Српско Деспотство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 57:
|year_leader5 = 1459
}}
'''Српско Деспотство''' ({{lang-sr|Српска деспотовина / Srpska despotovina}}) — средновековна [[Србија|српска држава]] која постоела во првата половина на [[15 век]]. Иако [[Косовска битка|Косовската битка]] во [[1389]] генерално се смета за крајот на средновековната држава на Србија, [[деспотство]]то како наследник на [[Српско Царство|Српското Царство]] и [[Моравска Србија]], преживеало уште 60 години, доживувајќи културна и политичка ренесанса пред да биде освоено од страна на [[Османлии]]те во [[1459]] година. Пред неговото освојување, деспотството, номинално имал статус на [[сизеренство]] на [[Отоманското Царство]], [[Византија]] и [[Кралство Унгарија]]. Откако било целосно потчинето на [[Отоманското Царство]] во [[1459]] година, неговите владетели продолжиле во егзил во средновековното [[Кралство Унгарија]] до средината на 16 век. [[Павле Бакиќ]] бил последниот [[Список на српски монарси|деспот на Србија]].
 
== Потекло==
Ред 65:
По битката, во 1390 или 1391 година, во зависност од изворот, Србија станала вазална османлиска држава, а [[Стефан Лазаревиќ]] бил должен да учествува во битки доколку наредил отоманскиот султан. Тој го сторил тоа во [[Битка кај Ровине|битката кај Ровине]] во мај [[1395]] година против влашкиот кнез Мирчо I и [[Битка кај Никопол|битката кај Никопол]] во [[1396]] година против унгарскиот крал Сигисмунд. После тоа, Бајазид на Стефан му доделил територии на [[Вук Бранковиќ]] во [[Косово]], додека Бранковиќ застанал на страната на унгарскиот крал во Никопол.
 
Кога војската на [[Тимур]] влегла во [[Отоманското Царство]], [[Стефан Лазаревиќ]] учествувал во [[Битка кај Ангора|битката кај Анкара]] во [[1402]] година, во која [[Османлии]]те биле поразени и нивниот лидер Бајазид бил заробен. Враќајќи се во Србија, Стефан го посетил [[Цариград]], каде што византискиот цар [[Мануил II Палеолог]] му ја доделил титулата деспот. Доколку ова се случило во претходните години, истото би значело дека деспотот ќе владее со некоја вазална држава, но сепак, бидејќи Византија била премногу слаба за да го потврди таквото правило и Србија не била нејзина вазална држава, Стефан Лазаревиќ ја освоил оваа титула како личен стил на српските монарси.
 
===Стефан Лазаревиќ ===