Питагора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 7:
 
==Филозофски погледи==
Познат како „татко на бројките“, Питагора имал значаен придонес во [[Филозофија|филозофските]] и [[Религија|религиозните]] предавања во доцниот [[6 век]]. Тој и неговите следбеници верувале дека сѐ е поврзано со [[математика]]та, и чувствувале дека сѐ може да се предвиди и измери со помош на ритмични [[циклус|циклуси]]. Питагора сметал дека во основа на светот е бројот и дека сè може да се претстави преку [[Број|бројот]] (ова можеби го прифатил како тврдење кога се запознал со египетските верувања). Да ги запознаеме стварите и појавите значи да го запознаеме нивниот број. Од своја страна, законитоста на светот се изразува со бројни односи или пропорции. Питагорејците тоа го илустрирале со тоа што бројот еден го претставувале со точка, два со [[линија]], три со [[триаголник]], а четири со [[пирамида]]. Со тоа ја поврзале [[аритметика]]та со [[геометрија]]та. Понатаму, тие развиле своебразна [[мистика]] на броевите. Најважни броеви биле 1, 2, 3 и 4 кои ја чинат светата четворка, а чиј збир е еднаков на десет, бројот кој имал особено значење и светост. Така, бројот и пропорцијата владеат со светот. Питагора и неговите ученици со особен мистичен занес и енергија се фрлиле на изучување на [[математика]]та во која постигнале значајни резултати. Ним им се препишува откритието на [[Питагорова теорема|Питагорината теорема]] и на [[Ирационални броеви|ирационалните броеви]]. Според нив, и [[Космос]]от е уреден како од некој божествен математичар. Тие сметале дека постојат 10 [[небесни тела]]: петте [[планети]] што тогаш биле познати: [[Сонце]]то, [[Месечина]]та, [[Земја]]та, [[Млечниот пат]], а десеттото го нарекле „антипод“ (таму се одело со нозете нагоре). Движејќи се со строга правилност по своите десет сфери околу божествениот [[оган]], овие тела произведувалепроизведуваат небеснапо еден тон, кој зависи од брзината на планетите и од должината на патеките на движењето. Овие тонови се обединуваат во сферна [[хармонија]], којано неа не можат ида ја слушнат смртниците, туку од неа можат да паднат во [[екстаза]] само оние што се посветени во тајните на Питагориното учење. Питагора и неговите ученици претерувале и застранувале во [[мистицизам]], но нивниот занес и силната енергија со која ја проучувале [[математика]]та има трајна неодминлива научна вредност.<ref>Учебник по филозофија за четврта година по гимназиско образование.</ref> <ref>„Коментари“ во: Јохан Волфганг Гете, ''Фауст''. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 209.</ref>
 
Питагора е првиот кој од пријателството направил филозофска и [[морал]]на доктрина. Според него, пријателот е нашето второ „јас“, а меѓу пријателите, сè е заедничко, вклучувајќи го и имотот, зашто пријателството е повеќе од личниот живот. Според Питагора, милосрдието и науката ги приближуваат луѓето, доброто законодавство прави од нив едно тело, а природата покажува дека странците се слични како браќа. Питагора бил првиот Грк кој рекол дека повеќе вреди добриот странец отколку лошиот Грк, а во неговите тајни обреди подеднакво учествувале [[Грци]]те и [[варвари]]те.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 175-176.</ref> Според српскиот поет Јован Дучиќ, само доктрината на Питагора за пријателството го отворила патот до [[Христијанство|христијанското]] учење за еднаквоста и милосрдието.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 180.</ref>