Чеслав Милош: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, ситна поправка
Ред 5:
 
==Творештво==
Милош е најпознатиот претставник на [[Вилна|виленската]] [[авангарда]] и од самиот почеток бил миленик на полската критика и на публиката. Особено е читан и фален неговиот втор том, „[[Три зими]]“ (1936), кој се смета за еден од најсветлите моменти на [[Полска поезија|полската предвоена поезија]]. Притоа, во неговата поезија катастрофичните елементи не се внесени во вид на неодредена фантазмагорична [[бајка]], туку се реално прикажани како составен елемент на тогашниот полски живот. И токму таа публицистичност е едно од најважните обележја на поезијата на Милош. Никој во полската поезија не го отсликал толку силно страдањето за време на окупацијата на [[Полска]]. Неговата книга „[[Спасение (Чеслав Милош)|Спасение]]“ (1945) истовремено претставува поетска осуда на [[војна]]та и споменик на болката, разговор со погинатите другари и порака до идните поколенија. Во тие рамки, циклусот посветен на разурнатата [[Варшава]] е највисокото поетско остварување на Милош. По емигрирањето од Полска, Милош објавил повеќе поетски збирки и неколку {[[роман]]и, но многу повеќе бил ангажиран како [[Публицистика|публицист]], памфлетист и полемичар.<ref>''Savremena poljska poezija''. Beograd: Nolit, 1964, стр. 141-142.</ref>
 
==Библиографија==