Питагора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 9:
Познат како „татко на бројките“, Питагора имал значаен придонес во [[Филозофија|филозофските]] и [[Религија|религиозните]] предавања во доцниот [[6 век]]. Тој и неговите следбеници верувале дека сѐ е поврзано со [[математика]]та, и чувствувале дека сѐ може да се предвиди и измери со помош на ритмични [[циклус|циклуси]]. Питагора сметал дека во основа на светот е бројот и дека сè може да се претстави преку [[Број|бројот]] (ова можеби го прифатил како тврдење кога се запознал со египетските верувања). Да ги запознаеме стварите и појавите значи да го запознаеме нивниот број. Од своја страна, законитоста на светот се изразува со бројни односи или пропорции. Питагорејците тоа го илустрирале со тоа што бројот еден го претставувале со точка, два со [[линија]], три со [[триаголник]], а четири со [[пирамида]]. Со тоа ја поврзале [[аритметика]]та со [[геометрија]]та. Понатаму, тие развиле своебразна [[мистика]] на броевите. Најважни броеви биле 1, 2, 3 и 4 кои ја чинат светата четворка со која се колнеле, кои кога ќе се соберат даваат десетка која имала особено значење и светост. Така, бројот и пропорцијата владеат со светот. Питагора и неговите ученици со особен мистичен занес и енергија се фрлиле на изучување на [[математика]]та во која постигнале значајни резултати. Ним им се препишува откритието на [[Питагорова теорема|Питагорината теорема]] и на [[Ирационални броеви|ирационалните броеви]]. Според нив, и [[Космос]]от е уреден како од некој божествен математичар. Тие сметале дека постојат 10 [[небесни тела]]: петте [[планети]] што тогаш биле познати: [[Сонце]]то, [[Месечина]]та, [[Земја]]та, [[Млечниот пат]], а десеттото го нарекле „антипод“ (таму се одело со нозете нагоре). Движејќи се со строга правилност по своите десет сфери околу божествениот [[оган]], овие тела произведувале небесна [[хармонија]] која можат и од неа да паднат во [[екстаза]] само оние што се посветени во тајните на Питагориното учење. Питагора и неговите ученици претерувале и застранувале во мистика, но нивниот занес и силна енергија со која ја проучувале математиката има трајна неодминлива научна вредност.<ref>Учебник по филозофија за четврта година по гимназиско образование.</ref>
 
Питагора е првиот кој од пријателството направил филозофска и [[морал]]на доктрина. Според него, пријателот е нашето второ „јас“, а меѓу пријателите, сè е заедничко, вклучувајќи го и имотот, зашто пријателството е повеќе од личниот живот. Според Питагора, милосрдието и науката ги приближуваат луѓето, доброто законодавство прави од нив едно тело, а природата покажува дека странците се слични како браќа. Питагора бил првиот Грк кој рекол дека повеќе вреди добриот странец отколку лошиот Грк, а во неговите тајни обреди подеднакво учествувале [[Грци]]те и [[варвари]]те.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 175-176.</ref> Според српскиот поет Јован Дучиќ, само доктрината на Питагора за пријателството го отворила патот до [[Христијанство|христијанското]] учење за еднаквоста и милосрдието.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 180.</ref>
 
Питагора бил противник на физичката љубов за која сметал деакдека е штетна за човекот, зашто го заморува и му го скратува животот. Така, кога го прашале, кога човекот треба да му се препушти на љубовното задоволство, тој одговорил: „Секогаш кога сакаш да се потцениш“.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 153.</ref>
 
== Наводи ==