Јохан Волфганг фон Гете: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎1765-1832: дополнување
→‎1765-1832: дополнување
Ред 18:
На почетокот од [[1775]] година, Гете се запознал со убавата и богата Лили Шенеман со која заминал во [[Швајцарија]], иако се плашел од трајна врска со неа. Таа ги инспирирала Гете за неколку песни, како што се: „На езерото“, “Есенско расположение“, „Поглед на езерото од ридот“ итн. Меѓутоа, поради нескладот меѓу нивните погледи на светот, оваа врска набргу пропаднала и Гете се вратил во [[Германија]], прифаќајќи ја поканата на младиот [[Вајмар|вајмарски]] војвода, [[Карл Август, војвода на Сакс-Вајмар-Ајзенах]]. Таму, [[војвода]]та успеал да го приврзе кон себе и Гете останал трајно во Вајмар, каде што на почетокот се бавел со практични работи од областа на [[геологија]]та, [[ботаника]]та, [[минералогија]]та и [[анатомија]]та. Во Вајмар, Гете ја запознал госпоѓата фон Штајн, многу образована жена која успеала да го скроти неговиот бунтовен карактер. И нејзе Гете ѝ посветил неколку свои песни („На Шарлота фон Штајн“, „На Лида“, „Ноќни мисли“ итн.).<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 118-116.</ref>
 
Една од најважните епизоди во животот на Гете бил неговиот двегодишен престој во [[Италија]], од [[1786]] до [[1788]] година, каде што заминал сакајќи да се ослободи од сите обврски и да ѝ се посвети само на поезијата. Таму Гете се запознал со [[Антика|античката култура]] и се заинтересирал за античката [[уметност]]. Патувањето во [[Рим]], [[Неапол]] и [[Сицилија]] Гете ги опишал во делото „Патување низ Италија“.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 119-116.</ref> За време на [[Француска револуција|Француската револуција]], Гете присуствувал на неуспешниот воен поход на вајмарскиот војвода против француските востаници, кој го опишал во делото „Војната во Франција“ од [[1793]] година. Во [[1794]] година, Гете се зближил со Шилер, со што започнала нивната долга книжевна соработка при што до преселбата на Шилер во Вајмар, во [[1799]] година, тие интензивно се допишувале, а потоа интензивно се дружеле, разменувале мислења и пишувале. На преминот од [[18 век|18]] кон [[19 век]], Гете повторно се занимавал со практични проблеми од областа на минералогијата, [[оптика]]та, [[остеологија]]та и геологијата, а многу малку време посветувал на книжевноста.<ref>Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 120-121.</ref> Во староста, во шеесеттата година од животот, Гете искрено се вљубил во младата Мина, па дури и мислел дека тоа било првиот пат кога бил вистински вљубен, а кога веќе имал над 70 години, Гете ја побарал за жена младата Улрике, верувајќи дека ќе биде среќен сопруг.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 239-240.</ref>
 
Гете починал во [[Вајмар]], на [[22 март]] [[1832]] година.