Чајле: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 182:
Македонски
 
* '''Доселеници:''' ''Смилковци или Лифуровци (10 к.)'' најстари доселеници. Они се основачи на денешното село. Доселени се од [[крушевско]]. Основачот на родот бил Аврам, за кој населението на овој род мисли дека бил [[Власи|Влав]] по потекло. Ја знаат следната генеологија Диле (жив на 72 год. во 1947 година) Мерџан-Трпе-Миленко-Смилко-Аврам, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во [[Тетово]] (едно семејство), [[Романија]] (едно семејство) и во [[Франција]] (едно семејство); ''Караџовци или Катранџии (10 к.)'' доселени се од некое место во [[Албанија]]. П. Јовановиќ слушал за нив дека се доселени од [[Љура]] во северна Албанија. Имаат иселеници во [[Гостивар]] (едно семејство) и во [[Сушица (Гостиварско)|Сушица]]; ''Стојчевци или Туљаковци (12 к.)'' доселени се од [[Албанија]]. П. Јовановиќ слушал дека се доселени од [[Чаје]] во северна Албанија. Ја знаат следната генеологија Стојан (жив на 65 год. во 1947 година) Кузман-Митре-Илија-Стојче, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во [[Романија]] (две семејства), [[Смедерево]] (едно семејство), [[Ковин]] (едно семејство) и во [[Стари Бечај]] (едно семејство); ''Јанкуловци или Гоџомаровци (7 к.)'' последни македонски доселеници во селото кои се доселиле од селото [[Волче]] во [[Порече]]. Се доселил основачот на родот, Јанкула. Во селото Волче имаат роднини. Имаат иселеници во [[Тетово]] (едно семејство).
 
Албански
 
* '''Доселеници:''' ''Корби (39 к.)'' доселени се од некое село во околината на [[Пешкопеја]]. Според П. Јовановиќ доселени се од областа [[Матија (општина)|Мат]] во северна [[Албанија]]. Корби се првите албански доселеници во селото. Ја знаат следната генеологија Шабан (жив на 70 год. во 1947 година) Исо-Селим-Алија, кој се доселил; ''Љурци (28 к.)'' доселени се од [[Љура]] во северна [[Албанија]]. Овде се доселиле како католици, и ја промениле верата во муслиманска; ''Алмете (17 к.)'' доселени се од [[Матија (општина)|Мат]] во северна Албанија; ''Зогеј (14 к.)'' доселени се од [[Хас]] во северна Албанија; ''Калишта (13 к.)'' доселени се од селото [[Албанија Калишта|Калишта]] во [[Матија (општина)|Мат]] во северна Албанија; ''Кете (6 к.)'' по потекло се од [[Матија (општина)|Мат]]. Овде се доселиле од селото [[Симница]], каде имале истоимени роднини. А роднини имаат и во селото [[Беловиште (Гостиварско)|Беловиште]], таму наречени исто така, ''Кета''; '''Ељмаз (1 к.)''' доселени се од [[струшко]]; ''Адиље (2 к.)'' доселени се од селото [[Ѓурѓевиште|Ѓургевиште]]; ''Шабан (1 к.)'' основачот на родот е дојден како домазет од селото [[Балин Дол]]; ''Фератовци (2 к.)'' доселени се од селото Речани[[Речане]]; ''Ќајил (1 к.)'' доселени се од селото [[Страјане]]; ''Сабри (1 к.)'' доселени се од [[Долна Ѓоновица]]; ''Дино (1 к.)'' родот го основал домазет од селото [[Добри Дол (Гостиварско)|Добри Дол]].<ref>{{Наведена книга|url=http://worldcat.org/oclc/5846115|title=Полог : антропогеографска проучавања|last=Трифуноски, Јован Ф.|date=1976|publisher=Srpska akademija nauka i umetnosti|oclc=5846115}}</ref>
 
== Општествени институции ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Чајле