Пол Верлен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 64:
Верлен е најистакнатиот претставник на [[импресионизам|импресионизмот]] во [[книжевност]]а. Според А. Адам, одредени песни од „[[Белгиски пејзажи|Белгиските пејзажи]]“ ја создаваат [[поезија]]та на изразениот импресионизам, во она смисла на зборот што ќе се појави по 15 години во сликарството. Во [[1874]] година се појавило најимпресионистичкото дело на Верлен, збирката „[[Романси без зборови]]“. Верлен ја третирал поезијата на истиот начин како што твореле импресионистите во [[сликарство]]то: тој не обрнувал внимание на појавите, а бил преосетлив на боите и тоновите, на музичката структура на зборовите и песните. Оттука, неговата поезија зачудува првенствено со отсуството на анегдотичност. Според зборовите на О. Надал, „одредени песни збунуваат со посебноста на сензациите, со деликатниот распоред на боите, со дијапазонот на клавијатурата и чистата звучност. Барањето поетски јазик без зборови, бродоломот на смислата на зборовите на моќните текови на музиката и сликите, сведочат дека Верлен одлучно скршнал кон [[уметност]]а чија основа требало да биде сензацијата“. Навистина, во [[септември]] [[1872]] година, додека бил во [[Лондон]], Верлен пишувал за својата нова поетика која е „сосема модернистичка“, мислејќи на „Романсите без зборови“. Во тоа писмо, тој пишувал дека размислува потполно да го отстрани човекот од својата нова збирка, на сметка на предметите и пејзажите, велејќи дека „тоа ќе биде многу [[Музика|музикално]], но без инфантилноста во стилот на [[Едгар Алан По|По]]...и живописно во најголема можна мерка“. Меѓутоа, веќе во [[пролет]]та [1873]] година, Верлен започнал да се оддалечува од импресионизмот, така што збирката „Романси без зборови“ не ги почитувала доследно импресионистичките принципи.<ref>Danilo Kiŝ, „Verlen“, во: Pol Verlen, ''Pesme''. Beograd, Rad, 1969, стр. 79.</ref>
 
Верлен не ја посеудвалпоседувал творечката сила на Иго или мистичната длабочина на Бодлер, но затоа пак, тој бил најмузикалниот поет на своето време. Неговите песни се приближуваат до акварелите на [[Вилијам Тарнер]], исполнети со проѕирни тонови и треперливи нијанси. Како и Маларме, и тој изразил отпор кон вкочанетоста на парнасовската поезија и на студениот александринец му всадил флуидност и намерни дисонанси. Навистина, во основа ѝ останал верен на традиционалната прозодија, но сепак, тој постојано импровизирал и откривал нови можности во поетската материја и, особено во однос на версификаторските способности, ја изедначувал поетската творба со народната [[шансона]]. Во таа смисла, Клодел напишал: „Од поезијата на Верлен се воскрева најчиста и најчувствителна музика, и сите негови дела се неспоредливо единство на душата и телото низ најсуптилни [[Мелодија|мелодии]].“ Уште повеќе, [[Антоан Блонден]] рекол дека дури и неговото име завучи како чиста [[музика]].<ref>Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, ''Есенска песна''. Скопје: Македонска книга, 1987.</ref>
 
Во [[1881]] година се појавила збирката „[[Мудрост (книга на Верлен)|Мудрост]]“, која била одраз на длабоката психичка криза во која западнал Верлен откако бил затворен поради тоа што пукал во [[Артур Рембо|Рембо]]. Поради тоа, во оваа збирка артизмот бил сведен на најмала мерка, заедно со импресионизмот и [[Симболизам|симболизмот]], така што таа може да се опише како чиста спиритуалност изразена со средствата на една стога уметност. Оваа книга претставува негова најискрена поетска исповед, исполнета со длабоко покајување и со надеж („француска надеж“, како што самиот се изразил во предговорот).<ref>Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, ''Есенска песна''. Скопје: Македонска книга, 1987.</ref> Така, во предговорот стоело: „Авторот на оваа збирка не мислел секогаш како што мисли денес. Тој долго скитал во светот на современата корупција, при што и самиот тој имал учество во грешките и незнаењето. Потоа беше опоменат со некои сосема заслужени маки и [[господ]] му ја искажал милоста да го сфати предупредувањето. Тогаш, тој се фрли на колена пред долго непризнаваниот олтар“. Всушност, целиот свој живот Верлен го поминал растгрнат меѓу верскиот мистицизам и боемството. Оттука, некои негови песни, особено од последната поетска фаза, кога тој целосно се откажал од барањето на [[Бог]]а, се граничат со [[порнографија]]та. Во тој поглед, Ришар тврди сека Верленовиот мистицизам воопшто не се оддалечува од [[либидо]]то и една [[Сигмунд Фројд|фројдовска]] [[анализа]] би покажала дека неговото повремено враќање кон верата претставува само сложен, но јасно одреден, пат на либидоносниот кошмар.<ref>Danilo Kiŝ, „Verlen“, во: Pol Verlen, ''Pesme''. Beograd, Rad, 1969, стр. 80.</ref> Според многумина, „Мудрост“ е најдобрата збирка на Верлен.<ref>Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, ''Есенска песна''. Скопје: Македонска книга, 1987.</ref>