Банкарска криза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
* Недостатоци во внатрешни контролни регулативи. Поради недостатоци на интерната регулација и контрола може да се појават проблеми во делот на методите и оперативните процедури со кои непосредно се проверува исправноста на спроведените постапки. Интерната регулатива може да ослабе поради: слабости во кредитна политика и слаб систем на следење, слаб механизам за [[интерна ревизија]] или отежнат пристап до квалитетни информации за одлучување.
* Козметичко [[сметководство]]. Тоа се користи со цел на јавноста, супервизорските органи и [[Акција (финансии)|акционерите]] да им се прикрие ситуацијата во која се наоѓа банката, со цел да се добие време за решавање на проблемот пред заинтересираните страни да го дознаат проблемот. Еден од најчестите облици на креативно сметководство е неутврдување [[Резервации за потенцијални загуби|резервации]] за лошите пласмани или одобрување [[кредит]]и на лоши должници.
* Измами: Козметичкото сметководство може да подразбира измама или затајување од страна на вработените во [[банка]]банкатата.
 
==Модели за идентификација и предвидување на банкарските кризи==
Моделите за рано откривање на банкарските кризи (''Early warning system'') се насочени кон откривање на основните причинители за појава на кризата. Создадени се повеќе модели за предупредување, кои користат показатели кои се однесуваат на една банка, банкарскиот систем или на екстерниот амбиент во кој банката функционира, односно постојат микро и макро модели.<ref>Goldstein, M., G. Kaminsky and C. Reinhart (2000), „Assessing Financial Vulnerability: An Early Warning System for Emerging Markets“. Institute for International Economics, Washington D.C.</ref>
* Првиот модел е микро пристап и се однесува на една банка, каде се проучува целокупната база на податоци и ги дава причините за пропаѓањето на конкретната банка. Најчесто употребуван модел од страна на регулаторите е популарниот ''CAMELS''-модел. Овој модел е најчесто користе за оценување и проценка на стабилноста на банките.
* Вториот модел за рано антиципирање го користи макро пристапот, а во оваа група спаѓаат: сигнален пристап и мултиваријантен модел на [[веројатност]].
* * Сигналниот или непараметарски модел се појавил во втората половина на 1990-тите години, а во литературата може да се сретне под името KLR-метод. Сигналниот метод поаѓа од претпоставката дека нарушувањата кои може да прераснат во криза не настануваат случајно и се резултат на постепено влошување на економските услови. Значајното отстапување на избраните показатели од вообичаените движења се смета за сигнал и предупредување за идно пореметување. Предност на овој метод е едноставноста и практичната примена, затоа што не бара употреба на строги аналитички постапки за обработка на податоците.<ref>Drehmann, M. and Juselius, M. (2013), „Evaluating early warning indicators of banking crises: Satisfying policy requirements“, Bank of International Settlements, Basel.</ref>
* * Вториот е традиционален модел ги истражува движењата на показателите пред и по избивањето на кризата и со нив се проценува веројатноста за појава на кризата. Предност на традиционалниот модел е едноставноста во толкувањето на резултатите. Сите информации за престојната криза се изразуваат преку еден број, со истовремена проценка на влијанието на сите потенцијални сигнални индикатори на кризата. Но,таа предност истовремено може да биде и недостаток на моделот, затоа што не овозможува рангирање на индикаторите во однос на нивната предвидувачка моќ. За подоверлива проценка за веројатноста за појава на криза потребно е да се врши пошироко набљудување и да се опфати временска серија
 
== Наводи ==