Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 154:
Битката започнала на 12 февруари. Сан Мартин организирал раздвоен напад, каде Солер предводел група војници на западната страна, а О'Хигинс на источната. О'Хигингс, кој бил желен за победа, избрзал со нападот и не се координирал со Солер. Тој потег им дал на монархистите мала предност. Во меѓувреме, Сан Мартин му наредил на Солер да нападне исто така. Комбинираниот напад бил успешен и групата на Сан Мартин забележала победа во битката. Битката завршила со 600 мртви монархисти и 500 заробени лица, а само 12 мртви и 120 повредени на страната на Армијата на Андите.{{sfn|Galasso|2000|pp=220–221}}{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=85–92}}
 
Армијата триумфално влегла во [[Сантијаго]] следниот ден.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|p=92}} Гувернерот [[Франсиско Марко дел Понт]] се обидел да избега во [[Валпараисо]] и со намера да отплови кон Перу, но тој бил заробен на 22 февруари и вратен бил во Сантијаго.{{sfn|Camogli|de Privitellio|2005|pp=91–92}} Уште неколку други службеници биле исто така заробени и испратени во затвор во Сан Луис во Аргентина.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 18}} Сан МмартинМартин го пратил Марко дел Понт во затвор во [[Мендоза (Аргентина)|Мендоза]].{{sfn|Galasso|2000|p=221–222}}
 
==== После битката на Чакабуко ====