната поделба на континетот. За регионалната поделба на Европа е карактеристично тоа што државите [[Казахстан]] и [[Турција]] имаат делови од своите територии на европскиот континент. Современа Европа се одликува и со здружување на државите на стопански, на културни и на политички основи. Таква е [[Европска Унија]], која денес обединува 28 држави.<ref name="ReferenceE">Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Регионална поделба на Европа - стр.30</ref>
[[Податотека:Political map of Eastern Europe mk.svg|мини|десно|Источна Европа]]
Вообичаено се издвојуваат регионите:
Ред 262:
 
=== Јужна Европа ===
Во [[Јужна Европа]] се вбројуваат териториите што се јужно од [[Пиринеи]]те, [[Алпи]]те и реката [[Дунав]], поточно териториите на [[Пиринејски Полуостров]], на [[Апенински Полуостров]] и на [[Балкански Полуостров]], кои, главно, излегуваат на [[Средоземно Море]]. На [[Пиринејски Полуостров]] се наоѓаат државите: [[Кралство Шпанија]], [[Кнежевство Андора]], самоуправната зависна територија [[Гибралтар]] и [[Република Португалија]]. На [[Апенински Полуостров]] се наоѓаат [[Република Италија]], градот-држава [[Ватикан]], [[Република Сан Марино]] и островската [[Република Малта]]. На [[Балкански Полуостров]] се наоѓаат државите: [[Република Македонија]], [[Република Бугарија]], [[Република Србија]], [[Република Црна Гора]], [[Република Косово]], [[Република Романија]], [[Република Грција]], [[Република Албанија]], [[Република Босна и Херцеговина]] и [[Република Словенија]].<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Регионална поделба на Европа - стр.30<name="ReferenceE"/ref>
=== Западна Европа ===
[[Податотека:Satellite_image_of_Northern_Europe.png|мини|десно| Сателитска слика од Северна Европа]]
Ред 270:
[[Податотека:Political map of Central Europe mk.svg|мини|лево|Ссредна Европа]]
 
[[Северна Европа]] главно ги опфаќа териториите на [[Скандинавски Полусотров]]. Овде се наоѓаат државите: [[Кралство Данска]], [[Кралство Шведска]], [[Кралство Норвешка]], [[Република Финска]] и островската [[Република Исланд]].<ref name="ReferenceF">Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Регионална поделба на Европа - стр.31</ref>
 
 
=== Средна Европа ===
 
[[Средна Европа]] или [[Централна Европа]] ги опфаќа териториите на неколку континетални и две приморски држави. Тие се: [[Република Унгарија]], [[Република Словакија]], [[Република Чехија]], [[Република Австрија]], [[Кнежевство Лихтенштајн]], [[Швајцарска Конфедерација]], [[Сојузна Република Германија]] и [[Република Полска]].<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Регионална поделба на Европа - стр.31<name="ReferenceF"/ref>
 
=== Источна Европа ===
[[Источна Европа]] просторно зафаќа најголем дел од територијата на Европа. Во неа главно се вбројуваат териториите на државите: [[Република Украина]], [[Република Молдавија]], [[Република Белорусија]], [[Република Латвија]], [[Република Литванија]], [[Република Естонија]] и [[Руска Федерација]] (Европскиот дел).<ref>Географија за VII одделение на осумгодишно основно образование - Регионална поделба на Европа - стр.31<name="ReferenceF"/ref>
 
== Политичка географија ==
Ред 729 ⟶ 728:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Европа|*]]
[[Категорија:Континенти]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Европа