Ерих Фром: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
→‎Биографија: дополнување
Ред 3:
 
==Биографија==
Ерих Фром е роден на 23 март 1900 година, во [[Франкфурт]], во семејство на ортодоксни [[Евреи]]. Неговиот дедо и двајцата прадедовци по татко му биле [[Рабин|рабини]], вујкото на мајка му бил познат проучувач на [[Талмуд]]от, а татко му Нафтали, трговец со [[вино]], се срамел од својата професија. Сеќавајќи се на своето детство, во една прилика, Фром рекол: „Како дете, ми беше многу чудно што некои луѓе го посветуваат целиот живот на заработувањето [[пари]] и ми беше срам кога некој човек во мое присуство би морал да изјави дека е [[Стопанство|стопанственик]].“<ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 9.</ref> Оттука, уште во детството се запознал со [[Стар Завет|Стариот завет]] и со [[Талмуд]]от, а на возраст од 18 години почнал да се интересира за учењето на [[Карл Маркс]] и на [[Сигмунд Фројд]]. Во 1918 година ги започнал своите студии по [[право]] на Универзитетот во [[Франкфурт]], но за време на летниот семестар во 1919 година се префрлил на [[Хајделбершки универзитет|Хајделбершкиот универзитет]], каде што студирал право и [[религија]], но потоа се префрлил на [[социологија]]. На истиот [[универзитет]], во 1922 година докторирал од областа на [[психологија]]та. На возраст од 23 години, Фром отворено објавил дека е противник на [[Ционизам|ционизмот]], изјавувајќи дека [[Национализам|национализмот]] е спротивен на [[Хуманизам|хуманизмот]]. Подоцна, на возраст од 26 години, како симбол на неговото офрлање на традицијата[[Јудаизам|јудаизмот]], јадел [[леб]] на празникот [[Пасха]]. Подоцна, Фром објаснил дека ги отфрлил своите верски убедувања затоа што не сакал да учествува во „каква и да било поделба на човечката раса, ни религиозна ни политичка.“<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 180.</ref> Во овој период ја запознал Фрида Рајхман и се оженил со неа. Фрида, која била постара 11 години од него, го запознала со [[психоанализа]]та и двајцата работеле во една приватна клиника во Хајделберг. По неколку години, нивниот [[брак]] пропаднал. Во 1924 година започнал да се бави со [[психоанализа]], најпрвин во [[Хајделберг]], а потоа и во [[Минхен]], Франкфурт и [[Берлин]], додека во 1926 година почнал да го проучува [[Зен-будизам|зен-будизмот]]. Во 1930 година ја завршил својата психоаналитичка обука на Психоаналитичкиот институт во [[Берлин]], каде работел заедно со истакнатите следбеници на Фројд, како: [[Ханс Сакс]] и [[Теодор Рајк]], а истата година бил избран за раководител на социјално-психолошкото одделение на Институтот за социјални истражувања во Франкфурт. Во 1934 година, Фром заминал во [[Женева]], а потоа, во [[Њујорк]], каде се вработил на [[Универзитет Колумбија|Универзитетот Колумбија]], по покана од психоаналитичарката и [[Феминизам|феминистката]] [[Карен Хорнај]] со која имал љубовна врска. Во 1938 година го раскинал договорот со Институтот во Франкфурт, во 1943 помогнал во основањето на њујоршкиот оддел на [[Вашингтон]]ската школа за [[психијатрија]], а во 1945 и на Институтот за психијатрија, психоанализа и [[психологија]] „Вилијам Алансон“Алансон Вајт“. Исто така, Фром работел на [[Универзитет Јејл|Универзитетот Јејл]], на Њујоршкиот универзитет, на Новата школа за општествени истражувања, на Колеџот „Бенингтон“ и на [[Државниот универзитет на Мичиген]]. За време на животот во Њујорк, Фром имал љубовни врски со Кетрин Данам и Марта Грем, а во 1944 година се оженил со [[фотограф]]ката Хени Гурланд, со која останал во брак во текот на осум години, до нејзината смрт. Потоа, Фром имал поголем број љубовници: некои многу постари, а други помлади од него; некои паметни, а некои згодни, но неговата најголем љубов била Анис Фримен, вдовица на еден [[адвокат]] од југот на САД. Фром бил на возраст од педесетина години кога започнал да ѝ се додворува, а љубовта кон неа траела уште 28 години. Во 1949 година, Фром ги напуштил [[САД]] и се преселил во [[Мексико]], каде го основал одделението за психоаналитичка обука во рамките на медицинскиот факултет при [[Националнен универзитет на Мексико|Националниот универзитет на Мексико]]. Фром се пензионирал во 1965 година, по што живеел во мексиканскиот град [[Куернавака|Куернавакаа]], а во 1974 година се преселил во Муралто, [[Швајцарија]], каде умрел на [[18 март]] [[1980]] година, пет дена пред својот осумдесетти роденден.<ref>„Hronologija života i stvaralaštva Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 187-190.</ref> <ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 9-13.</ref> <ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 179-184.</ref>
 
== Политичка активност ==