Милорад Павиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#1Lib1Ref
Ред 3:
== Живот и дело ==
[[Податотека:Milorad Pavic.jpg|мини|Милорад Павиќ - Саем на книгата 22 октомври 2007 во Белград]]
Павиќ бил романописец, раскажувач, поет и драмски писател. До денес делата на Павиќ се преведени во повеќе од 80 преводи во посебни книги на различни јаѕици во целиот свет. Од страна на експертите од Европа, САД и Бразил, Милорад Павиќ бил номиниран за [[Нобелова награда за литература]]. Бил оженет со [[Јасмина Михајловиќ]], која што е писател и книжевен критичар. Во периодот од 1974 до 1990 година работел како професор на Филозофски факултет при Универзитетот во [[Нови Сад]], редовен професор на овој факултеѕфакултет станал во 1977 година, а во периодот 1977-79 бил декан.
 
На почеток на својата книжевна и научна кариера, Павиќ ја објавил стихозбирката „Палимпсести“ (1967 година), потоа „Историја на српска книжевност во барокниот период“ во 1970, потоа „Војислав Илиќ и европска поезија“ во 1971 година. Втората поетска книга „Месечев камен“ ја објавил во 1971 година, а прва збирка раскази „Гвоздена завеса“ во 1973 година. Следат книги на раскази: „Коњи на светиот Марко“ (1976), „Руски хрт“ (1979), „Нови београдски приказни“ (1981), „Душите се капат за последен пат“ (1982).