Петер Хандке: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
→‎Биографија: дополнување
Ред 5:
== Биографија==
 
Хандке израснал во [[Источен Берлин]] и во Грифен. Според неговото сопствено признание, искажано во [[интервју]]то со Жарко Радаковиќ, направено на 27 февруари 1985 година во [[Салцбург]], Хандке почнал интензивно да чита уште како дете, и тоа авантуристички романи и вестерн-романи, а потоа, на седумнаесетгодишна возраст бил под влијание на класиците, особено [[Шекспир]] и [[Шилер]], додека [[Гете]] му бил здодевен. Пресвртот настапил на возраст од 25 години со откривањето на современата [[литература]], како [[Вилијам Фокнер]] и особено францускиот ''Nouveau Roman'' кој му ги отворил очите.<ref>Žarko Radaković, „Umesto pogovora“, во: Peter Handke, ''Spori povratak kući''. Gornju Milanovac: Dečje novine, 1990, стр. 158-159.</ref> Подоцна, на возраст од околу 30 години го читал „Hyperion“ од Хелдерлин кого го почитувал, иако не го разбирал и во него не нашол ништо. Следниот чекор бил [[Адалберт Штифтер]] кој го поттикнал да чита внимателно, а на четириесетгодишна возраст повторно се навратил на [[Хелдерлин]] кој конечно му станал јасен.<ref>Žarko Radaković, „Umesto pogovora“, во: Peter Handke, ''Spori povratak kući''. Gornju Milanovac: Dečje novine, 1990, стр. 160-161.</ref>
 
Студирал во [[Грац]], а летото 1965 година ги напуштил студиите за потполно да му се посвети на пишувањето. Живеел во повеќе места и земји: Грац, [[Диселдорф]], [[Берлин]], [[Париз]] и [[САД]].