Хари Потер и Редот на фениксот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Damco7 (разговор | придонеси)
I changed the dedication, synopsis, image (from Infobox) and I added Table of Contents.
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Инфокутија за книга
| color =
| name = Хари Потер и Редот на фениксот
| title_orig = Harry Potter and the Order of the Phoenix
| image = [[Податотека:Harry Potter and the Order of the Phoenix (Signature Edition)8080489.jpg|200px]]
| caption = ОригиналнатаМакедонска корица на оваа книга
| author = [[Џ. К. Роулинг]]
| translator = [[Оливер Јордановски]]
Ред 26 ⟶ 25:
| followed_by = [[Хари Потер и Полукрвниот Принц]]
}}
'''''Хари Потер и Редот на фениксот''' (''оригинално:'' ({{lang-en|'''Harry Potter and the Order of the Phoenix'''}}) е петтиотпеттото романпродолжение од ''[[Хари Потер]]'' серијалот напишан од страна на писателката [[Џ. К. Роулинг]]. ОваРоманот еги најдолгатаопишува книгадоживувањата од целиот серијал и беше издаденана [[21Хари јуни]]Потер [[2003(лик)|Хари Потер]]. Романотза севреме работина занеговата петтатапетта година наво Хари[[Хогвортс|Хогвортс воУчилиштето Хогвартсза Вештерство и Волшебништво]], вклучувајќи го и мистериознотоскришното враќање на непријателотнајголемиот душман на Хари, [[Лорд Волдеморт]], [[Хогвартс#Сортирање и оценување|О.В.СН. испитите и опскруптивното Министерство за Магија. Ова е најдолгата книга во серијалот, и за првпат беше објавена на [[21 јуни|21 Јуни]], незгодна[[2003]] тинејџерскагодина љубовод истрана проблемина соБлумсбери чуднотово [[МинистерствоОбединето заКралство|Обединетото магииКралство]], Сколастик во [[Соединети Американски Држави|Соединетите Американски Држави]] и Рејнкост во [[Канада]]. Книгата бешее направена и во [[Хари Потер и Редот на фениксот (филм)|филм]], кој беше прикажанобјавен за првпат во [[2007]] година, и исто така беа направени неколку [[Хари Потер и Редот на фениксот (видео игра)|видео игри]] од страна на Електроник Артс. Хари Потер и Редот на Фениксот освои и неколку награди, вклучувајќи го и именувањето за најдобра книга за млади луѓе од страна на Американската Библиотечна Асоцијација во [[2003]] година.
 
== СодржинаПосвета ==
<blockquote>''На Нил, Дејвид и Џесика''
=== Нападот на дементорите ===
 
=== Редот на фениксот и преслушувањето ===
''кои ми го прават животот магичен.''</blockquote>Книгата е посветена на три многу важни личности во животот на авторката: Нил, нејзиниот сопруг; Дејвид, нејзиниот син; и Џесика, нејзината најстара ќерка од првиот брак.
=== Долорес Амбриџ и измени и верувања во волшебничкиот свет ===
 
=== Армијата на Дамбладор ===
== Заплет ==
=== О.В.С. испитите ===
Здодевноста на летото буквално му оди на нерви на Хари Потер во почетокот на книгата. Тој останува во Приват Драјв, целосно отсечен од волшебничкиот свет, постојано надевајќи се дека ќе чуе некакви вести за повраќањето на моќта на Лорд Волдеморт. Откако ќе налета на својот братучед, Дадли Дарсли, на патот, Хари и Дадли се нападнати од дементори. Хари ги истерува со Патронус, и е изненаден кога ја гледа госпоѓа Фиг, неговата стара соседка што многу сака мачки, како доаѓа по патот упатена кон двајцата тинејџери.
=== Борбата во одделот за мистерии и изгубеното пророштво ===
 
Меѓутоа, таа не им вика на двете момчиња, туку наместо тоа открива дека таа е неспос која го чувала Хари од почетокот на летото; таа е бесна на Мандангус Флечер (кој требало да го чува Хари).
 
Хари, госпоѓа Фиг и Дадли на кому му е многу лошо пешачат до Приват Драјв.
 
Министерството за Магија му праќа писмо на Хари, велејќи му дека е истеран од Хогвортс поради малолетничка магија. Дамблдор реагира брзо, кажувајќи му на Министерството дека немаат авторитет да истеруваат ученици од Хогвортс; затоа Министерството договара сослушување за да одлучи дали да го скрши или да не го скрши стапчето на Хари. Хари е информиран за ова преку многубројни писма кои се доставуваат во куќата на Дарслиеви откако Хари го употреби волшебството Патронус.
 
Поради тоа што безталците не можат да ги видат дементорите, Дадли претпоставува дека Хари го нападнал со некаква магија. Вернон е спремен да го исфрли Хари на улица, како што тој одсекогаш се заканувал дека ќе стори, кога баш во тој момент Петунија добива Викач.
 
Пред таа да има можност да го отвори писмото, тоа се вивнува во пламења, и заканувачки глас вели: „Запомни ми го последното“. Петунија тогаш веднаш го разубедува својот сопруг да му дозволи на Хари да остане во Приват Драјв. Хари нема поим што се случува.
 
По многу денови заклучен во својата соба, бројни вештерки и волшебници (самонаречени како „Напредна Гарда“) доаѓаат да го спасат Хари од домот на Дарслиеви. Тие се членови на Редот на Фениксот, елитна група чии членови се борат против Лорд Волдеморт и Смртојадите. Тие го донесуваат Хари во главниот штаб, куќата на семејството Блек, на улица Гримолд број 12 (во Лондон). Визлиеви, Хермиона Гренџер и кумот на Хари, Сириус Блек се таму. Хари дознава дека Волдеморт гради армија и дека се обидува да дојде до извесно „оружје“. Артур Визли го испраќа Хари до неговото сослушување. Тој е ослободен од сите обвиненија по сведочењето од Дамблдор, и од соседката на Хари, госпоѓа Фиг.
 
Подоцна, Рон и Хермиона се именувани за префекти. Кога Хари, Рон и Хермиона се враќаат во Хогвортс, тие се изненадени што слушаат дека Долорес Амбриџ, висок подсекретар на Министерството (која беше на сослушувањето на Хари) е новата професорка по Одбрана од Мрачните Вештини. За време на својата прва лекција тие откриваат дека Амбриџ одбива да ги научи на вистински одбранбени методи и дека нема да учат да изведуваат магии, туку ќе учат теорија одобрена од Министерството (учејќи на „начин без ризик“). Станува јасно дека таа е таму да шпионира и да преземе контрола врз училиштето и наскоро е назначена за Висок Инквизитор, произволно измислувајќи правила и регулации (познати како „Образовни Декрети“). Таа исто така чувствува омраза кон „мелезите“, какви што се кентаурите, врколаците и слични суштества. Таа ги смета Рубеус Хагрид (полу-џин) и Сибил Трелони за некомпетентни, и ја протерува Трелони (Хагрид е отпуштен подоцна.) Иако Дамблдор не е во можност да го спречи отпуштувањето на Трелони, во негов авторитет е да и дозволи да остане во замокот и назначува нов учител по Предвидување - кентаурот Фиренц.
 
Хари има вознемирувачки сонови за тоа како трча по ходници и се обидува да отвори врата во Министерсвото за Магија во Секторот за Мистерии. Тој исто така сонува дека тој е змија која го напаѓа таткото на Рон. Господин Визли навистина е пронајден повреден во Министерството, страдајќи до неколку отровни змијски каснувања. Хари се плаши да не е можеби опседнат од Волдеморт. Во контекст на тоа, Дамблдор го замолува Снејп да го учи на Хари Оклуменција за да го спречи неговиот ум од надворешни упади, но поради нивната меѓусебна омраза, часовите завршуваат предвреме.
 
Поради големиот број на ученици кои се скептични поради враќањето на Волдеморт, Хермиона уценува новинар (и нерегистриран анимагус) Рита Скитер да напише поволна приказна со сведочењето на Хари за враќањето на Волдеморт. Ученичката од Рејвенкло, Луна Лавгуд, блиска пријателка на Џини Визли, се расправа со својот татко да ја објави приказната во неговиот весник, Ситничар. Бесна, Амбриџ го забранува списанието во училиштето, но приказната се шири со брзина на светлината, собирајќи поддржувачи на Хари. Многумина во волшебничката заедница сега веќе му веруваат на Хари.
 
Хермиона го убедува Хари тајно да ги учи учениците на Одбрана од Мрачните Вештини. Иако во почетокот се противи, Хари на крајот прифаќа. Името на нивната тајна група е „Дамблдоровата Армија“, или Д.А. на кратко, за да му се исмеваат на Министерството за Магија, кое се плаши дека можеби Дамблдор гради тајна волшебничка армија за да го превземе истото. Кога Амбриџ ги откива состаноците на групата, што е благодарение на пријателката на Чо Ченг, Мариета Еџкомб, Дамблдор тврди дека тој ја организирал. Соочен со два аурори, Џон Доулиш и Кингсли Шеклболт (кој не му е лојален на Министерството, туку на Дамблдор), министерот Фаџ и Амбриџ, Дамблдор лесно ги разоружува и спектакуларно заминува со помош на својот феникс, Фокс. Амбриџ е назначена за директорка и наметнува уште построга контрола. Близнаците Визли, на кои им е преку глава од се, дигаат побуна, предизвикувајќи хаос во училиштето додека персоналот не прави ништо за да и помогне на Амбриџ да си ја поврати контролата. Ова го означува крајот на волшебничкото образование на Фред и Џорџ, кои сега се слободни да се преселат во Дијагон Алејата и да го отворат својот дуќан Волшебничките Враголии на Визлиеви.
 
Хари добива визија дека Сириус е измачуван во Секторот за Мистерии, иако Хермиона се сомнева дека може да биде стапица. Хари очајнички се обидува да го контактира Сириус на улица Гримолд со помош на Лет Мрежата од огништето во канцеларијата на Амбриџ, но тој е фатен на дело. Амбриџ открива дека таа била таа која ги пратила дементорите да го нападнат Хари за време на летото. Во моментот кога таа сака да ја употреби Крутиатус Клетвата врз него, Хермиона тврди дека Дамблдор скрил моќно оружје во Забранетата Шума. Таа ги носи Хари и Амбриџ во Шумата каде тие среќаваат кентаури. Амбриџ будалесто ги навредува и лутите кентаури ја земаат Амбриџ и ја носат длабоко низ дрвјата додека таа вреска на цел глас. Кога џинот, полубрат на Хагрид, Гроп истапува на сцената, Хермиона и Хари бегаат среде хаосот.
 
Хари, Рон и Хермиона, заедно со Луна, Џини и Невил летаат во Министерството за Магија на училишните тестрали, несвесни дека се намамени во стапица. Кога тие пристигнуваат во Секторот за Мистерии, паѓаат во заседа од Смртојади. Волдеморт бара пророштво кое се содржи во стаклена сфера таму и му треба Хари да го земе место него.
 
Учениците херојски се борат против Смртојадите, но тие се многу поискусни од нив. Тие се речиси поразени, но членовите на Редот одеднаш пристигаат за да им помогнат. За време на жестоката битка, стаклената сфера е скршена и пророштвото изгубено. Сириус е погоден со магија од неговата братучедка Смртојадка, Белатрик Лестранж, и паѓајќи наназад, исчезнува низ мистериозниот свод од вел. Ремус Лупин го спречува Хари, кој сака да го следи и да го спаси Сириус, кажувајќи му дека Сириус е мртов. Дамблдор пристигнува и Смртојадите, освен Лестранж, се фатени. Лорд Волдеморт се појавува и води двобој со Дамблдор кога вработените во Министерството за Магија пристигнуваат на време да го видат Мрачниот Господар пред да се дисапартира, земајќи ја Лестранж со него. Корнелиус Фаџ конечно признава дека Волдеморт е вратен и интервјуто на Хари со Рита Скитер е повторно отпечатено во Дневниот Пророк.
 
Подоцна Дамблдор му се извинува на Хари поради тоа што ги заджувал информациите од него во изминатата година. Тој му го открива изгубеното пророштво, затоа што на него му било речено за прв пат. Пророштвото гласи:
 
„Оној со моќта да го уништи Мрачниот Господар доаѓа... роден од тие кои трипати го победиле, роден на умирањето на седмиот месец... и Мрачниот Господар ќе го означи како рамен на него, но тој ќе ја има моќта незнајна за Мрачниот Господар... и еден од нив мора да умре од раката на другиот затоа што ниеден не може да живее додека другиот дише... оној со моќта да го уништи Мрачниот Господар ќе биде роден кога седмиот месец ќе умира...“
 
Дамбдлор исто така открива дека, според предвидувањето, Невил Лонгботом исто така можело да биде момчето од пророштвото. Дамблдор верува дека Волдеморт избрал да го нападне Хари поради тоа што Хари е мешанокрвен како него, додека Невил е чистокрвен. Поради тие причини, Мрачниот Господар го обележал Хари како рамен на себе.
 
== Листа на поглавја ==
 
# Дадли Дементоросан
# Јато Бувови
# Напредна Гарда
# Улица Гримолд Број Дванаесет
# Редот на Фениксот
# Благородната и Најдревната Куќа на Блекови
# Министерството за Магија
# Сослушувањето
# Маките на Госпоѓа Визли
# Луна Лавгуд
# Новата Песна на Сортирачката Капа
# Професорката Амбриџ
# Казнена со Долорес
# Перси и Мекошеп
# Висок Инквизитор во Хогвортс
# Во Вепрова Глава
# Образовен Декрет Број Дваесет и Четири
# Дамблдоровата Армија
# Лавот и Змијата
# Приказната на Хагрид
# Окото на Змијата
# Болницата на Свети Мунго за Волшебнички Маладии и Повреди
# Божиќ на Затворено Место
# Оклуменција
# Бубачка во Тесно
# Видено и Непредвидено
# Кентаурот и Предавникот
# Најлошото Сеќавање на Снејп
# Советување за Кариера
# Гроп
# О.В.Н.-ови
# Надвор од Огнот
# Борба и Бегство
# Секторот за Мистерии
# Зад Велот
# Единствениот од кој се Плаши
# Изгубеното Пророштво
# Втората Војна Започнува
{{Шаблон:Хари Потер}}