Петко Славејков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
 
Во [[1875]] година Славејков станал дописен, а во [[1884]] година и почесен член на Бугарското книжевно друштво (денес [[Бугарска академија на науките]]).
 
===Политичка активност (1878-1895)===
 
По ослободувањето, Петко Славејков станал еден од лидерите на новоформираната [[Либерална партија на Бугарија|Либерална партија]]. Станал Претседател на [[Народно собрание на Бугарија|Народното собрание]] (1880), министер за народно просветителство (1880) и министер за внатрешни работи (1880-1881) во владата на [[Петко Каравелов]]. За време на режимот на ингеренциите (1881-1883), Славејков заминал за [[Пловдив]], каде што предавал во Пловдивската гимназија. По враќањето во Бугарија повторно бил министер за внатрешни работи (1884-1885) во новиот кабинет на Каравелов. По соединувањето на Источна Румелија со Бугарија, Славејков бил помошник комесар во Јужна Бугарија.
 
Ги издавал весниците „Остен“ (1879), „Целокупна Бугарија“ (1879), „Независност“ (1880–1883), „Трновска конституција“ (1884), „Вистина“ (1886), „Софиски дневник“ (1886) и „Правда“ (1888).
 
Петко Р. Славејков починал во Софија на [[1 јули]] [[1895]] година.