Стеблево: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Brsjakovski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Стеблево денес е воглавно торбешко село, додека во минатото во селото имало и православни-македонски фамилии.
 
Како најстари православни родови во ова село се спомнувале: ''Рајковци, Стевовци и Ѓерановци'' кои биле и основачи на селото, и се доселиле од денес [[Власи|влашкото]] село [[Магарево]]. Тие биле од македонско словенско потекло, а во Стеблево се населиле од средината на 18ти век, т.е во периодот кога се доселувале [[Македонски Власи|Власите]] во селото [[Магарево]].<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Голо Брдо|last=Филиповиќ|first=Миленко|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Битолско-прилепска котлина|last=Трифуноски|first=Јован|publisher=САНУ|year=1998|isbn=|location=Белград|pages=}}</ref>друг православен род во селото бил ''Мациновци или Кољовци'' кои се доселиле од местото [[Мартинеши]].
 
Муслимански родови биле: од родот ''Мациновци'' биле двајца браќа од кои едниот го примил исламот. Потоа во селото е родот ''Петровци'' со околу (60 к.) тие додека биле православни биле многу богати и ја терале стоката на разни места во [[Албанија]]. Тие си ја промениле верата, но си го задржале старото име. ''Грујовци'' тие биле доселени од [[Подгорица]] во [[Црна Гора]], а имале православни роднини во селото [[Пискупштина]] во [[Дримкол]].<ref name=":0" />