Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 55:
Зависта била причина и за првото братоубиство на земјата - Каин го убил својот брат Авел заради завист. Оттогаш почнала да се лее крв на земјата.
Во завршниот дел, Крчовски ги коментира овие примери и дава заклучоци, велејќи: „...Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло. Завист не е друго што, салт на срце печал, жалба...“
 
== Подрршката за печатењето на книгите ==
Во насловите на неговите книги се забележани одредени имиња на „настојатели“, на луѓе што се грижеле за нивното печатење или го смогнале: Димитрија Филипович, жител [[Кратовско|кратовски]], родум од [[Крива Паланка]], Димитрија Јованович - Зузура од Сечишта, Кир Хаџи Пецо од [[Штип]], Кир Хаџи Станко од [[Кратово]] и Нешо Маркович од [[Кратово]]. Тие се „господари“ и „купци“, луѓе од трговскиот сталеж, ангажирани, во пропагирањето на книги на народен јазик во почетокот на минатиот век. Македонските трговски и занаетчии ја претставуваат во споменатото време онаа средина што можела да го организира и материјално да го помогне издавањето на тие книги во далечниот град [[Будим]].
 
Списокот на „Чудеса“ покажува дека најголема поддршка Јоаким нашол во [[Кратово]], [[Крива Паланка]], [[Кочани]] и [[Скопје]] (во тие места се собрани суми од 120-160 гроша). Прилози дошле уште од [[Струмица]], с. [[Кокошиње]] и од следните места од Западна Бугарија: [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], [[Дупница]] и с. Рила. Јоаким ја имал поддршката и на Ќустендилскиот владика Авксентиј, до кого секако требало како монах да се обрати во врска со печатењето на својата книга.
 
Списокот во „Наставленија“ е значително подолг. Јоаким успеал да собере како претплата над 2 200 гроша. Скоро половината од таа сума ја сочинува прилогот на познатиот тогаш, како помагаш на манастири и училишта, пловдивскиот чорбаџија Господар Влко (600 гроша) и на [[Ново Село (штипска населба)|Ново Село, Штипско]] (500 гроша). Значителен е прилогот од [[Самоков (Бугарија)|Самоков]] и Самоковско (над 400 гроша). Во списокот се среќаваат претплатници од уште овие места: [[Штип]] и [[Штипско]], [[Дупница]], [[Радовиш]], [[Кратово]], [[Довезанце|Довезенци]], [[Велес]], [[Битола]], [[Скопје]], [[Гари]], [[Тресонче]], Лазарополе, Галичник, [[Гостивар]], [[Горна Џумаја|Џумаја]], [[Ниш]] и [[Лесковац]]. Кругот е поширок одошто оној на кој имал можност да се обрати подоцна, во почетокот на 30-те години на минатиот век, Кирил Пејчиновиќ, барајќи претплатници за својата книга „Утешение грешним“.
 
Во списокот на „Различни поучителни наставленија“ се среќаваат имињата на Петре Теледур и Марко Теледур од с. [[Гари]]. Тоа се две најславни имиња во тој список, двајцата теледури што ги изработиле чудесните иконостаси во [[Бигорски манастир|Св. Јован Бигорски]], [[Црква „Св. Спас“ - Скопје|Св. Спас]] во [[Скопје]] и во [[Лесновски манастир|Лесновскиот манастир]]. Значаен е овој податок за врската на нашите писатели и ликовни уметници во почетокот на XX век.
 
== Работен век и дела на Јоаким Крчовски ==