Софокле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 21:
Книжевната работа на Софокле опфаќа период од шест децении, во кое време според сведоштвата на некои антички писатели, тој напишал 123 драми (според други, во [[библиотека]]та во [[Александрија]] се чувале 130 драми на Софокле), од кои на 114 им се познати само насловите, а зачувани се само седум: „[[Цар Едип (драма од Софокле)|Цар Едип]]“, „[[Едип во Колон]]“, „[[Антигона (драма од Софокле)|Антигона]]“, „[[Електра (драма од Софокле)|Електра]]“, „[[Тројанки (драма од Софокле)|Тројанки]] (Трахињанки)“, „[[Ајант (драма од Софокле)|Ајант]]“ и „[[Филоктет (драма од Софокле)|Филоктет]]“. Исто така, сочувана е и делумно оштетената драма „Ловечки пци“, која била пронајдена во [[1911]] година на еден [[папирус]] во [[Египет]].<ref>Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, ''Антигона''. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68-69.</ref> <ref>„Белешка за авторот“ во: Софокле, „Цар Едип“. Скопје: Детска радост, 2013, стр. 129-131.</ref>
<br />
Книжевната критика за Софокле забележала дека „донесува почита убавина во своите дела“ при што на преден план го става човековиот интерес и анализата на карактерот. Ослободена од трилогискиот спој, драмата на Софокле во една трагедија ја опфаќа сета драматско-трагична судбина на хероите. Во своето творештво, Софокле го зел Есхил како пример, а темите ги црпел од митовите и од [[Хомер]]. Сепак, за разлика од [[Есхил]], кај Софокле боговите не се во прв план на дејството. Самиот Софокле кажал дека тој „ги прикажува луѓето такви какви што треба да бидат, а Еврипид, такви какви што се“. Јунаците во делата на Софокле се обликувани според идеалните норми, а силата на карактерот на главниот лик ја нагласувал преку воведување друг лик со спротивни карактеристики. Најпосле, на Софокле му се припишуваат одредени иновации во [[театар]]от: така, тој вовел на сцената трет артист, прв започнал да го користи декорот, го зголемил [[хор]]от од 12 на 15 члена и победил 24 пати на поетските натпревари. Неговите трагедии [[Аристотел]] најмногу ги користел во изградбата на својата [[теорија]] на [[Драма|драмата]].<ref>„Белешка за авторот“ во: Софокле, „Цар Едип“. Скопје: Детска радост, 2013, стр. 129-131.</ref>

За големата слава на Софокле сведочи верувањето на [[Стара Грција|старите Грци]] дека богот [[Асклепиј]] често одел на гости кај поетот додека бил жив, дека живеел во неговата куќа, дека му бил домашен пријател и дека по [[смрт]]та на Софокле, лично го направил неговиот [[гроб]].<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 310.</ref> Според [[Јован Дучиќ]], Софокле е централна личноста на античката драма, а заедно со [[Шекспир]] и [[Ибзен]], тој е еден од трите големи имиња на светската драма. Во неговите дела, божествата ја прогонуваат човечката раса од колено на колено и тој мрачен детерминизам ја претставува битката меѓу земјата и небото.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 298-299.</ref>
 
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Софокле