Стеван Трајков Калески: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Создадена страница со: '''Стеван Трајков Калески''' бил македонски револуционер во Македонска револуционе...
(нема разлика)

Преработка од 09:38, 14 октомври 2019

Стеван Трајков Калески бил македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.[1]

Биографија

Стеван Трајков Калески бил роден во 1871 година во селото Долно Дивјаци, општина Крушево.

Во македонската револуционерна организација се приклучил рано. Во 1901 година работел во неговото село заедно со Јон Кушевски и Ставри Димитров (Ставре Димитријоски). Бил дел од четите на војводите Ѓурчин Наумов, Јордан Пиперката, Блаже Биринчето, Веле Марков, итн.[1]

Во септември 1904 година бил дел од четата на Ѓурчин Наумов, во времето кога Ѓурчин бил убиен од турскиот аскер.[1]

Во 1910 година од страна на Турците бил затворен во затворот во Битола, како учесник во борбите против Османлиската Империја.[1]

Во 1944 година заедно со Мате Доага од Крушево ги помагал партизанските единици.[1]

Извори

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.