Партенон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
|services_engineer =
|civil_engineer =
|other_designers = [[ФидијаФидиј]] (скулптур)
|quantity_surveyor =
|awards =
Ред 32:
 
По [[Османлиска Грција|османлиското освојување]], во раните 1460-ти години, таа била претворена во [[џамија]]. На [[26 септември]] [[1687]] година, отпадот од муницијата во зградата се запалил од венецијанското бомбардирање. Последичната експлозија сериозно го оштетил Партенонот и неговите скулптури. Од 1800 до 1803 година<ref>{{cite web|url=https://www.britishmuseum.org/explore/highlights/article_index/l/lord_elgin_and_the_parthenon_s.aspx|title=Lord Elgin and the Parthenon Sculptures|publisher=British Museum|date=|deadurl=yes|archiveurl=https://web.archive.org/web/20130203024816/https://www.britishmuseum.org/explore/highlights/article_index/l/lord_elgin_and_the_parthenon_s.aspx|archivedate=3 February 2013}}</ref>, Томас Брус, 7-миот Ерл од Елгин, ги отстранил некои од преживеаните скулптури со наводна дозвола од [[Отоманската империја]]. Овие скулптури, сега познати како Мермерите на Партенон, биле продадени во [[1816]] година на [[Британски музеј|Британскиот музеј]] во [[Лондон]], каде што се наоѓаат денес и се изложени. Од [[1983]] година (по иницијатива на министерот за култура, [[Мелина Меркури]]), грчката влада е посветена на враќањето на скулптурите во Грција<ref>{{cite web|url=http://www.upi.com/Top_News/2009/06/22/Greece-urges-Britain-return-sculptures/UPI-36201245680874/ |title=Greece urges Britain to return sculptures |publisher=UPI.com |date=22 June 2009 |accessdate=29 June 2009}}</ref>.
 
== Историја ==
 
Новиот храм бил изграден на највисоката точка на Акропол, посветен на боговите. Античките храмови на Акропол веројатно имале помали димензии, и ова ги спасило градителите од значителното намалување на градилиштето. Во 488 п.н.е. овде бил подигнат храм како благодарност кон божицата Атина за победата над Персијците кај Маратон. Неговите димензии по план биле доста блиски со денешниот Партенон, а уште тогаш било потребно на јужната падина да се изгради потпорен ѕид и да се натрупаат големо количество карпести блокови, па јужниот крај на градилиштето се подигнал над карпите на Акропол со повеќе од 7 метри. Проектираниот храм бил перипетар и имал 6 столбови на кратката страна и 16 на долгата. Неговиот стилобат и скалила, како и самите столбови и други делови од конструкцијата, биле изработени од [[мермер]] (или, во секој случај, било замислено да бидат мермерни).
 
Кога во 480 п.н.е. [[Персијци]]те ја освоиле и ја разграбиле Атина, а со тоа и самиот Акропол, изградбата на храмот била прекинета за повеќе од 30 години. Во 454 година трезорот на Делоскиот морски сојуз бил пренесен во Атина, каде што на власт бил [[Перикле]], а наскоро во 447 година, градежните работи биле обновени. За архитекти биле избрани [[Иктин]] и [[Каликрат]], а исто така и Фидиј, кој бил задолжен пред се за скулптурата но вршел и општ надзор над градежните работи. Создавањето на Партенон бил дел од целта на Перикле, Атина да добие водечка улога не само во воената и економската област, но и во областа на религијата и уметноста.
 
За понатамошната судбина на храмот, се знае дека околу 298 п.н.е. атинскиот тиранин Лахар ги отстранил златните чинии од скулптурата на Атина и во 2 век п.н.е. зградата била оштетена од пожар но била во голема мера поправена. Втората градба од времето на Перикле бил храмот Атина Нике. Овој мал храм во јонски стил бил повторно изграден од страна на Каликрат. Површината на храмот била 5 х 8 метри со 4 метри високи столбови и 45 сантимети високи ѕидови на кои имале голем број на познати ликови. За време на [[Османлии]]те, овој храм бил проширен, од камен била изградена кула. Германскиот археолог Рос ја срушил оваа кула во периодот 1835-36 година и повторно го изградил храмот. На храмот се работело повеќе од 16 години, бидејќи во меѓувреме било одлучено најпрво да се изгради главниот влез на акрополот т.н. Пропилеј. Тој го нацртал главниот влез на акрополот со дванаесет надворешни дорски столбови. На двете страни на влезот требало да се издигне четвороаголни столбови кои никогаш не биле довршени. На левото крило на Пропилеј била направена првата галерија на слики.
 
Четврта голема градба на тој простор односно на западниот дел од Партенон бил изграден уште еден храм, наречен Ерехтеон. Овој храм исто така бил изграден од страна на [[Мнесикле]]. Но, само што се започнало со изградбата во 431 п.н.е., започнала триесетгодишната Пелопонеска војна меѓу Атина и [[Спарта]], поради што изградбата била запрена. Во 429 година Перикле починал, а дури во 404 година Атина морала да се предаде и да се согласи на склучување на понижувачкиот мировен договор. Економската моќ на метрополата била исцрпена. Сепак, ја искористиле победата на атинската поморска флота над спартанската и храмот Ерехтеон бил довршен во период од две години. Делото било довршено од страна на Филокле – градба со неправилен нацрт, украсен со столбови во јонски стил. И овој храм потекнува од Перикле, а неговите противници го критикувале дека го украсува градот како “некоја дама“. Денес, времето на Перикле претставува еден од сјајните историски периоди во општеството.
 
Во [[426]] Партенонот бил претворен во христијански храм, првично „Св. Софија“. Веројатно тогаш, во 5 век, Статуата на Атина била пренесена во [[Цариград]], каде што подоцна била уништена во пожар. На огромната камена површина од три скалила, чија што основна површина на горниот бочен дел изнесувал 70 х 30 метри, се издигнувале 46 столбови високи преку 10 метри, со дорски стил. На столбовите биле извајани ликови и склуптури и се вбројувале меѓу најголемите вајарски работи. Во средината на храмот била поставена статуа на богињата Атина висока 13 метри, инаку дело на Фидиј и била обложена со злато и слонова коска. Првичниот главен источен влез на храмот бил скриен од олтарната апсида и така главниот влез останал од запад преку ретките просторија зад целата на античкиот храм. Биле направени и други промени во планот, а во југозападниот агол на храмот била изградена камбанарија. Во [[662]] година храмот бил преосветен во чест на [[Пресвета Богородица]].
 
== Наводи ==