Светило (книга): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
===Пеколот и пеколните маки===
Во третата книга на „Светило“ детаљно е прикажана судбината на отфрлените души: Штом умрат злобните луѓе, [[демон]]ите со страшен изглед бучно доаѓаат по [[душа]]та и ја стават на неподносливи маки, ја откинуваат од телото и ја влечат во [[пекол]]от. Според Хонориј, постојат два пекола - горен и долен. Горниот пекол, всушност, е овоземниот свет кој е исполнет со маки, возбуда, [[студ]], [[глад]], жед и разни телесни и душевни страдања. Долниот пекол се наоѓа под земјата и во него има девет видови измачувања за грешните души: таму гори вечен [[оган]] и владее неиздржлив студ; пеколот врие од [[црви]] со страшен изглед, [[змии]] и [[змеј]]ови кои живеат во огнот; четвртата мака е неподносливата смрдеа; петтата мака се камшиците на демоните; шестата мака е мракот кој се чувствува; седмата мака е срамот поради гревовите за кои дознале сите и кои не можат да се скријат; осмата мака е страшниот изглед на змејовите и демоните и страшните крици на жртвите и на џелатите; најпосле, деветтата мака се огнените окови со кои се врзани екстремитетите на грешниците. Луѓето кои за време на животот биле заглавени во алчност ќе горат во пеколниот оган; оние кои биле слуги на студенилото на злото ќе се мачат во пеколниот студ; слугите на зависта и омразата ги очекуваат пеколните црви и змии; оние кои уживале во смрдеата на раскошот ги очекува пеколната смрдеа; оние што ги отфрлиле заслужените казни на земјата ќе бидат камшикувани во пеколот; оние кои ја отфрлиле светлината Христова ќе бидат фрлени во пеколниот мрак; оние кои не се срамеле од своите гревови на земјата, во пеколот ќе бидат изложени на општиот срам; оние кои на земјата немале слух за доброто, таму ќе гледаат и слушаат само страшни работи; оние кои биле робови на различни пороци во пеколот ќе бидта оковани со огнените синџири. Во пеколот, грешниците ќе висат со главите надолу, ќе стојат завртени со грбовите еден кон друг, телата ќе им бидат растргнати итн. Опишувајќи ги пеколните маки, Хонориј не се придржува до традиционалното учење за седумте смртни гревови, туку дава порасчленет опис на гревовите: завист, гордост, лукавост, неверништво, лакомост, алкохолизам, уживање во раскош, убиство, суровост, крадење, разбојништво, нечистотија, алчност, прељуба, блуд, лажење, кривоклетство, богохулие, злосторство итн. Вака детаљни карактеристики на пеколните маки не се среќава во раната теолошка литература, туку Хонориј е првиот кој дал систематизирана и целосна слика на пеколот. Бидејќи во делата на неговите претходници не се среќаваат вакви описи на пеколот, истражувачите сметаат дека Хонориј бил инспириран од [[Скулптура|скулптурите]] и [[Фреска|фреските]] во црквата во [[Везел]].<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 249-251.</ref>
 
Според Хонориј, оние кои ќе се најдат во рајот ќе ги набљудуваат страдањата на оние во пеколот, со цел избраните уште повеќе да се радуваат. Исто така, за време на Страшниот суд, отфрлените ќе ги гледаат блажените во нивната слава „за уште повеќе да тагуваат поради тоа што го презреле своето спасение“. На прашањето на ученикот, дали чесните нема да бидат нажалени кога ќе гледаат како се мачат грешниците, учителот одговара: не, дури и таткото да го гледа својот син или мајката својата ќерка, не само што нема да тагуваат, туку за нив тоа ќе биде радосна глетка и нема да се молат за нив, зашто да се моли за грешниците значи да се биде против Бога; напротив, божјите избраници се наоѓаат во единство со Господ и ним им се мили сите негови одлуки.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 252.</ref>
 
== Наводи ==