Едвард Олби: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 39:
Во Македонија ''[[Кој се плаши од Вирџинија Вулф]]?'', премиерно беше одиграна на сцената на [[Македонски народен театар|МНТ]]<ref name="mnt">http://mnt.com.mk/mk/pretstavi-menu/arhiva-na-pretstavi</ref> на 16 март 2012 година во режија на [[Синиша Евтимов]] и [[Весна Петрушевска]] и [[Сенко Велинов]] во улогите на Марта и Џорџ.
 
И покрај комерцијалниот успех и успехот кај критиката со ''Кој се плаши од Вирџинија Вулф?'' Олби не сакал да се претвори во сопствена имитација ниту да го поддржува вкусот на публиката, туку продолжува да експериментира со формите и содржината во рамките на театарската уметност. Во неговата понатамошна кариера посебно се издвојуваат: драмите ''[[Деликатна рамнотежа]]'' (''A Delicate Balance'', 1966), мрачна драма за богата фамилија, во која членовите го изразуваат сопственото незадоволство во вербален конфликт, за што ја добива првата Пулицерова награда; потоа ''[[Крајбрежје(драма)|Крајбрежје]]'' (''Seascape'', 1974) црн хумор составен од злокобни медитации за [[Моногамија]], [[Еволуција (биологија)|еволуција]] и смртта, кои се водат во разговор на крајбрежје на океанот помеѓу брачен пар и пар [[Антропоморфизам|антропоморфни]] [[гуштер]]и (втора Пулицерова награда); ''[[Три високи жени]]'' (''Three Tall Women'', 1991) длабоко интимна драма заснована на односот на Олби со неговата мајка, односно жената која го има посвоено (трета Пулицерова награда) и драмата ''[[Коза или Која е Силвија?]]'' (''The Goat, or Who Is Sylvia?'' 2002) симболична драма за маж кој се заљубува во коза (втора Тони награда за најдобра драма). Олби е познат и како писател на драмски адаптации на романи ''[[Појадок кај Тифани]]'' од [[Труман Капоте]], ''[[Лолита]]'' на [[Владимир Набоков]] и приказните ''[[Балада за тажното кафе]]'' [[Карсон Макалерс]]. Во интервју за магазинот Тајм своето творештво го опишал со зборовите: ''Сите мои драми се за луѓе кои ја изгубиле контролата над својот живот, кои е предале млади, кои доаѓаат до крајот на својот живот жалејќи за работите кои не ги направиле... Сметам дека поголемиот дел од луѓето премногу време трошат живеејќи како никогаш да нема да умрат.<ref name="TimesObit"/> ''Функцијата на драмската уметност во интервју за Гардијан во 2004 година ја окарактеризирал на следниот начин: '': Сите драми, ако се барем малку добри, се напишани да го поправат човештвото. Тоа е работата на писателот - да држи огледало пред луѓето''.<ref name="theguardianobit" />''
 
[[Тони Михајловски]] своето режисерско деби го имал со [[Брачна игра]] премиерно изведена на  08 Мај 2016 на сцената на [[Македонски народен театар|МНТ]] со [[Игор Џамбазов]] и [[Весна Петрушевска]] во улогите на Џек и Џилијан. <ref name="mntbracna">http://mnt.com.mk/mk/pretstavi/brachna-igra</ref>