Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 193:
 
Сан Мартин предложил да биде медијатор помеѓу Буенос Аирес и „[[Лига федерал]]“ (''Liga Federal'', воглавно [[уругвај|уругвајски]] активисти) предводена од Артигас. Тој сметал дека граѓанската војна е контрапродуктивна за националното единство и крајот на насилството ќе овозможи слободни ресурси кои биле потребни за морнарицата. Тој сметал дека Артигас може да го стави мирот под услов, а условот би бил заедничка објава на војна на [[Бразил]] (Уругвај се бореле и против бразилската империјалистичка окупација). Така, Сан Мартин предложил прво да се поразат монархистичките сили во Рио де ла Плата, а потоа да се насочат кон ослободување на [[Банда Ориентал]] (тогашно име на Уругвај) од бразилска контрола. За ова О'Хигинс сметал дека е ризичен потег во кој Сан Мартин можел да биде фатен. Пуејредон го одбил медијаторството бидејќи не го сметал Артегас на рамниште со него.{{sfn|Galasso|2000|pp=279–286}}
 
==== Ранкагвански акт ====
 
[[File:Revista de Rancagua Blanes.JPG|thumb|right|200px|Армијата на Андите парадира во Ранкагва.]]
 
Иако Артигас бил поразен од лузо-бразилската војска, неговите сојузници [[Естанислао Лопез]] и [[Франсиско Рамирез]] продолжиле со насилства против Буенос Аирес поради неговата неактивност во борбата против инвазијата на [[Банда Ориентал]]. Пуејредон ги повикал [[Армијата на Андите]] и [[Армијата од Северот]] (предводена од Белграно) да му помогнат на Буенос Аирес. Гидо му напоменал на Сан Мартин дека ако двете армии го направеле тоа, северна Аргентина и Чиле би биле лесно повторно окупирани од монархијата. Сан Мартин исто така знаел дека повеќето од војниците од Армијата на Андите не сакале да му помогнат на Буенос Аирес во граѓанската војна, бидејќи повеќето биле од други покраини или од Чиле. Сан Мартин имал сомнежи и за претпоставеното пристигнување на голема воена експедиција од Шпанија, бидејќи идејата за апсолутна обнова на Империјата имала противници и во самата Шпанија. Сан Мартин на крај ја зачувал армијата во Чиле, во моментот кога поручникот на Белграно, Вијмонте, склучил примирје со Лопез и со тоа тој мислел дека конфликтот е завршен.{{sfn|Galasso|2000|pp=287–293}}
 
Како и да е, министерот за војна [[Матијас де Иригојен]] уште еднаш наредил Армијата од Андите да се врати и го назначил [[Франсиско Фернандез де ла Круз]] како водич, заменувајќи го Сан Мартин. Тогаш Сан Мартин пак дал отказ и дал до знаење дека армијата нема да биде во можност да ги премине Андите од Чиле во Буенос Аирес бидејќи патот бил блокиран од снег. Сите водичи на воените единици на Армијата на Андите одбиле да одат во Буенос Аирес. Врховниот директор ја повлекол наредбата поради одбивањето на воените водичи и отказот на Сан Мартин, па така Армијата останала во Чиле. Наскоро на Пуејредон му завршил мандатот како Врховен директор и бил заменет од [[Хозе Рондо]].{{sfn|Galasso|2000|pp=293–299}}
 
Морнарицата била конечно оформена во Чиле и на челото на морнарицата бил назначен [[Томас Кокрејн]]. Сепак, морнарицата не била испратена веднаш во Перу поради гласините дека можно е да има напад врз Чиле и Аргентина од Шпанија, и во таков случај морнарицата би била испратена во Буенос Аирес. Граѓанската војна продолжила и Сан Мартин уште еднаш се обидел да биде медијатор, но без ефекти. Безуспешно Рондо повтроно побарал да се врати во Буенос Аирес Армијата на Андите.{{sfn|Galasso|2000|pp=301–308}} Сан Мартин се вратил во Чиле и се подготвувал за учество во воените морнарички дејствија против Перу (кое сè уште било упориште на Империјата) и со тоа го игнорирал Буенос Аирес. Истото го направила и Армијата од Северот.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 52}} Без засилување, Рондо бил поразен од страна на федералистите во битката на Кепеда во 1820 година. [[Конгрес од Тукуман|Конгресот од Тукуман]] и позицијата [[Врховен директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата]] биле распуштени и Обединетите покраини станале конфедерација од 13 покраини без централна сојузна држава. Овој период е познат како ''[[Анархијата од 20 година]]''.{{sfn|Galasso|2000|pp=309–320}} Буната на шпанскиот генерал [[Рафаел дел Риего]] и појавата на жолтата треска во Кадиз ставиле крај на опасноста за шпанското повторно освојување на басенот на [[Рио де ла Плата]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 44}} Со Ранкагванскот акт Сан Мартин се стекнал со целосна автономија врз Армијата на Андите бидејќи со новата политичка ситуација во Буенос Аирес немало национален авторитет врз армијата.{{sfn|Galasso|2000|pp=321–327}}
 
=== Перу ===