Изопштување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
==Формулата за екскомуникација во католичката црква==
Во западноверопската црковна книжевност, формулата за екскомуникација ја составил [[Рочестер|рочестерскиот]] [[епископ]] Ернулф на почетокот од [[XII век]] и таа е составен дел од т.н. „[[Рочестерски текст]]“.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 324.</ref> Формулата гласи: „Во името на семоќниот [[Бог]], Отецот, Синот и [[Свет Дух|Светиот дух]], и сите [[Светец|светци]], светата и непорочна [[Богородица]] Дева Марија и сите небесни сили, [[ангел]]и, [[архангел]]и, престоли, господства, [[Владика|владиченства]], [[херувим]]и и [[серафим]]и, и [[Патријарх|патријарси]], [[Пророк|пророци]] и сите свети [[апостол]]и и евангелисти, и светите праведници, кои се единствените достојни да ја пеат пред лицето на Јагнецот новата песна, и светите маченици, и светите исповедници, и светите девици, и сите свети избраници божји, - го екскомуницираме овој злосторник и грешник, и те анатемисуваме и те протеруваме од светата црква на семоќниот Бог, за да биде предаден на вечни маки со Дафан и Авирон и со сите кои му велат на Господ Бог: „остави нè, зашто ние не сакаме да ги знаеме твоите патишта“. И како што огнот се гаси со [[оган]], така нека изгасне светлоста негова во веки веков, ако тој не се покае и не ја поправи својата вина. Амин.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 326.</ref>
 
Нека е проклет од Бога-Отецот, кој го создаде човекот! Нека го проколне Синот божји кој страдаше за нас! Нека е проклет од Светиот Дух кој ни е испратен за време на светото крштение! Нека е проклет од светиот [[крст]], на кој заради нашето спасение се искачи Христос, кој триумфира над својот непријател! Нека е проклет од света Богородица и Дева Марија! Нека е проклет од [[Свети Архангел Михаил|свети Михаил]], бранителот на светите души! Нека го проколнат сиет ангели и архангели, начелата и властите и сите војски небесни! Нека го проколнат сите преславни патријарси и пророци! Нека го проколне [[Свети Јован Крстител|свети Јован]], Христовиот претеча и крстител! Нека го проколнат [[Свети Петар|свети Петар]] и [[свети Павле]], и [[Апостол Андреја|свети Андрија]] и сите Христови апостоли, и останатите негови ученици, а исто така и четворицата [[Евангелие|евангелисти]], кои со својата проповед ја преобратија [[Вселена|вселената]] во вистинската вера! Нека го проколне војската прекрасни маченици и исповедници кои му угодија на Бога со своите добри дела! Нека е проклет од хоровите на светите девици, кои заради Христовата слава ја презреа суетата на овој свет! Нека го проколнат сите свети кои од создавањето на светот и до крајот на светот ја задобија божјата наклонетост! Нека го проколнат небото и земјата, и сè што е свето на нив!<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 326-327.</ref>
 
Нека е проклет, каде и да се наоѓа, - во куќата или во полето, на пат или на непроодна патека, во шумата или во водата, или во [[храм]]от! Нека е проклет за време на животот и во моментот на [[смрт]]та, додека јаде или додека пие, гладен, жеден, додека пости, кога паѓа в [[сон]], [[Спиење|спие]], додека е буден, додека оди, стои, седи, лежи, работи, се одмора, мокри, се празни и крвари! Нека е проклет однадвор и однатре. Нека е проклета косата на главата негова! Нека е проклет мозокот негов! Нека е проклето неговото теме, слепоочници, чело, уши, веѓи, очи, образи, вилици, ноздрви, заби, како предните, така и задните, усните, гркланот, рамената, рачните зглобови, прсти, уста, гради, срце, сите внатрешни органи сè до стомакот, неговите колкови и препони, гениталиите, ножните коски, нозете, и ноктите на прстите од нозете! Нека се проклети сите зглобови и спојките на одделните негови делови од врвот на главата до стапалата. Во него нека нема ништо здраво!<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 327.</ref>
 
Нека е проклет од Христа, синот на живиот Бог, во целата слава на својата големина и нека стане небото против него, со сиет сили кое тоа ги придвижува, нека го проколнат и осудат, ако тој не се покае и не ја исправи својата вина! Амин! Нека биде така, така нека биде! Амин.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 327.</ref>