Данил Хармс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 73:
Книжевното кредо на Хармс може да се согледа од еден запис во неговиот [[дневник]], кој потекнува од 1937 година, каде што тој вели: „Мене ме интересира само 'бесмислицата', само она што нема никаква практична смисла. Херојството, патосот, бестрашноста, јунаштвото, хигиената, [[морал]]от, патетиката и хазардот - одбивни ми се и како зборови и како чувства. Но, целосно ги разбирам и ги уважувам: занесот и восхитот, инспирацијата и очајот, страста и воздржаноста, распуштеноста и невиноста, тагата и несреќата, радоста и смеата.“ Исто така, на Хармс му било јасно дека сите нема да го разберат неговиот [[хумор]] на апсурдот и имал обичај да каже: „Стоката не мора да се смее.“<ref>Dejan Mihailović, „Kofer Danila Harmsa“, во: Danil Harms, ''Sto slučajeva''. Beograd: Laguna, 2016, стр. 267.</ref> Дека неговата наклонетост кон [[пародија]]та, [[хумор]]от и [[гротеска]]та не била случајна докажува и неговиот список на омилените писатели на кој се наоѓаат имињата на: [[Гогољ]], [[Луис Керол]], [[Едвард Лир]], [[Кнут Хамсун]], Мејринк и Козма Прутков (псевдонимот на [[Алексеј Толстој]] и браќата Жемчужников).<ref>Dejan Mihailović, „Kofer Danila Harmsa“, во: Danil Harms, ''Sto slučajeva''. Beograd: Laguna, 2016, стр. 269.</ref>
 
Несреќни случаи, таинствени исчезнувања, неверојатни или неповрзани настани, [[Убиство|убиства]], тепачки итн. се вообичаените мотиви во кратките раскази на Хармс во кои тој дава [[Гротеска|гротескни]] и обездуховени слики на светот. Иако овие слики создаваат остар контраст меѓу сивото советско секојдневие и фантастичниот и апсурден Хармсов книжевен свет, тие прикажуваат една заедничка одлика на овие два света исполнетоста со крвави настани.<ref>Dejan Mihailović, „Kofer Danila Harmsa“, во: Danil Harms, ''Sto slučajeva''. Beograd: Laguna, 2016, стр. 266-267.</ref>
 
Во една прилика, Макс Фрај (псевдонимот на руските писатели [[Светлана Мартинчик]] и [[Игор Степин]]) забележал дека „[[Руска книжевност|руската книжевност]] не го заслужува Данил Хармс. Хармс ѝ беше потребен на руската книжевност како [[Сообраќајни знаци|сообраќајните знаци]] на [[зајак]]от“. Меѓутоа, подоцна се покажало дека ниту еден друг автор не бил толку имитиран и пародирал (анонимно) како Хармс, и тоа во толкава мера што за некои успешни епигонски дела, до објавувањето на неговите собрани дела, се мислело дека ги напишал токму Хармс. Во секој случај, тој извршил големо влијание на неколку генерации руски писатели, како што се: Д. Пригов, [[Људмила Петрушевска]], А. Галич, Х. Сапгир, С. Довлатов, Ј. Попов и други.<ref>Dejan Mihailović, „Kofer Danila Harmsa“, во: Danil Harms, ''Sto slučajeva''. Beograd: Laguna, 2016, стр. 270-271.</ref>
 
== Наводи ==