Тетовирање (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
ситна поправка
Ред 33:
{{Разоткривање}}
 
Дејството на филмот се одвива во летото [[1989]] година и го следи животот на работникот Илија (го игра [[Мето Јовановски (глумец)|Мето Јовановски]]), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во [[затвор]], обвинет за [[убиство]], а подоцна и убиен од еден специјалец.
 
Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „''штитат''“„штитат“ поредокот - [[комунизам|комунистичкиот режим]] во распад - по една караница со сопругата (ја игра [[Љиљана Меѓеши]]) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.<ref name="MIFC"/> Откако им станува сомнителен на двајца [[полиција|полицајци]] кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор, каде е подложен на „вербална и физичка тортура“ <ref name="MIFC"/>. Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските криминалци и иако дел од една истражна постапка која непрестајно се одолговечува, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат [[адвокат]].
 
Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо (го игра [[Александар Чамински]]) - кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите - обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „''Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот''.“ <ref name="MIFC"/> Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија (го игра [[Јовица Михајловски]]) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на [[Исус Христос|Исус]] - истетовирана на неговите [[гради]].
{{endspoiler}}
 
Ред 77:
[[Категорија:Филмови со Зоран Цвијановиќ]]
[[Категорија:Македонски филмови]]
[[Категорија:Филмови за затвореници]]
[[Категорија:Филмови на македонски јазик]]
[[Категорија:Македонски дела од 1991 година]]