Македонска православна црква - Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.125.204.78 (разговор), вратено на последната верзија на Bjankuloski06
Ознаки: Отповикување SWViewer [1.2]
Ред 19:
|}
 
[[Податотека:Macedonian cross.svg|мини|десно|200п|Македонски крст, крстот од Велјуса - еден од симболите на МПЦ.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Macedonian_cross.svg]]
 
'''Македонска православна црква - Охридска архиепископија''' ('''МПЦ-ОА''') или само '''Македонска православна црква''' ('''МПЦ''') — национална црква на [[Македонци]]те со [[Православиеправославие|православна вероисповед]] и најголема црква во [[Македонија]].
 
Македонската православна црква се финансира од државниот буџет на Република Македонија и не е задолжена да плаќа даноци кон државата.
Ред 27:
== Историја ==
=== Рано христијанство ===
[[Христијанство]]то во [[етничка Македонија]], па и пошироко на [[Балкан]]от, прв го проповеда и шири [[апостол Павле]] при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и [[Апостолапостол Лука|Лука]], [[Апостолапостол Тимотеј|Тимотеј]], [[Апостолапостол Сила|Сила]] и [[Апостолапостол Тихик|Тихик]] кои и самите независно од апостол Павле работат на [[христијанизација]] на овие простори. Низ Македонија проповеда и [[Апостол Андреј Првоповикан]] кој и го поставува [[апостол Урбан]] за прв епископ во Македонија. [[Апостол Силуан]] бил првиот епископ во [[Солун]], а [[Епафродит]] во Адрија или Адријакија (погранично место со [[Тракија]]). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана [[Црква]]. Би спомнале тука и дека апостолите [[Аристарх]] и [[Секунд]] биле солунјани, [[Епафродит]] бил од [[Филипи]], а [[Гај]] од [[Добер]] (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу [[Струмица]] и [[Валандово]]. Во тоа време Македонија била под [[Античкиантички Рим|римска]] власт така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и [[Вселенскивселенски собор|вселенските собори]].
 
* Во V век на просторот низ цела територија на етничка Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле [[Солун]], [[Скопје]], [[Хераклеа]], [[Баргала]] и [[Стоби]]. Во тој период и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански [[Базиликабазилика|базилики]].
 
* За време на владеењето на царот [[Јустинијан I]] ([[527]]-[[565]]), кој потекнувал од с. [[Таврисион]], близу до денешното [[Скопје]], бил изграден нов град наречен [[Јустинијана Прима]], во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален [[архиепископ]]. [[Кателијан]] бил првиот архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: [[Бененат]], [[Павле]], [[Јован I]], [[Леон]], и последниот - [[Јован IX]], кој во [[680]]-[[681]] година учествувал на [[Трулски Собор|Трулскиот Собор]] во [[Цариград]].
 
* Во [[VII век]] на територијата на [[Македонија]] е извршена [[Словенисловени|словенска]] колонизација при што доаѓа до мешање на староседелците со Словените. Нивната христијанизација започнува во IX век, со делото и со животот на браќата Свети [[Кирил и Методиј]], кои потекнувале од [[Солун]]. Тие ја составиле азбуката на словенскиот јазик и го превеле [[Библија|Светото Писмо]] и другите дела што биле потребни за да можат црковните служби да се молитвословат на јазикот на кој зборувал народот. Нивното дело со помошта на бугарскиот цар [[Борис I]] Михаил го продолжуваат [[Климент Охридски|Климент]] и [[Наум Охридски]], [[Константин Брегалнички]] и нивните ученици кон крајот на IX и почетокот на X век.
 
* [[Климент Охридски]] го основал првиот [[универзитет]] на Словените на овие простори, а [[Наум Охридски]] го основал првиот словенски [[манастир]] на брегот на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]].
 
=== Охридска архиепископија ===
Во втората половина на X век, во рамките на [[Самуилово Царство|Самуиловата држава]] е организирана [[Охридска архиепископија|Охридската автокефална архиепископија]], во достоинство на [[патријаршија]], а подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, сè до [[1767]] година кога е укината од страна на турскиот султан [[Мустафа III]], а нејзините епархии се присоединети кон [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]].
 
[[Податотека:Teodosij gologanov.jpg|мини|лево|[[Теодосиј Гологанов]] бил поборник за обновување на Охридската архиепископија|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Teodosij_gologanov.jpg]]
 
* Нејзините епархии смениле неколку јурисдикции од соседните православни цркви. Особено жестоки борби биле водени по средината на XIX век за создавање на [[Бугарска егзархија]], во кои учествувале деjци како [[Димитар Миладинов|Браќа Миладинови]], [[Григор Прличев]], [[Кузман Шапкарев]]. Таа била афирмирана со султански ферман во 1870 година со центар во [[Цариград]] и до Балканските воjни ги вклучувала епархиите Битолска, Велешка, Дебарска, Охридска, Скопска, Струмишка, Неврокопска и имала обласни претставители во Леринско (Магленско), Воденско, Солунско, Поленинско (Кукушко), Серско, Мелнишко, Драмско. Во 1912 година имала 1.373 егзархиски училишта со 2.266 учители и 78.854 ученици во Македониjа. Денес неjзина наследница е [[Бугарска православна црква|Бугарската патријаршиjа]]. По Балканските и [[Прва светска војна|Првата светска воjна]] и укинувањето на Бугарската егзархиjа во Вардарска Македониjа таа беше насилно потчинета на [[Обединета православна црква на Србите, Хрватите и Словенците|Обединетата православна црква на Србите, Хрватите и Словенците]]. Во текот на бугарската окупација на Македонија (1941-1945), црквата во Македонија повторно била под управа на тогаш непризнаената Бугарска православна црква. Услови за враќање на самостојноста се создаваат дури кон крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]].
 
=== Обновување на црквата ===
[[Податотека:Lamentation icon Nerezi MK.jpg|250п|мини|десно|Оплакувањето на Христа (1164), една од најпознатите македонски фрески|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Lamentation_icon_Nerezi_MK.jpg]]
[[Податотека:Dioceses of the Macedonian Orthodox Church (1967-2013).svg|мини|250п|десно|Епархиите на МПЦ од 1967 до 2013 година.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Dioceses_of_the_Macedonian_Orthodox_Church_%281967-2013%29.svg]]
[[Податотека:INICIJATIVEN ODBOR ZA mpc 1945.jpg|мини|250п|лево|Писмо од Иницијативниот одбор до Президиумот на АСНОМ за организирање самостојна Македонска православна црква (февруари 1945).|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:INICIJATIVEN_ODBOR_ZA_mpc_1945.jpg]]
 
Пред самиот крај на војната, во [[1944]] г. во селото [[Врановци]] бил создаден [[Иницијативен Одбор за организирање на Македонската православна црква]]. На [[3 јануари]] [[1945]] година, Иницијативниот одбор за обновување на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]] испратило писмо до Светиот архијерејски синод на [[Српска православна црква|Српската православна црква]] со образложение на иницијативата. Писмото пристигнало до [[СПЦ]] на [[22 јануари]] [[1945]], а на него одговорил протераниот скопски митрополит Јосиф, со зборовите: „штом бидам слободен, ќе се погрижам да се видам со вас, во [[Белград]] или [[Скопје]]“. На [[4 март]] [[1945]] година, во Скопје бил одржан [[Прв македонски црковно-народен собор|Првиот црковно-народен собор]], на кој била донесена резолуција за обновување на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]], како Македонска православна црква. Оттука, на [[9 март]] [[1945]] година, Иницјативниот одбор испратил телеграма до СПЦ со известување дека „на 4 март, во Скопје, во главниот град на [[Македонија]], се собра македонскиот црковно-народен собор на кој делегатите ја искажаа еднодушната желба на сите [[Православни|православни]] [[Македонци]] за што побрзо прогласување самостојна Македонска православна црква, односно обновување на историската Охридска ариепископија“. Светиот синод на СПЦ го замолил митрополитот Јосиф да замине во Скопје, но министерот за внатрешни работи не му издал патна дозвола.<ref>Блаже Миневски, „Српските владици ќе бидат линчувани ако се вратат во Македонија“, ''Публика'', неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 2-3.</ref>
 
На [[2 април]] [[1945]] година, митрополитот Јосиф го известил Светиот синод на СПЦ дека формирал црковен [[суд]] за Скопската епархија, со привремено седиште во [[Врање]]. Како реакција на тоа, со акт на претседателството на [[Влада на Македонија|владата на Македонија]], број 1.228 од [[25 јули]] [[1945]] година, доставен до администраторот на Српската патријаршија, било испратено известување дека свештенството на [[Скопска епархија|Скопската епархија]], на својата редовна седница од [[18 јули]] [[1945]] година, ги разгледувало провокациите на митрополитот Јосиф, кој во [[Црква (објект)|црквите]] во [[Македонија]] го испраќал својот гласник кој делел [[пари]] за помош на Скопската, Злетовско-струмичката и Охридско-битолската епархија.<ref>Блаже Миневски, „Српските владици ќе бидат линчувани ако се вратат во Македонија“, ''Публика'', неделен политички прилог, број 203, сабота, 8 ноември 2014, стр. 3.</ref>
Ред 59:
Архијерејскиот собор на СПЦ упорно опстојувал на своите ставови и поради тоа, по Соборот од 9 и [[10 мај]] [[1946]] година, во своите понатамошни барања, Иницијативниот одбор истапувал со помали барања, т.е. наместо како автокефална, се барало да биде признаена како самостојна црква. Но, барањето на Иницијативниот одбор повторно не наишло на одобрување. По долги години на статус-кво состојба, од 4 до [[6 октомври]] [[1958]] година, во [[Охрид]] бил одржан [[Втор македонски црковно-народен собор|Вториот македонски црковно-народен собор]], каде што била прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ бил избран г. [[Доситеј]].
 
Архијерејскиот собор на СПЦ се согласил со одлуките на Македонскиот црковно-народен собор, во одлуката АС. бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни [[1959]] година. Одлуката за самостојност на МПЦ била потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска [[литургија]] со српскиот патријарх [[Герман]], на [[19 јули]] [[1959]] година во [[црквата Св. Мина]] во Скопје, а истовремено била извршена и [[хиротонија]] на преспанско-битолскиот владика [[Климент]]. Со тоа, Светиот архијерејски синод на СПЦ дал самостојност на Македонската православна црква, со тоа што таа и понатаму останала во канонско единство со СПЦ, преку нејзиниот патријарх. По неколку дена, во [[Црквацрква Св. Никола (Штип)|црквата Св. Никола]] во [[Штип]], г. [[Наум]] бил хиротонисан за владика на [[Злетовско-струмичка епархија|Злетовско-струмичката епархија]]. Исто така, бил конституиран [[Синод на МПЦ|Синодот на МПЦ]] според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во [[Архиепископија|архиепископијата]] и во епархиите.
 
Во мај [[1962]] година, во придружба од патријархот [[Герман]], со неколку епископи на СПЦ, во посета на МПЦ дошол [[патријархот московски Алексиј]], придружуван од митрополитот [[Никодим]], епископот [[Пимен]] и повеќе високодостоинственици на [[Руска православна црква|Руската православна црква]]. На празникот на [[Св. Кирил и Методиј]], во црквата [[Св. Богородица Каменска]] во [[Охрид]] била одржана и архијерејска [[литургија]], на која што зеле учество патријархот московски [[Алексиј]], патријархот српски [[Герман]] и архиепископот охридски и митрополит македонски [[Доситеј]]. Ова било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други афтокефални цркви.
Ред 70:
{{главна|Устав на МПЦ - ОА}}
 
[[Податотека:Dioceses of the Macedonian Orthodox Church (2013-present).svg|мини|400п|десно|Епархиите на МПЦ во Македонија|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Dioceses_of_the_Macedonian_Orthodox_Church_%282013-present%29.svg]]
 
Епархиите на Македонската православна црква не се протегаат само на подрачјето на [[Република Македонија|македонската држава]], туку и во црковните општини надвор од границите на Македонија.
 
Епархии на МПЦ се:
:# [[Скопска епархија]], предводена од архиепископот г. г. Стефан;
 
:#[[Скопска епархија]], предводена од архиепископот г. г. Стефан;
:# [[Тетовско-гостиварска епархија]], предводена од Високопреосветениот митрополит г. Јосиф (Тодоровски)
:# [[Кумановско-осоговска епархија]], предводена од Високопреосветениот митрополит г. Јосиф (Пејовски)
Ред 91 ⟶ 90:
Од возобновувањето на МПЦ па до [[2013]] година, Тетовско-гостиварската и Кумановско-осоговската биле обединети во една [[Полошко-кумановска епархија]]. Старата епархија била предводена од митрополитот Кирил. По [[смрт]]та на митрополитот во 2013 година, епархијата била поделена на две нови.<ref>[http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=58545#.UcIHwucwemo Две нови епархии на место Полошко-кумановската]</ref> Во февруари 2016 година, Синодот на МПЦ одлучил во [[Австралија]] да се формира уште една епархија, т.е. 12 црковни општини да влезат во состав на МПЦ - Епархија за Австралија и [[Нов Зеланд]], а други 12 општини да бидат дел од посебна епархија, наречена МПЦ - Епархија [[Канбера]], Австралија и [[Тасманија]].<ref>„Синодот на МПЦ аминува втора епархија за Македонците во Австралија“, ''Дневник'', година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 3.</ref>
 
Според точката 17 од Образложението на Одлуката за автокефалност, Македонската православна црква, како административен дел од едната, света, соборна и апостолска црква, ќе ги чува [[Библија|Светото Писмо]], [[Свето предание|Светото предание]], [[Апостолскиапостолски правила|апостолските правила]] и прописите на вселенските и помесните собори и ќе се раководи согласно со нив и со Уставот на Македонската православна црква.
 
== Односи со другите православни цркви ==