Илинденско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
nema deklaracija
Ред 18:
}}
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
[[Податотека:Ilinden-Preobrazhenie-proclamation.jpg|десно|мини|310п|Повик за востанието|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Ilinden-Preobrazhenie-proclamation.jpg]][[Податотека:Ilindensko vostanie1.jpg|мини|десно|310п|Востаничката територија во Македонија|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Ilindensko_vostanie1.jpg]][[Податотека:November 14, 1903 The New York Times.JPG|мини|десно|310п|November 14, 1903 The New York Times|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:November_14,_1903_The_New_York_Times.JPG]]
'''Илинденско востание''' — востание на [[Македонци|македонскиот народ]]<ref><small>''[[Македонска енциклопедија]]''</small></ref> против османлиската власт. [[Солунски конгрес од 1903|Конгресот]] на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание при што започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. [[Смилевски конгрес|Конгресот на Битолскиот револуционерен округ]], одржан во Смилево, одлучил да се крене општо ослободително востание и избрал [[Главен штаб за II Битолски револуционерен округ|Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ]] (во состав: [[Дамјан Груев]], [[Борис Сарафов]] и [[Анастас Лозанчев]]), кој донел одлука востанието да започне на денот Свети Илија, [[2 август (настани)|2 август]] [[1903]] година (нов стил).
 
По започнувањето на востанието, [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] на Организацијата во Софија им предало на владите на европските големи сили [[s:Декларација на ЦК ТМОРО до владите на големите сили|Декларација]] со која биле известени за неподносливата експлоатација и за жестокоста на режимот на османлиската држава кој не ги почитувал елементарните права признаени на македонскиот народ со [[Берлински договор|Берлинскиот договор]]. Од нив се барала ефикасна интервенција за да се присили владата на Турција, како единствено одговорна за воениот конфликт, да ги изврши преземените обврски и на Македонија да ѝ даде автономија.
 
Востаничките сили презеле нападни дејства во сите востанички реони. Востаниците од Крушевскиот востанички реон со концентриран напад го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле ослободени поголемите населени места [[Невеска]] и [[Клисура (Костурско)|Клисура]], a во Леринскиот, Охридскиот, Преспанскиот и во Кичевскиот револуционерен реон се воделе жестоки борби.
Ред 31:
Во [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]], каде што востанието било најмасовно, била извршена мобилизација на голем дел од боречкото население. Востаничкиот штаб им предал Меморандум на дипломатските претставници со протест поради варварските постапки на регуларните единици на војската, против палењето и разурнувањето на селата и масакрирањето на неборечкото македонско население.
 
Во [[Одрински револуционерен округ|Одринскиот револуционерен округ]] востанието избувнало подоцна. По [[конгресКонгрес на Петрова нива|Конгресот на Петрова нива]] [[Михаил Герџиков]] се вратил за неколку дена во Бугарија и телеграфски побарал од ЦК да се одложи денот на востанието. Му одговориле дека востанието може да се одложи најдоцна за 20 јули, Илинден. Герџиков се вратил во [[Странџа]] кај своите другари од штабот, [[Лазар Маџаров]] и [[Стамат Икономов]] на кои им го објавил резултатот. Со нив бил и секретарот [[Христо Силјанов]]. Сите тие заедно решиле сами да го продолжат рокот за уште 15 дена, до 6 август - [[Преображение]], за две причини: да се подготват подобро во борбите и да го користат случајот кога турските војници, кои биле концентрирани кон нивниот крај, ќе бидат испратени да го задушаат македонското востание, па тогаш со нивната акција да ги разделат и ослабаат. Сепак, тој факт не попречил востанието во [[Тракија]] да биде подолготрајно од востанието во Македонија.<ref><small>[http://www.promacedonia.org/giliev/mg/mg_3.htm#1 Михаил Герджиков, Защо Преображение, а не Илинден? (Бегла историческа бележка), Михаил Γерджиков и подвигът на тракийци 1903 г. съст. Надежда Недкова, Евдокия Петрова.]</small></ref> Таму востаничката власт потоа ја формирала [[Странџанска република|Странџанската комуна]], која ја опфаќала територијата меѓу [[Мало Трново]] и [[Царево|Василико]].
 
Европските големи сили имале свои интереси во османлиската држава и во регионот, биле против оруженото востание во Македонија и Одринско и за зачувување статус кво. На Владата на Турција и дале полна слобода да ги употреби сите потребни сили и средства за задушување на востанието. А соседните балкански држави биле исто толку заинтересирани за ликвидирање на востанието и за уништување на Македонската револуционерна организација, стравувајќи од интервенцијата на силите за давање автономија на Македонија.
Ред 68:
=== Солунски конгрес ===
{{Главна|Солунски конгрес од 1903}}
[[Податотека:Гоце Делчев со Серската чета.Jpg|мини|десно|300п|[[Гоце Делчев]] со Серската чета|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%A1%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B0.Jpg]]
[[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] на [[Иван Гарванов]] и [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] - [[Христо Татарчев]] и [[Христо Матов]] кон крајот на ноември [[1902]] година биле решени за кревање на востание. Затоа Иван Гарванов на [[6 јануари]] [[1903]] година ([[Јулијански календар|стар стил]]) испратил окружно до Задграничното претставништво, окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите.<ref name="ht"><small>Д-р Христо Татарчев, „Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност“, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995.</small></ref>
 
Ред 89:
 
=== Иван Гарванов во Софија ===
[[Податотека:IvanGarvanoffBGrevolutionary.jpg|мини|десно|150п|[[Иван Гарванов]]|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:IvanGarvanoffBGrevolutionary.jpg]]
 
По [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес]], [[Централен комитет на МРО|ЦК]] ги ополномоштил [[Иван Гарванов]] (''Давид'') и [[Велко Думев]] (''Орлеански'') да заминат во [[Софија]], усно да ја соопштат одлуката за востание и да ја поткрепат. [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] го поканил [[Михаил Герџиков]] да се сретне со нив, бидејќи Делчев заминал.
Ред 160:
==== Главен штаб ====
{{Главна|Главен штаб за II Битолски револуционерен округ}}
[[File:Struga 1903 1.jpg|thumb|250px|Знамето на [[Струга|Струшките]] востаници.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Struga_1903_1.jpg]]
Конгресот уште од првото заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран ''Главен штаб за II-от Битолски револуционерен округ'', а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: [[Даме Груев]], [[Борис Сарафов]] и [[Атанас Лозанчев]], а како нивни заменици биле избрани [[Георги Поп Христов]], [[Петар Ацев]] и [[Лазар Поп Трајков]]. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање, додека пак нивните заменици со тајно гласање <ref name="VCD"><small>Васил Чакаларов „Дневник 1901-1903 г.“</small></ref>.
 
Ред 182:
===I востанички округ - Битолски===
{{Главна|I востанички округ - Битолски}}
[[Податотека:Даме_Груев.jpg|мини|десно|150п|[[Даме Груев]]|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:%D0%94%D0%B0%D0%BC%D0%B5_%D0%93%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2.jpg]]
На празникот [[св. Илија]] во [[Смилево]] со 200 востаници влегол [[Главен штаб за II-от Битолски револуционерен округ|Главниот штаб]]. Според турските документи при првиот напад на Смилево загинале 8 турски војници, а 14 биле ранети. На [[3 август]] Генералштабот наредил евакуација на целото население кое не било способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно. Откако сите обиди на османлиската војска да го заземе Смилево биле одбиени, [[Борис Сарафов]] заминал за Охридско, а [[Атанас Лозанчев]] за Демихисарско и Кичевско. По нивното заминување во следните 20 дена во околината Смилево не се појавила османлиска војска и башибозук. Во тој период под раководство на Стојан Донски биле преземени мерки за утврдување на Смилево, биле ископани одбранбени ровови со што се зацврстиле одбранбените востанички позиции. Населението кое не било способно да се бори и понатаму се наоѓало во збегот Голем Гар каде биле организирана заедничка исхрана, а биле преземени мерки за негова заштита.
Ред 190:
 
Во демихисарскиот реон раководители биле [[Јордан Пиперката]], [[Димитар Дечев]], свештеникот Кузман и Христо Пасков. Според [[Христо Силјанов]], Демихисарско дало 1.000 востаници. Првата ноќ биле преземени редица акции. На патот [[Битола]] - [[Кичево]] кој минувал низ Демихисарско била исечена телеграфската линија, а биле разрушени и сите мостови, потоа биле изгорени чифлизите во [[Утово]], [[Стругово]], [[Жван]] и други. Под команда на Дечев 150 востаници го нападнале турскиот гарнизон кој се состоел од 170 души во административниот центар Прибилци. Во првите денови на востанието во Демихисарско, турските селани се затвориле во своите куќи и не ги обработувале своите ниви и не го гледале својот добиток. Востаниците во селата [[Бабино]], [[Слоештица]], [[Велмевци]] и [[Жван]] создале свои пунктови каде се собирала храна и секави други материјали кои им биле потребни за идните дејствија.
[[Податотека:Nikola Karev.jpg|thumb|десно|150px|[[Никола Карев]]|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Nikola_Karev.jpg]]
Ресенскиот реон бил под раководство на [[Славејко Арсов]] и потпоручникот Панајотов. Поважни војводи биле [[Спиро Олчев]], [[Стефан Мешков]], [[Перуш Стрезов]], [[Ставре Тасев]], Јоше од Подмочани, Иван Трајчев, Кочо Кочовски, Георги Чаушот од с. Златари и др. Првата ноќ биле изведени неколку разрушителни акции од слабо вооружени групи. На [[20 јули]] (стар стил) четите од селата Болно, Царев Двор, Дрмени и Јанковец на чело со Арсов биле групирани во Болно. На Илинден во селото [[Круше]], тамошниот аскер бил зачуден од однесувањето на селаните, тие им носеле баници, кисело млеко и други изобилства, но храната била затруена со арсен, а војниците набргу добиле грчеви и страшни болки. Аџијата кој бил Турчин кога дознал за тоа избегал, а ноќта во селото дошол аскер од 50 души. На 26 јули (стар стил) одредот на Ангел Андреев и еден одред на Коте го нападнале турското село [[Папли]]. Таму имало аскер и башибозук од околу 100 души. Востаниците ги држеле опколени неколку дена. Секој ден селото било напаѓано и била палена по некоја куќа. На 6 август (стар стил) Коте зграбил дел од добитокот и се упатил кон својот реон, но кај Штрково наишол на војска. Дел од опседнатите војници успеале да се извлечат и да му притекнат на помош на судрениот аскер каде дале 4 жртви. Опсадата продолжила, но по 12 дена пристигнала друга војска, таа го ослободила гарнизонот и турското население, а востаниците по заминувањето на аскерот се симнале во Папли и го запалиле селото.
 
На Илинден, во Охридско имало веќе подробно разработен план за првите дејствија и со добра интендантска служба — складови со храна и други намирници, тајни фурни, леарници за патрони, но без ниедна бомба и без ниедна манлихера. Била организирана и санитетска служба со еден вид на болница во Чемерскиот дол, над селото Брждани, а како доктор фигурирал Хр. Ангелов. Реонски началници биле: [[Христо Узунов]], [[Антон Кецкаров]], [[Наум Анастасов]], [[Александар Чакаров]] и [[Наум Златарев]]. На 24 јули (стар стил) сите дримколски и малесиски чети се собрале кај Караорман во Горна Дебарца. Таму се собрале голем број на бегалци на грбот на револуционерното раководство. Четите повторно се упатиле кон Дрим, но веќе сите села биле опустошени. Во периодот меѓу 25 и 30 јули (стар стил) имало судири кај Лешани, Слатина, Лактиње, Врбјани и Ботун. Само на 30 јули имало имало шест битки и тоа кај Брждани, Лешани, Белчишта, Црвена вода, а во Орта-кол, кај селата Куратица и Плаќе. Во борбата кај Брждани учествувал и Борис Сарафов со 80 души и тој дошол од Демирхисарско на помош.
[[Податотека:Cheta IMARO Nake Yanev and the Debar Kichevo voevodas.JPG|десно|мини|230п|Штабот на Дебарско-Кичевскит реон - [[Јанаки Јанев]], [[Лука Ѓеров]] и други.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Cheta_IMARO_Nake_Yanev_and_the_Debar_Kichevo_voevodas.JPG]]
На 20 јули (стар стил) востание се кренало и во Костурско со околу 2.000 востаници. Исто така на 23 јули е заземена Клисура. На 28 јули четите на [[Лазар Поп Трајков]] и [[Васил Чакаларов]] имале борба со турскиот аскер, а на 29 јули кај селото [[Д’мбени]] имале борба со турската војска која траела 6 часа, а потоа Турците се повлекле во Костур.
 
Ред 204:
{{Главна|II востанички округ - Кожув}}
Подготовките за кревање на востание во Солунскиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во [[февруари]] [[1903]] година во [[Гевгелиско]] пристигнале [[Сава Михајлов]] и [[Крсто Асенов]] со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на [[Иван Карасулијата]] и [[Аргир Манасиев]], меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите.
[[Податотека:Apostolvojvoda.JPG|мини|десно|150п|Апостол Петков Терзиев - Ениџевардарското сонце|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Apostolvojvoda.JPG]]
По борбите во Кукушко, [[Крсто Асенов]] со својата чета заминал за [[Ениџе Вардар|Ениџевардарско]], меѓутоа и таму дошле во судир кај селото [[Постол]]. Во борбата учествувале четите на Асенов, Јотов и [[Апостол Петков]]. Турците имале четворица загинати и петмина ранети, а четата двајца убиени. Убиството на Асенов го сменило текот на востанието во [[Кукуш|Кукушко]], [[Ениџевардар|Ениџевардарско]] и [[Гевгелиско]].
[[Податотека:Apostol Petkov cheta.jpg|мини|300п|лево|Четата на [[Апостол Петков]] Терзиев|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Apostol_Petkov_cheta.jpg]]
Подготовките за востанието во [[Ениџевардар|Ениџевардарско]] ги презел [[Апостол Петков]]. Воденската околија имала слабо учество во востанието. Таму имало неколку битки.
 
Ред 226:
=== IV востанички округ - Пирин ===
{{Главна|IV востанички округ - Пирин}}
[[Податотека:Peio Yavorov.jpeg|150px|мини|лево|Пејо Јаворов|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Peio_Yavorov.jpeg]]
[[Податотека:Jane Sandanski 3.jpg|мини|десно|200п|[[Јане Сандански]]|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Jane_Sandanski_3.jpg]]
Подготовките за востанието во [[Сер]]ско ги започнал [[Гоце Делчев]], а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на [[Јане Сандански]]. Сандански се нашол во [[Бугарија]] за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во [[Бугарија]] [[Јане Сандански]] се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле вооружени со манлихерки и берданки, се вратил во Серски револуционерен округ, а со него биле [[Пејо Јаворов]], [[Никола Наумов]], [[Димитар Стефанов]] и други.
 
Ред 237:
 
На Крстовден во Демирхисарско дошло до борба кај ''Ак бунар'', каде загинале 15 востаници. Турците имале 5 загинати и 3 ранети. Овој судир бил последниот во Демирхисарско. По оваа борба [[Љубомир Стоенечев]] заминал за [[Неврокоп]], а потоа кон [[Бугарија]], поради предвремено започнување на борбите, предвидениот план не бил реализиран.
[[Податотека:Ivan Tsonchev cheta.jpg|мини|лево|500п|[[Иван Цончев]] со врховистичка чета|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Ivan_Tsonchev_cheta.jpg]]
Спроти Крстовден, [[Атанас Шабанов-Тешовалијата|Атанас Тешовалијата]] и [[Стојан Филипов]] ги исекле телеграфските линии помеѓу [[Куманич]] и [[Долно Броди]]. Истата ноќ било нападнато селото [[Обидим]] со 5 чети во јачина од околу 200 души, со војводите Чаков, Малчаков, Иван Апостолов - ''Копран чауш'', Антон Вимола, Лимо Карлович и други.
 
Ред 246:
=== V востанички округ - Струмичко - Малешевски ===
{{Главна|V востанички округ - Струмичко - Малешевски}}
[[Податотека:Христо Чернопеев со штабот.jpg|мини|десно|300п|Христо Чернопеев со штабот|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%A7%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D1%88%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82.jpg]]
''V востанички округ'' бил од стратешко значење за [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и османлиските сили. Низ него минувале заначајни организациски канали кон Солунскиот и Битолскиот револуционерен округ. Кон крајот на [[март]] за [[Струмичко]] заминал [[Христо Чернопеев]] со 190 души. Во оваа група имало чети за [[Радовишко]], [[Тиквешко]], [[Велешко]], [[Битолско]], [[Кичевско]] и др.
 
Ред 259:
=== VII востанички округ - Одринско ===
{{Главна|VII востанички округ - Одринско}}
[[Податотека:Mihail-Gerdzhikov.jpg|десно|мини|130п|[[Михаил Герџиков]]|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Mihail-Gerdzhikov.jpg]]
Конгресот на Петрова нива, одржан на 28 и 29 јуни 1903 година решил Одринскиот револуционерен округ да се подели на 5 востанички околии: ''I Мало-трновски'', ''II Чокенски'', ''III Мустафа-пашински'', ''IV Дедеагачки'' и ''V Ахчелебиски''. Бил избран Раководен штаб во кој влегле: [[Михаил Герџиков]], [[Лазар Маџаров]] и капетанот [[Стамат Икономов]].
 
Ред 287:
=== Настапување на Османлиската армија===
==== Османлиски сили ====
[[File:Groupe de bachibozouks.jpg|мини|десно|200п|Башибузлук|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Groupe_de_bachibozouks.jpg]]
Според турските документи и извештаите на дипломатските претставници во [[Македонија]] биле распоредени редовни воени сили од ''III орда'' (баталјони), а дополнително биле распоредени и 16 баталјони ''редифи'' и 38 баталјони ''илаве''. Освен овие сили во случај на востание, Турските власти можеле да ги искористат и воените единици од [[Пеќ]], [[Ѓаковица]] и [[Призрен]] кои се состоеле од 44 баталјони, 15 ескадрони и 10 батерии со 33.000 пушки, 15.000 сабји и 60 топа <ref name="vgj " />. Според К. Битовски до [[1 јуни]] [[1903]] година во Македонија имало 175 баталјони со околу 150.000 - 160.000 војска <ref name="KB"><small>''К. Битовски, Дипломатски одгласи по Илинденското востание..., 144''</small></ref>. Во случај на востание [[Висока Порта|Високата Порта]] се плашела од поголемо користење на војската бидејќи:
 
Ред 298:
 
{{Цитатник|''набрзо ќе ја прогласат независноста на Македонија'' <ref name="AM"><small>''Македонија во делата на странските патописци 1903, редактор: Александар Матовски, Скопје, ММVII''</small></ref> }}
[[Податотека:CampamentoOtomano--balkansfromwithi00wyonuoft.jpg|мини|десно|250п|Камп на османлиската армија|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:CampamentoOtomano--balkansfromwithi00wyonuoft.jpg]]
Според ''Општиот план'' востанието требало да биде партизанско и да има долготраен карактер но во [[Битолско]] и во [[Одринско]] тоа добило масовен карактер. Затишјето кое настанало во текот на јули власта го разбрала како изнемоштеност на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] за масовно востание и затоа во почетокот Турците биле изненадени.
 
Ред 304:
 
Неможноста од брзо задушување на востанието допринело да се појави огорченост меѓу турските воени и политички лица. Авторитетот на централната власт, посебно на [[султан]]от, биле нарушени пред поданиците на Империјата како и пред очите на големите сили.
[[Податотека:Osmanischer Soldat.jpg|мини|лево|100п|Османлиски војник|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Osmanischer_Soldat.jpg]]
На 10 и [[11 август]] состојбата се изменила во корист на Империјата. Од [[Косово]] биле донесени силни осмалиски сили кои биле разместени во [[Македонија]], особено во [[Битолско]].
 
Ред 316:
 
==== План за задушување на востанието ====
[[Податотека:Ertugrulsuvarialayi zonaro.jpg|мини|десно|250п|Османлиска коњаница|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Ertugrulsuvarialayi_zonaro.jpg]]
Насер паша подготвил план за систематско уништување на востаниците. Востанатите територии ги поделил на сектори во зависност од востаничките центри и топографските услови.
 
Ред 348:
==Епилог==
===Последици===
[[Податотека:Spisok na izgoreni sela po Ilindenskoto vostanie.pdf|мини|лево|Список на христијанските села изгорени од 20 јули до 13 август 1903, во Охридско, Струшко, Ресенско, Крушевско, Битолско и Леринско, по Илинденското востание. (Битола, 18 август 1903)|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Spisok_na_izgoreni_sela_po_Ilindenskoto_vostanie.pdf]]
[[Податотека:Список на запалени села за време на Илинденското востание.JPG|мини|лево|250п|Список на запалени села за време на Илинденското востание во период август септември 1903 година.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0_%D0%B7%D0%B0_%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5.JPG]]
[[Податотека:Izvestaj po padot na Krusevo, srpski.JPG|мини|лево|Извештај од српскиот конзул Љуба Михаиловиќ до Љуба Кољевиќ, министер за надоврешни работи на Србија, за уништувачкиот поход на турските хорди против христијанското население по падот на револуционерно Крушево, опожарување на села и во Леринско, убиства, заробени, грабежи и други зулуми. (Битола, 15 август 1903)|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Izvestaj_po_padot_na_Krusevo,_srpski.JPG]]
 
Во Битолскиот вилает се воделе 150 борби со 19.152 востаници против 292.735 противници. Убиени или ранети се 746 востаници, а 3.087 убиени или ранети Турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души.
Ред 363:
 
=== Одглас ===
[[Податотека:Macedonian refugees in Bulgaria, 1903.jpg|мини|лево|350п|Македонски бегалци во Бугарија|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Macedonian_refugees_in_Bulgaria,_1903.jpg]][[Податотека:Macedonian demonstration in Sofia after the Ilinden Uprising.JPG|мини|десно|250п|Македонски демонстрации во Софија по задушувањето на востанието|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Macedonian_demonstration_in_Sofia_after_the_Ilinden_Uprising.JPG]][[Податотека:September 02, 1903 The Courier.JPG|мини|десно|250п|September 02, 1903 The Courier|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:September_02,_1903_The_Courier.JPG]]
Илинденското востание претставувало непријатно изненадување не само за турската држава, туку и за многу други големи и мали држави во Европа, кои полагале право врз наследството на [[Османлии|Османлиската империја]].
 
Ред 384:
{{Главна|Мирцштешки реформи}}
 
[[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] преку востанието успеала да ги депласира предвидените [[Падарски реформи]] и да ги раздвижи европските дипломати. Меѓу првите кој увидел дека се потребни нови реформи во [[Македонија]] бил [[Австро-Унгарија|австро-унгарскиот ]] министер за надворешни работи Голуховски, но од негова страна немало конкретен предлог за нови реформи, до сличен заклучок дошла и Русија но ни таа не презела никакви мерки.
[[Податотека:Tsar Nicholas II -1898.jpg|мини|десно|130п|Николај II|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Tsar_Nicholas_II_-1898.jpg]]
Англија и нејзиното министерство за надворешни работи, согласност својата политика кон [[Балканскиот Полуостров]] предложила на Македонија да и се даде ''автономија'' <ref name="vgj" />. Таа успеала кон себе да ги придобие [[Италија]] и [[Франција]], а преку последната и [[Русија]]. Меѓутоа кога дипломатските преставници на овие држави таквиот предлог го преставиле во Цариград пред германскиот и австрискиот дипломат, тие категорично го отфрлиле таквиот предлог, изјавувајќи дека уште од времето на фервруарските реформи од 1903 година, големите сили им довериле мандат за спроведување реформи на [[Русија]] и [[Австро-Унгарија]]. Оттука целиот процес се блокирал.
 
Ред 401:
== Бугарски погледи ==
 
[[File:Ilinden-Preobrazhenie-Krastovden-Rhodope Uprising.PNG|десно|мини|300п|Карта на востаничките териториии во Македонија и Одринско од летото на 1903 година. Прикажани се Илинденскиот, Крстовденскиот, Преображенскиот и Родопскиот револти на ВМОРО во Османската империја, нарекувани најчесто во Бугарија со општото име Илинденско-Преображенско востание.|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Ilinden-Preobrazhenie-Krastovden-Rhodope_Uprising.PNG]]
[[Податотека:Ilinden-Uprising-Bitola-Headquarters-Appeal-to-Bulgarian-Government.jpg|лево|мини|270п|Писмо на Главниот штаб до бугарската влада од 9 септември, 1903 година со кое тој обрнал внимание на катастрофалните последици за бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа и да им се притекне на помош со војна.<ref><small>[http://cane.georgievski.tripod.com/Dokument/pismogssep.html Писмо на Главниот штаб на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до Бугарската влада во врска со положбата на востанатото население и барање на помош од страна на Бугарија од 9 септември 1903 година.]</small></ref>|врска=%D0%9F%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B0:Ilinden-Uprising-Bitola-Headquarters-Appeal-to-Bulgarian-Government.jpg]]
Бугарската наука смета дека Илинденско востание било кренато поради инсистирањето на [[Иван Гарванов]], непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Таа, врз основата на спомените на учесниците во востанието, прифаќа дека ВМОРО организирала едно општо востание во летото на 1903 година во Македонија и Одринско.<ref><small>[http://www.promacedonia.org/hs/hs_uvod.html Писма и изповеди на един четник - Спомени от Странджа - От Витоша до Грамос, Христо Силянов, (Български писател, София, 1984), стр. 10.]</small></ref><ref><small>[http://www.promacedonia.org/hk/hk_12.htm Родопа през Илинденско-Преображенското въстание, Христо Ив. Караманджуков (Изд. на Отечествения Фронт, София, 1986).]</small></ref>
 
Ред 419:
== Надворешни врски ==
* [https://www.scribd.com/doc/294930271/%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%98%D0%B0-Ilindenska-epopeja-%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%8F Илинденска епопеја, дел 1], автор [[Ангел Динев]], Софија, 1945. {{bg}}
* [[:s:Објавување на Илинденското востание|Објавување на Илинденското востание]] на Викиизвор.
* [[:s:„Реформи“ за борбата во Македонија|„Реформи“ за борбата во Македонија]] на Викиизвор.
* Данчо Зографски [http://documents-mk.blogspot.com/search/label/%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD „Националните и идејните насоки и достигнувања на Илинден“]
* [http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=55 МАКЕДОНИУМ - Илинденско востание]