Платен промет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
изменета категоризација
Ред 9:
Исто така, плаќањата се извршуваат и со помош на [[чек]]ови, кои се слични на банкнотите по тоа што и тие претставуваат книжни инструменти за плаќање. До [[2007]] година, чековите беа масовно употребуван инструмент во плаќањата на населението во [[Македонија]], но потоа тие исчезнаа, што се должи на две основни причини: подемот на [[платежна картичка|банкарските картички]] и напуштањето на практиката на гарантирање на чековите од страна на банките.
 
Сепак, во сите земји, најголем дел од вкупната вредност на плаќањата се извршува по електронски пат: на пример, луѓето плаќаат за купените производи со помош на картички; плаќањата меѓу претпријатијата се вршат со електронски пренос на парите од една на друга сметка; а, во поново време, плаќањата се извршуваат и преку [[интернет]]. Овие безготовински форми на плаќања, вообичаено, имаат помало учество во бројот на трансакциите, но доминантно учество во вкупната вредност на плаќањата (90% и повеќе).<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 336.</ref> На пример, во [[Еврозона|еврозоната]], готовите [[пари]] учествуваат со 79% во вкупниот број на трансакции направени во продавниците и со 54% во вкупната вредност на трансакциите. Картичките учествуваат со 19% и 39% во бројот и вредноста на трансакциите во продавниците.<ref>[https://www.banque-france.fr/sites/default/files/medias/documents/817135_fiche_billets_en_euros.pdf www.banque-france.fr (пристапено а 10.2.2020)]</ref>
 
==Платниот промет во Македонија==
Обемот на плаќањата во [[Македонија]] бележат нагорен период во периодот [[2005]]-[[2015]]. Така, во 2005 година биле реализирани 21,3 милиони налози за плаќање, со просечна вредност од 279.497 [[денар]]и, додека во 2015 година се реализирале 65,7 милиони налози, со просечна вредност од 670.868 денари.